Па да не протеруваа руски дипломати од Мк можеби ќе ги имавме и тие 196 000 Спутник, а можеби и некоја донација од нив Веројатно ќе добиеш термин, Синовак или Фајзер
Мора внатре да ги чека тие 15 минути. Не се секирај. И јас бев така за првата доза, како ќе биде што ќе биде. Да не ме мавне анкс да не ми се слоши, ама им кажав таму на сестрите си правевме муабет со мајка ми ( и она се боцкаше) и така. Поминаа 15 мин како 15 секунди. Сосема е разбирливо вака да се осеќаш. Не оди на спа третман сепак
Да во А1 арена,штотуку се вратив дома. Засега се е одлично, никаква реакција. Кога отидов немаше многу лица, отпосле дојдоа голем број. Ако имаш термин можеш да дојдеш пред редот, не мора да чекаш. Гужва има само кога се чека да се донесат нови дози на вакцини во пунктовите, тогаш е застој секаде, ако има доволно постојано пуштаат за влез.
Ти благодарам, да со термин е маж ми, а иначе и без термини има што чекаат ? Да му кажам да си знае он ќе си чека иначе
Имаше некои без термин ,еден вратија, другите незнам дали успееа да влезат, се вртеа тука постојано. Ако има термин нека си влезе кога треба, има голем број на лица што имаат термин многу покасно и сакаат да влезат порано а таму на влез ги пуштаат без разлика што имаат покасно термин..
Еве ме, вакцинејтед (е вака сеа не можам да ја кренам раката ) Кога бев јас имаше многу малку луѓе, си почекав нецели 2минути во редот и влегов внатре. На врата бараат да покажеш смс или мејл зависно како ти има стигнато покана, даваш лична карта и изволи. Внатре прво те внесуваат во компјутер, исто една минутка, и потоа на вакцина. После боцкање 15тина минути се седи внатре, да се следи да не случајно има некоја јака реакција, па пак на компјутер да те внесат дека те боцнале и чао пријатно. Никој не ме праша дали имам болести или примам терапија, и никој не ми кажа какви реакции можам да очекувам Иначе, пријавена сум на страната за вакцинација уште првиот ден кога стартуваше, имам 34години, од болести Хашимото и некоја форма на невропатија, како и повремени аритмии (прескоци на срце) уште од дете. Во моментот на вакцинација имам активна алергија на полен и ишијалгија (дури и накривувам со ногата). За некој со слична состојба може ќе му биде корисна информацијата. Од реакција, веднаш почна да ме боли раката, мускулот, и надоле до дланката и прстите. Болката се уште трае, вие со вакво искуство кажете дали треба да и ставам нешто, или да ја игнорирам сама ќе помине Тенкс фор каминг ту мај тед ток
Завршив со ревакцинација.Сопругот за 5 минути си излезе а јас си чекав точно 15 минути.Излегувам а него како на шопинг 15 минути му се сториле час дека ме чека и целиот се успаничил да не рокнав на столчето со шишето во рака.Сега стрпливо уште 5 недели,после може и ќе си дозволам маска под нос.
Каде беше за ревакцина? @kravce земи си парацетамол/далерон. За раката ладни облоги или ациди борици. И мноогу вода, супа, течности одмор.
Исто како претходен пат.Влегуваш, го предаваш извештајот што ти го дадоа на денот кога ја прими првата доза ,ти поставува прашања доктор и потоа те превзема медицинска сестра до местото каде ќе ја примиш вакцината.Инаку ако те интересира ,реакција потполно иста како првиот пат,само незначителна болка во раката.
Денес мислам дека сум навистина подобра после 3 дена од вакцината. Најмногу заради психичко ослободување ја примив. Ми се смачи од претераните дистанци со луѓе и чувството на вина ако излезам некаде. Сакам да се врати животот во нормала веќе.
Да ,од заден влез се влегува,ама веднаш ти даваат насоки.Одушевена од организацијата и воопшто од односот на сите,чиниш на запад се наоѓаш, сите смирени,услужливи.Ако се сакало се можело и кај нас .Браво!