Другар ми вчера се вакцинира со Фајзер, а на дечко ми му нема покана стигнато. Двајцата имаат 33.. Јас ко ќе дојдам на ред се молам само со синовак да не ме вакцинираат, многу мала заштита и не е призната во ЕУ.
Се вакцинираше мажле сабајлево со Фајзер сега за сега нема реакции, се брзо заврши, немаше гужва, се изненадив дури. Џабе бев испаничена и не спиев цела вечер @gogimica фајзер.
Не прочитав, така ми кажаа луѓе што беа денес на вакцина таму. За утре е сигурно, а незнам стварно за други денови..
Маж ми е у Струга, ја у едно велешко село, утре нема шанса да стигнеме. Се надевам дека од понеделник ќе вакцинираат исто... Не ми е судено да се вакцинирам.