Инаку Руската Sputnik има свој вебсајт, фин, среден, прегледен... мене ме купија со тоа Ако некого го интересира: https://sputnikvaccine.com/
Појма немам, стварно. Чек да видам ако сум пишала претходно... Во меѓувреме- Американски конгресмен, по вакцинирање со Фајзер, позитивен на ковид Јас секако не можам да бирам вакцина, ни за тетанус не можам да бирам, не па за ова... и следствено, не ме интересира нешто особено, повеќе како општествен феномен го следам.
Не е ова чудно. Јас сум вакцинирана со ММР, па фатив заушки, во многу блага форма. Тоа е поентата со вакцината, ако ја фатиш болеста да ја поминеш во блага форма, ниедна вакцина не гарантира 100% дека нема да се заразиш И ние нема да бираме, која ни се падне, таа
Јасно ми е. Ама штом е така, ништо не менува вакцината. Најважно, не значи дека нема да бидеш преносител. А нели цело време за тоа збориме, како да се запре ширењето. Само шарени лаги, спакувани во реклами Уморна сум од глупости.
Не, сега поинаку се кажува тоа Ќе ја пренесуваат вакцинираните болеста, ама нема да бидат сериозно болни или да починат Не знам од кого беше ова кажано, знам само деновиве дека го прочитав.
Да. Ама јас не се вакцинирам за себе, мене ми сеедно, секако сум здрава. Се вакцинирам за да ја гушнам мајка ми. Е не може. Тие се стари, секако може да умрат. И со вакцина, и без вакцина, и со мене вакцинирана и невакцинирана. А дете како да гушне баба, а?
Па нема ваљда цело време да може да пренесуваат вакцинираните, веројатно некој краток период после вакцинирањето Или нешто грешам?
Ама и таа ќе е вакцинирана, ако фати ќе мине само како настинка, нема да се се спушти долу вирусот, ќе остане во носот, грлото. Исто како за грип Инаку Модерна и Јансен најверојатно превенираат и зараза, така да ете плус. А во Новавакс има најголема доверба, изгледа дека предизвикува најсилен имунитет од сите други
Мајка ти, баба му И да не си ти вакцинирана, ако и' пренесеш нешто далекобило, а е таа вакцинирана, ќе си мине лесно, во облик на настинка Тоа е поентата главно на вакцината, да се намали сериозноста и смртноста на болеста, со што ќе стане како сезонскиот грип, па да се вратиме во нормала.
Интерестинг ситуејшн Кога требаше да се припише смртта на ковид, сите ги запишуваа починати од ковид, ама сега кога не е пожелно тогаш ќе се истражува смртта? ЖиВти сФе!!! Што не ги истражуваат смртните случаи на починатите од ковид? Бар некоја обдукција да дозволеа? нештојетрулоудржавиданској
Па и не знам како ги запишуваат во Норвешка, гледајќи го малиот број на починати спрема големиот на позитивни...
Не ми беше муабетот само за Норвешка. Општо, светска практика е ова. Се прашувам зошто? И кој кого праи глуп?
Чеејте сега... Ако вакцинираните пренесуваат, која е поентата да се вакцинираш? (Настрана ти како ќе поминеш, за ширењето збориме)
Ти уште поента бараш? Душенце... Оти така рекол господ...овај...владата Сега Ахој ќе рационализира, јас само економско-социолошки резонирам
Ама стварно, дали е увидено ова? Ај со морбили да речеме сме виделе дека вакцинираните скоро воопшто не пренесуваат. Затоа викам треба подолго време да се види целокупниот ефект од вакцина.
Kако дали е увидено? Ако се инфицираш ваљда пренесуваш, слично како со грипот. Ако имаш антитела , тие те штитат тебе, не тие околу тебе Едно вика вака Pfizer and Moderna trials tracked only how many vaccinated people became sick with Covid-19. That leaves open the possibility that some vaccinated people get infected without developing symptoms, and could then silently transmit the virus — especially if they come in close contact with others or stop wearing masks. --- If vaccinated people are silent spreaders of the virus, they may keep it circulating in their communities, putting unvaccinated people at risk. Друго вика вака ...despite the very good efficacy values in the Moderna, etc. studies, we are not yet sure of the impact of these vaccines on transmission — and that there could be big variations in community-level effects, Вакцината против грип, не те спречува да бидеш трансмитер за истиот, така бар вели интернетот