По се изгледа отворено е во Србија за вакцинирање. И на вести кажаа. Дополнително од понеделник и Спутник ќе ја даваат, покрај Фајзер, Синофарм и Астра Зенека. За срамота, да одам во туѓа држава за вакцина. Тие 500.000 Синовак да си ги напикаат, рокот ќе им помине, бидејќи очигледно на србите им е повеќе стало до нас, него ли на нашиве. И барем можам да бирам со која сакам да се вакцинирам. Бугарине на граница дојдоа да вакцинираат. Два збора, неспособна држава!
Немој така, сѐ е под контрола и сите обиди да се дискредитира процесот на вакцинација во совршенава држава се партиски на форумов. Spoiler за жалење сме
Јас се вакцинирав денес во Врање со Фајзер. Не бев ниту пријавена, ниту се јавив. Буквално само така отидов со ДМ и брат ми. Сите не прашаа да одбереме помеѓу Фајзер или Синофарм. Даваат сега како потврда, на која запишуваат дата за втора доза исто во Србија. После втората доза се издава сертификатот.
Да прашам, дали некој има инфо до каде е вакцинацијата кај нас? Дали можеби побрзо се добива датум доколку сте пријавени во Борис Трајковски? Јас и мм сме пријавени уште од кога е отворена vakcinacija.mk, во Букурешт, се уште немаме добиено никаков датум за вакцина.
Нема опција за пријавување во Борис Трајковски, се бираат пунктови и некои од пријавените ги распределуваат во арената.
Значи не е потребен термин за вакцинација во Врање? Има ли гужва? И по колку време е закажана ревакцинацијата? Фала
Даваат исто потврда со QR код и по втората доза. Кога ќе го скенираш кодот имаш зелено известување на мобилен дека потврдата е валидна. Потрвдата е двојазична и би требало да важи секаде.
Не е потребно закажување никакво. Инаку втора доза за 3 недели точно. А за гужва на граница чекавме подолго, таму во салата за 10тина минути завршивме.
Здраво девојки, дали е нормално да се онесвестиш неколку минути после примање вакцина? Сте виделе некој да има колапс и на што се должи тоа?
Најчесто анксиозност, замор, прегладнетост и дехирирање. Или комбинација од наведените. Дека многу луѓе паничат, не спијат, не јадат, не пијат течности, дека фокусирани на вакцината, и колабираат од тоа. Се случува, нормално е, затоа треба да се релаксираме, да сме наспиени, најадени у напиени кога се вакцинираме.
Само што ме вратија од Борис на закажан термин за ревакцина, кажаа дека сега нема вакцини, да идам утре. Дали некому му се има ова случено? Дали утре сигурно ќе ме вакцинираат?
Да, за фајзер, ама дури сега прочитав дека стигнале. Не знам како се осмелиле да ги потрошат без да имаат веќе залиха. Се надевам утре нема да чекам со саати за ревакцина без термин.
Прееска бев во Врање, потрошиле Фајзер за денес па се вакцинирав со Синофарм. Рекоа утре сабајле ќе добијат, ама одете порано... Маж ми не сакаше да идеме до Ниш, не знаевме дали ќе има таму, после дознавме дека имало. Ќе го скршев. Тепачка е за вакцини, особено за Фајзер... Не знаете што беше таму...