И јас се вакцинирав во Врање, со Синофарм. Праша една жена пред мене за Фајзер, и рекоја дека нема, само Синофарм. И јас стигам, и само ги прашувам „нема а?“И таа што ми ги пишуваше документите вика нема. И викам ок, Синофарм. После кога бев кај доктор ме праша со која? И ми падна чудно. Си реков сигурно зошто сите си барале Фајзер, рекле ќе ги лажеме дека нема, кинеската да си ја примат. И нема веза, не се вратив да барам Фајзер. Од таму чекав ред за во систем да не внесат (таму најдолго се чекаше) и од таму директно на вакцинација. Се вакцинирав и излегувам надвор, слушам македонци како се фалат дека „се избориле“ за Фајзер. Излага една вика Фајзер примив, излага друга исто, излагаат трети исто викаат Фајзер. Се изнервирав многу, зошто не инсистирав туку така да не си праам проблеми реков само „добро“ иако знаев дека ако се расправам таму дека ќе ја добијам таа вакцина, ама ми беше битно само да се вакцинирам. И така. Ако ептен сакате Фајзер, инсистирајте, не знам дали има уште ама можно е. Мислам дека србите си ги чуваат за нивни луѓе, или дека многу им се трошат им рекле да ја форсираат Синофарм. Јас од кога стигнав таму за саат време од прилика завршив работа. За 3 недели ревакцинација и така
А врскаџиите ги заборави? Сабота исто вратија ,им рекле понеделник. Нема да чекаш, нема жив човек одма влегуваш и излегуваш
За викенди вакцинираат во Србија? А што е со врските кај нас, уште си се вакцинираат така луѓето? или некои како што велат, бев на крај на ден, па им останаа дози и ме вакцинираа..
И Синофарм ти е топ, ич да не се замараш. Вчера и денес пола другари ми се вакцинираа, ако ви е зорт тркнете до Србија, топ им е средено се, не чекајте кај нас на заспаниве. Калакурница е, преку ред со врски 30 годишни поминаа, а има луѓе 50+ уште чекаат.
Јас вчера де вакцинирав со Фајзер во Лондон, многу се изненадив дека ми де јавија од матичниот, јас мислев дека година ипол не плаќав такса и не работев тука, ќе неам веќе здравствено ама ете. Инаку денес ме болат многу зглобовите и главата, а раката не можам да ја дигнам, ама колегите ми рекоа дека им било исто ден, два, па ќе видам. Инаку тука беше многу организирано, завршив за 5 мин.
Сертификат може да си симнеш од сајтот вакцинација.мк. Најави се со матичниот број и имаш таму прво да генерираш сертификат, после го превземаш. Јас на родителите вака ги превзедов
Не бе рекла. Комшии кај мене си се ревакцибираа денес со Фајзер, си имаа термин, и други знам што си беа регуларно.
Кој оди во Врање нека праша кои вакцини ги има. Нека ги праша надлежните лица. Денес ние во 7.30часот бевме пред спортската сала во Врања. Во 8.00часот ги отворија вратите и влегоа луѓето. Е тогаш некој од македонците што беше меѓу првите излета и кажа дека нема Фајзер. По него уште многу луѓе го напуштија редот и заминаа за Ниш. Ние кога влеговме не прашаа дали сакаме Фајзер или Синофарм. Веќе кога може да се бира избравме Фајзер. Така да не подлегнувајте на дезинформации. Информирајте се убаво. Тоа сакав да го кажам, во Врање има Фајзер.
Јас бев вчера поручек, ги имаа потрошено, рекоа дека ќе добијат сабајлево. Е сеа зошто тие шо биле први рекле дека нема денес, кој знае...
Не го разбирам инсистирањето на нашиве луѓе за Фајзер(као демек најдобра била ),па има или нема Фајзер во Врање или Ниш. А за АстраЗенека се откажаа. Или може поради патувања ја сакаат таа? А уште помалку ги разбирам нашиве кога нема доволно вакцини зошто воопшто ги вакцинираат прележаните,па уште со две дози,а ќора вакцина нема. Што му е на Филипче?