jas zasega ne bi primila vakcina, ne sum po teorii na zagovor samo se nadevam naskoro nekoj delotvoren lek ke najdat
Зошто му е сега да бараат делотворен лек? Инаку ако успееме да го исчитаме хаосот со скандали од објавени и повлечени студии, лек има https://www.nature.com/articles/d41586-020-01695-w Еве и ивермектин го има во мк, веројатно може и искуства од прва рака да се чујат.
Јас вака се зезнав, пробував неколку пати и не успеав. Сега кога се најавувам со матичниот број ми пишува само успешна најава и толку, ништо од податоците нема. Кај вас како е кога пак ќе се најавиш? Треба да видам со матичната овие денови она ако може да ми го прати.
Мајка ми после ревакцина мора да оди на работа втора смена. Дали може да се напие парацетамол пред боцкањето, за да спречи појава на температура и малаксаност? Прочитав негде дека може ама да прашам и тука.
Нека не пие пред вакцина, туку само ако качи температура. Нема потреба превентивно, а може да намали ефект на вакцина.
Еве јас ќе споделам искуство на моите со ивермектинот. Го започнаа на почетокот и спречи тешка клиничка слика. Поточно, татко ми речиси асимптоматски, кај мајка ми најстрашна беше омалаксаноста, а температура 37 со 5, максимум. Кашлица многу поподнослива од друг пат кога била болна. И многу други имаат споделено позитивни искуства со овој лек.
Значи уште колку останаа со врски? Зарем не се веќе извакцинираа сите од поблиско и подалечно семејство на сите што работат во вакцинација? Инаку завршив работа, се ревакцинирав наредниот ден...
Ми беше во понеделник, ама ме вратија за во вторник. Имаше ред за прва доза, така што верувам дека имало и термини за прва доза.
Го гледав не издржа срце јуначко. За греота. На темата, дали некој знае дали во Врање или Ниш и викендов ќе има вакцинација за нас? Очекувам да има, ама си викам да не случајно прекинат...
Јас утре ќе одам во Врање, па ќе пишам инфо. Туку... во Србија со маски како е? На затворено знам дека треба, а на отворено?
Има, плус во Лесковац е пуштено. Во Ниш за пола саат ќе завршиш све. Другар што се боцна вчера денес сакал тука да си го поништи терминот, страницата не работи што значи џабе чекал. Идете вакцинирајте се, не чекајте тука.
Страната работи, моја роднина се пријави во петокот а ја викнаа во понеделникот, 63 години. Значи работи страната само нема вакцини.