Имам прочитано неколку такви коментари ама ете, на мојов му ја важеа првата пријава, иначе немаше да го викнат. Башка и прв го викнаа. Ама пак, ако ја има пријавата во систем, не гледам потреба пак да се пријавува.
Маж ми, татко ми, и свекор и свекрва сите пријавени во првите денови на Мај месец. Во ист ден. Само свекор ми прележа ковид. Татко ми и свекрва ми, денес им стигна порака за вакцина прва доза, исто годиште се 1965г. Свекор ми не е повикан, а постар е. @Ahoy само Синовак ли ќе вакцинираат следната недела?
100% за Real- World податоците од неа се одлични, постирав пред некоја страна Инаку праќаат и Фајзер секаде, колку што има.
Не следам тоа по фб јас, овде Ахоу само го читкам. А зошто ја кудат, сподели ако можеш? @duffi нема бе, јас одев во Борис, оти немалО
Не го читај, те молам. Професор е да, ама по математика. Го бива за бројките, на други теми зборува со Блиц податоци. И за него само АЗ е добра, оти со неа се боцна @Alishan30 поради тоа што официјално се води како 52% ефикасна, иако риал ворлд покажува далеку поголема ефикасност. Сепак тие имаа клиничка студија во Бразил кога беше пикот, при Бразилска мутација.
Прашано и од блиски кои се на пункт, нема. Небитно, со Синовак ќе се вакцинираат. Вие сте поголем град, кај вас може има.
Да се вмешам во муабетот, вакцинирана саботата, во Охрид, ми понудија да бирам меѓу Синофарм и Фајзер.
Deka kineskive vakcini ne stvarale kletocen imunitet samo humoralen koj so tek na vreme se gubi. Ne znam veke sto da mislam, ama cudno mi e toa sto vo tolku malku zemji se koristi..
Кинеските бидејќи се со цел вирус ствараат многу различни антитела, не само оние мерливите. Потикнуваат многу механизми за одбрана. Мислам... 100 години светот има искуство со тој тип на вакцини.
За мене секоја вакцина е подобра од болест Ковид 19, затоа одбираме да се вакцинираме. Нека помине веќе ова и да се вратиме на нормалниот живот
Се сложувам потполно, јас сакав со класичната и бев со надеж дека со таа ќе ме ваквинираат затоа што претходната ден вакцинираа со Синофарм.
Реално гледано, тешко дека доживотен имунитет ќе се добие со било која вакцина. Ни со тие што сме ги примале како деца, дали со неактивен вирус или жив или каква и да е, реално немаме таков имунитет, пак е можно по одредено време да се инфицирате. Дали ќе се намали ширењето, па само ќе се одржува после со дополнителна вакцинација на невакцинирани, како досега за најголем дел од болестите, или ќе примаме бустер дози или сезонски како кај грип, ќе видиме. Ефективноста сега е рано да ја знаеме на долги стази. Реалноста е дека сите нешто преферираме, некоја вакцина, сите нешто читаме, може или не да ја добиеме, ама дека знаеме од сега која е најдобра, тешко. Ќе се види допрва. А сега, тоа е што е, непрележаните подобро било која до која можат да стигнат отколку никоја.