Тогаш што им мења да речеме на авиокомпании и некои држави дали ќе ми дозволат да се возам со или без вакцина ако и вака и така пренесувам? Како јас ќе ги заштитам другите ако се вакцинирам? Не знам, целава работа е...
Вакцината не те заштитува да не го фатиш вирусот, или пак да не го пренесеш, туку ако го фатиш да го поминеш со лесни симптоми. Тоа е вакцинација.
Јасно ми е значи тоа, океј. Ама прашав - зашто да има вакцинални пасоши или ограничувања или плукање по тие што нема да се вакцинираат? Што им менува на другите дали ќе се вакцинирам или не? Нели на мене ми менува само? И ова зборам за оваа вакцина, другите не ги мешам.
За патувањата: за да се заштитат земјите од наплив на болни во болниците. Да се избегне преоптоварување. За многу држави пред да одиш ти бараат вакцини, како и мора да се вакцинираш од одредени болести кои се таму распространети. За плукањето: не плукам никого, секој си е одговорен за своето здравје.
А за на концерт одење? Several companies and technologygroups have begun developing smartphone apps or systems for individuals to upload details of their Covid-19 tests and vaccinations, creating digital credentials that could be shown in order to enter concert venues, stadiums, movie theaters, offices, or even countries.
Ама од кога ќе се вакцинираш не си заразен по другите со месеци, туку неколку дена. За тие неколку дена може да се седи во изолација. Многу пати разни експерти рекоа дека со вакцинацијата не се фрлаат автоматски маските и не се гушкаме, туку ќе треба долго време да помине за тоа. Веројатно и на ова се мислело, којзнае
Како мислиш, од кога ќе се вакцинираш не си заразен со месеци? Пиши на англиски да се разбереме Инаку мене за гушкањето ми е, тоа ваљда се разбравме
Не можеш да заразиш други, на тоа мислев. Дека од кога ќе се вакцинираш само неколку дена трае фазата кога си опасен по другите да ги заразиш. Или ако испаднеш позитивен, па додека не ти помине и не станеш негативен и безбеден по другите за социјална интеракција И мене ми е за гушкањето. И за еден убав и долг одмор после сите гомна што ги доживеав последните 2 години.
Еве ти лајк за гушкањето ама не се разбираме. Вакцината нема вирус за да бидеш инфективна, барем не америчките, мислам. Проблемот со конгресменот од погоре: Кевон Брејди, кој претходно во декември ја примил првата доза од вакцината против коронавирусот на американскиот производител „Pfizer“, објави дека заболел од Covid-19. „Синоќа, лекарот на Претставничкиот дом ме извести дека имам позитивен тест на Covid-19, јас сум во карантин. Како што беше препорачано, ја примив својата прва доза од вакцината на Pfizer/BioNTech на 18-ти декември и на денот на Нова година има негативен тест на Covid-19“. Не зборуваме за неговите антитела, и неговиот тек на болест, зборуваме за тоа дека помеѓу нова година и денес, бил во контакт со вирусот и сега очигледно е позитивен. Во принцип, би можел да биде повторно позитивен и во април, ако дојде во контакт со вирусот, и во август, итн... Под претпоставка дека веста е вистинита. Ама од досегашните информации произлегува тој заклучок- не е познато, дали ако било која вакцинирана особа, било кога дојде во контакт со вирусот и се инфицира, ќе биде или не, преносител на истиот
Ама од никоја вакцина не се заразуваш со тоа што ќе ја примиш, ниту си опасен за другите Никоја вакцина нема жив вирус во себе. Оние што излегуваат позитивни, се заразиле на друго место. И имајте предвид дека имаат примено само 1 дoза
Па баш тоа и го кажав Баш овој проблем сега го дискутираат овде, @Ahoy . Во студиите кои биле објавени, поготово за вакцината на Фајзер, немало податок за тоа дали вакциниран во случај да се зарази после вакцинацијата и е притоа асимптоматски може да зарази други или не. Така беше кажано вчера. Најверојатно ќе се дознае со тек на време.
Знам дека има, мислев од засега потврдените вакцини за Ковид нема со жив вирус, а ниту во подоцнежните фази на тестирање ако не се лажам.
Истражувања во Бразил покажуваат дека кинеската вакцина CoronaVac произведена од Sinovac Пекинг има ефикасност од 78%. Вакцината се базира на деактивиран вирус и веќе активно се употребува вп УАЕ и Бахреин. Повеќе: https://www.nytimes.com/2021/01/07/...8631&user_id=e204dfe5643cf91e5f129b27751fe87a