Ако имам можност да бирам меѓу Фајзер и Johnson, која? Претпоставувам ќе ми кажете првата, ама нели втората штити и од мутации или грешка сум?
Ќе ја одобрат на есен мислам, ама тешко дела ќе стигне во Мк пред 2022, иако ако не се лажам е (ќе биде по одобрувањето) дел од Ковакс Двете штитат од мутации. Меѓу овие две јас би одбрал Фајзер веројатно, затоа што мислам дека имунитетот подолго трае со Фајзер.
Маж ми прочитал некаде, дека и Фајзерот штител од мутациите кои веќе постојат. Ако те лажам, тој ме излага...
Џонсон, ама читам не била за помлади од 60 @Lianna Anna тема со анкета да отвориш и пак нерешено ќе биде.Со други зборови, исти се, со Џонсон само едно боцкање помалку.
По смртта на мој познаник, не се двоумев за вакцина воопшто. Човекот во рани триесети почина од корона, сосема неочекувано, со лесна клиничка слика.. Така да имајте на ум дека ниедна вакцина, ниеден лек, ништо не е 100% без несакани последици. Ама од две зла се бира помалото.
Што ако се прими една доза Фајзер? Мајка ми ср исплаши после првото боцкање, не била само болката во раката, многу и било тешко и лошо посебно вториот ден. Сега вика нема да оди да прима втора доза. Има прележено корона. Вака барем ќе има некоја заштита или да ја убедувам да си отиде?
Ако има прележано Ковид, сосема е доволна само една доза @Angie1432 зависи каде, призната е од СЗО, не од ЕУ.
Уф, супер, тогаш може и подобро да остане со една, сертификат не и треба, а си има бааѓи болести, и паника сигурно ја фатило.
Германската вакцина CureVac (мРНК вакцина) според последните анализи од фаза 2b/3 на тестирање на вакцината покажала ефикасност од само 47%, со што не ги задоволува статистичките критериуми на ефикасна вакцина. Оваа фаза на тестирање се вршела на 40 000 лица од 10 различни земји (во Европа и Латинска Америка), при над 29 присутни соеви на вирусот и оригиналниот сој скоро и целосно исчезнат. https://www.curevac.com/en/2021/06/...generation-covid-19-vaccine-candidate-cvncov/
Исто Не очекував мРНК вака да флопне, имајќи ја предвид ефикасноста на Фајзер и Модерна Иако оваа е испитувана во многу полоши времиња од Фајзер и Модерна
Сакаме утре да одиме за Врање да се вакцинираме со Фајзер,па што мислите со оглед на тоа дека утре е неработен ден(државен празник)дали мислите дека се продолжува со вакцинација или нема да работат па ќе треба до понеделник да почекаме?