Неработен ден е кај нас... Вчера бевме во Бујановац, Врање и Ниш, немаше проблем за вакцинација прва доза, дури и празно беше. Утре и викендов очекувајте гужва, пред се на граница, бидејќи ќе се врши ревакцинација со АЗ на илјадници наши кои се вакцинираа пред 3м, по салите и пунктовите генерално има(ше) гужва, но, ако се сите дисциплинирани нема поголеми застои. Да сум на ваше место, прво ќе пробам да се вакцинирам во Бујановац. Вчера таму вакцинираа со Фајзер и Синофарм.
Филипче за Сител најавил дека кон крајот на следната недела ќе стигнат 600 000 дози од вакцината на Синовак (500 000 преку директниот договор и 100 000 преку Ковакс механизмот).
Фала на Господ што сме блиску до Србија, овие неспособниве наши уште викаат дека следната недела ќе купат... У Србија одат со амбуланти со вакцини по различни улици и ги вакцинираат сите кои сакаат. Да не се мачат да одат и да прават гужва луѓето. Ние у други држави одиме и се вакцинираме од донации.
А ние што си чекаме тука да се вакцинираме, знае некој до каде се во Скопје стигнати? Која возрасна група се сега, дали воопшто боцкаат со први дози, или се чекаат вакцини
Бевме вчера до Врање и се вакциниравме со Синофарм зашто само таа ја имале во моментот ,Фајзер ја имало само до 10 часот сабајле а ние отидовме покасно као демек да избегнеме гужва.Стигнавме таму во 14 h и пак си чекавме до 17 и 20мин за да дојдеме на ред и да примиме. Се гледаше дека и тие што боцкаа таму и сами кажаа плус дека не знаеле дека кај нас во Македонија било државен празник и затоа беа само два пункта за вакцинирање, да знаеле ќе отвориле повеќе,така да вчера затоа се чекаше толку, а пред нас дали имаше 50 луѓе што и не е некоја гужва а сепак чекавме повеќе од 3 саати се да завршиме.
Веќе два понеделника стигаа тури, а никого што знам не повикаа на вакцина. Ниту тие пријавени пред 30.04, ниту тие над 40 после овој датум. Па дури и од постариве, свекор и свекрва со синовак пред 3 дена ги вакцинираа. Кој знае на кого се поделија овие две тури од вакцините.
Сега гледам дека си ми вратил, иначе баш се надевав дека и со синофарм и синовак може да се патува.За Италија мислев, иако сега прочитав дека можеби нема да бараат со оглед на тоа што не сме со висок ризик веќе, така?
Предлогот на ЕУ, а и го изгласаа мислам, е да се прифаќаат сите вакцини одобрени од СЗО и ЕМА, значи би можело и Синовак и Синофарм, ама на пример за сега не Спутник, освен ако не си одлучат самите држави поинаку. @vitamina можеби знае дали се прифаќаат Синофарм/ Синовак за Италија...?
Се надевам ќе биде скоро, не ми се иде до Србија некако, нема пасош малата ќе треба други организации да правам така
Дали некој знае дали се уште се отворени пунктовите за вакцина во Врање и дали има инфо до ког би биле отворени
И со една доза се формира солиден имунитет со фајзер, има студија, но со две дози се формира целосен имунитет. Да речам да се консултира со лекар сигурно ќе речат да ја прими втората доза. Зависи што несакани реакции имала, имајте во предвид дека со ревакцинацијата реакцијата може да биде и по бурна.
Со прележана корона повеќе од една доза не и треба. Две дози е чисто поради административни туристички потреби.