Јас сум во план да одам Италија. Следниот месец. Ќе си извадам тест за секој случај. На другарка ми сопругот направи тест во Делчево, 1100 денари, 2 часа чекаше само. И преведен на англиски. И јас така планирам.
Филипче рече дека 100.000 вакцини од „Фајзер“ преку Ковакс системот ќе стигнат на 28 јуни, истиот ден или ден претходно половина од кинеските вакцини „Синовак“ и останатата половина до 500.000 дози на 30 јуни. Откако ќе се вакцинираат сите пријавени граѓани, некаде кај јули се очекува да се дозволи вакцинација на сите заинтересирани на лице место. „На крајот на следната недела се очекуваат овие големи количини да пристигнат, за неделата потоа значајно да се забрза процесот на вакцинација, Во период од две недели сите пријавени граѓани кои чекаат термин, а тоа се близу 180.000 ќе добијат термин и се вакцинираат. За после тоа да ги отвориме пунктовите за сите кои ќе покажат волја да се вакцинираат на лице место“, рече Филипче. https://sdk.mk/index.php/makedonija...len-so-indiskiot-soj-vtor-sluchaj-vo-zemjava/
Немам прочитано ништо за кинескиве вакцини тука, не ги коментираат, се врти се околу фајзер, друго и ретко се боцка. Конкретно на кинескиве не знам дали ги одобруваат нели не беа одобрени? А што се случи со советот на еу во петок за предлогот? Ништо не најдов да прочитам. Дека и за уса беше предлогот братучетка ми кажа сеуште немаат сменето ништо им пишувало исто ко порано. Ако било било што изгласано или италија одлучила нешто 100 посто ќе прочитав, нема ништо сега за сега. Ама меѓутоа има куп туристи од доле како што јас гледам. Ако користите користите сега после од октомври ќе биде друга песна. Мои блиски заминаа мк, вели од словенија па надоле никаде маски никаде рестрикции и на затворено дури вика се нормално, тука во италија сеуште имаме задолжителни маски на отворено а не носиме ниту полицијава носи. Словенија е поопуштено, италија сеуште е многу стегната за ковид протоколи.
Дали некако некаде може да се провери дали се пријавени ? Свекрва ми се пријави преку матичен пред месец отприлика уште не ја викнале а има 71 г. и дијабет... Дали дека нема вакцини сега читам од претходниот пост ?
Кој е запознаен со ова. Дали може да се одложи ревакцинацијата за неколку дена, ако да, дали треба да се пијави некаде?
Може да се одложи, не може порано да се прими, дедо ми отиде 3-4 дена подоцна и ништо никого не извести, се беше најнормално, ова зборам во Кавадарци
Науката. Меѓу другото имаше @Ahoy мислам, споделено инфо од некоја лабораторија во МК, кајшто антителата на вакцинирани после инфекција биле загрижувачки високи.
Не памтам точно, беше нешто ако се рачуна за позитивни антитела 20, некоја од вакцинираните во Србија имала 4000. Баш на почетокот беше, уште во МК не беше почнато вакцинирање. Ако успеам да го најдам ќе го ре-постирам.
Прашувам, оти ми рекоа дека генерално не чинело да имаш многу антитела, независно дали си прележал или само си вакциниран. Генерално знам дека прејак имун одговор не чини. Ме испоплашија, дека од Спутник вакцинирани што проверуваа антитела имаа 10 пати помалку од мене, а со појака реакција беа после вакцинирањето, буквално кутнати и омалаксани, а јас немав многу изразени реакции.
Има и од кај нас истражување, имаше од докторите на ФБ групата дека е непотребно. Исто и дека прележани не треба да се вакцинираат од истите причини во следните 6 месеци најмалку и дека заради администрација е ужасно да внесуваш вакцина која не му треба на телото, ама нашите власти немаат време да се замараат за тоа, а прележаните фаќаат врски за да добијат сертификат. Тажно е сето ова. Не барајте логика, џаст гоу вит д флоу и надевајте се на добро.
Истото го читав некаде и баш пребарувам кој од докторите даваше образложение во смисол дека анти телата се само еден од знаците, ама не и клучен дека си имун.Можеби имаш клеточен имунитет. Кога го отворија сајтот за пријава на вакцинација секој имаше прилика да се пријави. И се пријавија доста луѓе, и повозрасни, ама и помлади. Некои од пријавените ги фати бранот во април и ја прележаа короната, но им стасаа и пораки за закажан термин за вакцинација. Грешката беше што не се направи пресек во системот на пријава, требаше да се анулираат оние кои прележаа, да не се повикаат на вакцина. Тоа беше првиот превид.
Леле што е сега ова, озбилни сте? А што ако по прва доза вакцина се створат многу антитела, тоа можно е? Да испитувам пред втора треба? И колку е тоа многу, има ли граница од - до? Не јас, анксиозноста во мене прашува. @Annath, ти колку имаш по вакцина? Испитуваше посебно и пред првата или само по втората? Стварно не знам што пак почнав да ги отварам темиве. Убаво си живеев во информативен мрак.