Ајде смирено само. Сите прележани во странство што ги знам примија две дози, кој фајзер, кој модерна, минаа ок. Никаде од овие земји, каде знам луѓе што се вакцинираат, нема таква селекција на прележани или не. Ниту пак само една доза даваат. А инаку и прележани со не многу јаки симптоми имаат по 500-600 антитела после прележување. Вакцинирани со Фајзер пример имаат 50-60 после проверка. Не знам која корист да се проверуваат антитела меѓу дози, мислам дека и онака не е јасно за горна граница, а и никаде нема студија за само една доза како влијае. За АЗ и Спутник не смее да е една доза, таму едната доза практично се неутрализира од организмот, нема смисла една доза од нив.
https://www.24sata.hr/amp/news/tko-je-prebolio-koronu-jedna-doza-cjepiva-mu-je-dovoljna-750937 Ист случај на близок вработен во наша лаб.антитела после прва доза над 4000 неколку лекари му советуваа да не ја прими втората доза и не ја прими. Е сега ако не провериш, не знаеш. Но ако е опасно зошто да не провериш после прва доза,ако си прележан?
Никој не ни проверува антитела на запад. И д-димери, што пара свртеа лабораторииве. Научнициве од една страна викаат, природно стекнат имунитет може да трае засекогаш, од друга викаат сите да се вакцинираат. Забавно е ова со коронава, многу политика и бизнис. Да не беа вакциналните пасоши, мислам дека вакциниве немаше толку да бидат толку барани и посакувани. Не сум многу по заговорите, ама дека во оваа болест многу политика и пари има, тоа да.
Они ја утнаа работата. Можеа еден обичен Ексел да стават јавен на мој термин, кај што сите доктори ќе внесуваат податоци за заразени со матичен број, а системот да вика на вакцина од останатите. За жал, и ова им беше тешко, и наместо побрзо да се направи имунитет на стадо, они вакцинираат луѓе со имунитет. Место државата да исконтактира со државите и да дознае што документи треба за прележаните да можат да патуваат, они дозволија да се вакцинираат непотребни и од така малкуте набавени вакцини. Многу грешки се направија, чудно е што уште има апели од докторите, а ништо не се менува. Иде индискиот сој, а ние уште невакцинирани. Да е жива и здрава само Србија.
А да не се расфрламе по форум со бројки за антитела ако не се кажуваат и референтните бројки од лабораторијата каде што е правено мерењето на антитела. Плус некои мерат вкупни антитела некои само Игг некои мерат спајк антитела. Дај не правете тука паника кој колку треба да има. Никаде во свет освен во клинички студии не мерат антитела по вакцина, ние тука све стручњаци испаднавме за се. Вакцина треба да примат сите што прележале корона пред повеќе од 6 месеци. И крај. Колку дози пишал производителот толку треба да се примат. Само во Хрватска викаат може и со една доза прележаните да поминат зашто имаа недостаток од вакцини. И ќе ја најдеме само таа земја и ќе ја прогласиме за најнадлежна за вакцинирање за Ковид. Во САД каде што има вакцини викаат и по прележан КОВИД се вакцинира. Само во случаи кога се примало плазма или monoclonal antibodies се чека минимум 90 дена. Израел ги извакцинира сите.
Антитела е глупост, рефка убаво пиша, има скриен имунитет кој реагира само кога ќе дојде у допир со вирус инаку спие. Тестираш антитела и гледаш нема. А уствари нема зошто да се буди имунитетот кога вирусот не е присутен у моментот. А за д димери според мене е во ред. Колегата умре не од кашлање и температура туку од згрутчување на крвта и мозочен. Тоа е од ковидот. Тест за нешто што треба да се лечи е океј
Ама не пример Спутник не може една доза. Мора и втора да се прими. Врзани се. Кинеската после првата доза исто не дава многу одговор. Не сме лекари да одлучуваме што и како. Лаици сме за ова. Нема многу студии за тоа дали може некој пак да се зарази со Ковид или не. Имаше неколку случаи репортирани и потоа вниманието се сврте на вакцините. Сеуште се нагаѓа дали имунитетот против Ковид е со ограничено траење или е доживотен. И сеуште не се знае дали ако некој повторно се зарази со Ковид ќе помине полошо или подобро од првиот пат. Затоа веројатно секаде се препорачува вакцини и за прележаните.
Вакцини кај нас нема и оние што ке дојдат како донација ке се наменат за ревакцина. Ептен нешто ако остане , некој нов да вакцинираат. Оние кои се вакцинираа во март, веќе во спетември-октомври можеби и трета доза ќе примаат. Така да....тој што влезе во шема за вакцина ќе си тера, останатите во Србија ќе примаат. ...така ми стои работава. Лошо..
Секако нека има и за нив. Ама прво за непрележаните. Оти прележаните имаат засега некаков имунитет. Другите никаков.
Еве го горе мислењето, го цитирав, над твоето. Не знам и јас што да мислам веќе... Прво мислев пикот сум го достигнала, ми велат дека пикот се достигнувал после десет недели од ревакцина. А поминаа 12 недели, пак да испитувам нема шанси. Мене ми беше чудно што со иста вакцина, некој што имаше јаки реакции после боцкањето со двете дози има помалку антитела од мене што немав скоро никаква реакција.
До пристапот е. Во Хрватска има вакцини. Во Словенија исто така птележани боцкаат со една доза. Германија исто. Само кај нас ај што немаше доволно ги потрошија на прележани за туристички потреби.
@Cosmi и кинеската ли може една доза? Ќе ја ставам во Србија, една можам одма, ама проблемот е втората да не одам. Или кај овие мора две дози?
Една доза во Германија и Италија само за тие што прележале до 6 месеци. Другите примаат две дози. Ама ова во март е одлука и јасно пишува дека е заради недостаток на вакцини (https://www.reuters.com/business/he...ts-eu-struggles-with-inoculations-2021-03-04/). Јас не знам случај кој се вакцинирал за туристички потреби, ама нејсе. @JuLleE во Србија на сите им викаат од сите вакцини по две дози се примаат. јас не би си играла со тоа колку дози треба да се примат. Јас се вакцинирав во Србија со Спутник, а имам прележеано Ковид лани. Лекарите ми рекоа две дози мора. Тетка ми во Србија прележала во Ноември со Март се вакцинирала со две дози кинеска (пензиониорана медицинска сестра, зетот и ќерката се лекари, зетот работи во Ковид центар и сите прележали во Ноември а се вакцинирале во март со две дози). Прашај лекари, не форум за боелсти и вакцини.
Значи која лудница сме со вакциниве страшно нешто. Нема никаков ред, млади ги гледам се боцкаат кој повикан кој со врски а еве има уште стари 70+ што немаат примено вакцина а се на фронт за индискиов сој. Јас знам млади што се вакцинираа заради патување. Не им се дава пари за ПЦР тестови и се трчаат да примат две дози за да можат да земат вакцинален пасош пошто е посигурно од тестовите. Се е тоа супер ако се вакцинираат во Србија, него што правиме што врскаџиите одат тука и им земаат ред на тие што стварно имаат потреба за вакцина. Вработени во вакцинални пунктови си боцкаат роднини пријатели и никако не може да се докаже и да се пријави такво нешто. Ненормална држава сме и тоа е тоа. Молете се да не викнат што побрзо, кој може нека иде Србија и да се надеваме дека нема да има нов бран..
Доктори сите различно. Прашував секако. Ете Словенија имаат вакцини ама прележани со една доза вакцинираат. Зошто ако имам некаков имунитет да се ставам пак? Имам една автоимуна, не сакам да будам и друга.
И ова читав, ризикот од премногу антитела со прележани и вакцини дупла доза, е автоимуна болест. Младиве па најчудни ми се, здрави, прележани, по две дози ставаат за да одат у Грчка. А другиве пак, не била испитана вакцината а правела проблем со плодноста и не сакале затоа. Чекај, колку време по вакцина се обидувал некој па да каже од тоа е? Како у меур од непознати сме.