Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,3%
  2. Не

    365 глас(а)
    31,7%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.319
    Допаѓања:
    124.996
    Пол:
    Женски
    На сертификатот има матичен број. Презиме не е битно. Кодот е битен.
     
  2. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.996
    Допаѓања:
    4.214
    Kade se vakcinirase?
     
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.785
    Допаѓања:
    41.864
    Пол:
    Машки
    Утре пристигнува нова пратка од 100 илјади вакцини на „Фајзер“ преку Ковакс системот најави министерот за здравство Филипче.

    Во недела со два авиони по 250 илјади дози ќе пристигне пратката од 500 илјади Кинески вакцини, за кои што министерот вели дека веќе на почеток од следната недела ќе бидат пуштени во употреба.

    Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица или граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. До сега се имунизирани една третина од наставниот кадар, а до крај не летово е планирано да се имунизираат и останатите наставници, за евентуалниот почеток на учебната година од 1 септемрви.

    Министерот за здравство информираше дека во следниот период следува забрзано темпо на вакцинација, откако се покажало дека вакцините штитат и од индискиот сој на коронавирусот. Како што вели имало случаи во некои земји каде и вакцинирани се заразиле со индискиот сој, но во огромен процент минале со лесна клиничка слика и без хоспитализација.

    https://kanal5.com.mk/foto-superprovokativna-starleta/a480789
     
    На LejlaD, Chuchanov, noteforself и 5 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.790
    Допаѓања:
    323.763
    Немало кандидати за вакцинирање па ќе се организирала вакцинација на терен.

    Убаво е за оние возрасни групи кои не се баш подвижни, ама ако некој решил да не се вакцинира и дома да му дојдеш џабе е.
     
    На LejlaD, Tajnaotrovna, Chuchanov и 2 други им се допаѓа ова.
  5. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Голем број граѓани реагираат дека одамна се пријавиле на веб-страницата vakcinacija.mk, но се уште не добиле термин за вакцинација во земјава.

    Од Министерството за здравство велат дека сите тие, почнувајќи од понеделник, во рок од 20-на дена ќе бидат вакцинирани со онаа вакцина што е достапна.

    Според Министерството за здравство, станува збор за околу 180.000 граѓани кои се пријавени за вакцинација, а се уште не добиле термин.

    Околу 64.000 граѓани на возраст од 40-59 години се пријавени на веб-страницата за вакцинација, а сѐ уште немаат термин кога да се појават на еден од пунктовите. Над 40.000 граѓани на возраст од 60-99 години исто така чекаат вакцина.

    „МојТермин не отвора термини за тип на вакцина, секој граѓани добива информација пред вакцинацијата со која вакцина ќе се вакцинира“, велат од Министерството за здравство.

    Очекувањата се дека откако ќе заврши вакцинацијата на овие граѓани во следниот еден месец, вакцинирањето ќе се одвива без термини, односно секој граѓанин ќе може да оди до најблискиот пункт за вакцинација и да ја прими вакцината што е достапна.

    Според податоците од министерството, досега во земјава се вакцинирани најмногу луѓе на возраст од 60-69 години (75.604 граѓани), а потоа следува старосната група од 25-49 години (66.953 граѓани), вакцинирани се 48.632 граѓани од 50-59 години и 2.852 лица над 18-24 години.

    Во земјава во моментов се аплицираат вакцините на „Синовак“, „Фајзер“ и „АстраЗенека“ (која кај нас се аплицира кај лица над 60 години), а тече и ревакцинацијата со кинеската „Синофарм“.

    В петок се очекува преку Ковакс-системот да стигнат околу 100.000 вакцини од прозиводителот „Фајзер“, а дополнително секој понеделник околу 11.000 илјади вакцини стигнуваат од овој прозиводител во нашата земја, обезбедени од директни преговори и преку програмата Тим Европа. Викендов се очекува и испораката на 500.000 вакцини од кинескиот производител „Синовак“ кои треба да пристигнат во два наврати.


    ©Makfax.com.mk
     
    На noteforself, green.eyes и Ahoy им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Неколку луѓе знам што се пријавени а немаат термин, и стари и млади. Така што сигурно ги има еден куп. Како немало кандидати?
     
    На crimson, Waverly Raven и Fantasy33 им се допаѓа ова.
  7. Fantasy33

    Fantasy33 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.026
    Пол:
    Женски
    Има кандидати, ама нема термини или вакцини. Татко ми пријавен пред скоро два месеци, 61 год се уште нема добиено термин. Проверено кај матичната, се е во ред, го има во системот. Луѓе што ги знаеме што се пријавија доста време после него и се помлади добија термин. Логика?
     
  8. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.713
    Допаѓања:
    14.048
    Пол:
    Машки
    И јас не знам од каде им е оваа информација..

    Скоро цел медицински факултет чека вакцинација уште од април-мај. :?:
     
    На Glowy, Lavender4, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.785
    Допаѓања:
    41.864
    Пол:
    Машки
    Канал 5 ме за*бава со линковиве :D
     
    На LejlaD и Angie1432 им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.790
    Допаѓања:
    323.763
    На некој од порталиве денес прочитав , имаше статистика колку се вакцинирале, колку се пријавиле , колку има останато не викнати и колку од населелението е во возраст за вакцинирање.
    Ќе ја најдам статијата и ќе ставам линк.
     
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.785
    Допаѓања:
    141.963
    Како нема кандидати, уште чекаме пријавените да не викат, па да почнат пели за антиваксерите...
    Лажни вести се од порталите
    Инаку во Србија има комбиња и одат низ град и ги вакцинираат тие што не можат сами да одат или ако им е далеку.
    Кај нас така на времето циганчињата на ридот ги вакцинираа за МРП кога изби, не ги носеа, и ЈЗУ одеа по куќите ги баараа.
     
    На LejlaD, Tajnaotrovna и fana им се допаѓа ова.
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    118.957
    Пол:
    Женски
    Е сега ние сме бетер од циганчиња срц. Коа просиш вакцини .....
     
    На LejlaD, Tajnaotrovna, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.785
    Допаѓања:
    41.864
    Пол:
    Машки
    180 000 има пријавени за вакцинирање според МЗ, а ќе има достапни вакцини за над 300 000 лица од понеделник, ако стигнат овие нели :D
     
    На LejlaD и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.785
    Допаѓања:
    141.963
    Да
     
    На LejlaD, Tajnaotrovna, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.423
    Допаѓања:
    8.590
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно.
    Тврдат онолку вакцини стигнале, ке стигнат, толку и толку аплицирале, се одвивала вакцинацијата успешно, без прекини бла бла ,а колку знам луѓе што уште чекаат термин и стари и млади.

    Не замајуваат ли со лажни податоци? Она што го изјавуваат политичарите и фактичката состојба се многу различни.
     
    На LejlaD, Tajnaotrovna, tinka-mace и 4 други им се допаѓа ова.
  16. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Since 1991
     
    На Glowy, oblace1, Tajnaotrovna и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Deva Path

    Deva Path Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    266
    Пол:
    Машки
    Се ревакцинирав денес со Фајзер во А1 арена. Немаше гужва воопшто пред влезот и веднаш се влегуваше. Имаше само мал застој внатре поради забавено носење на вакцини до пунктовите.
     
  18. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.762
    Пол:
    Женски
    Свекрвава се вакцинираше денес од сабајле во Арена со Фајзер. И неа и свекоров и мајка ми ги пријавив во ист ден само неа ја викнаа, а она помлада и од свекоров и мајка ми.
     
    Последна измена: 24 јуни 2021
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Знаете со кој вакцини ќе вакцинираат во Битола утре?
     
  20. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.236
    Допаѓања:
    48.540
    Пол:
    Женски
    Татко ми се вакцинираше денес со Фајзер, сега за сега нема реакции.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.