Форумџика на годината

Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,2%
  2. Не

    366 глас(а)
    31,8%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. Pablito

    Pablito Нов член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2021
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Денеска се вакциниравме во Ниш со фајзер.За 10 минути завршивме работа
     
  2. pelegrina

    pelegrina Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    36
    на граница може да прават проблем за презимето. матичниот е ист
     
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.820
    Допаѓања:
    9.760
    Пол:
    Машки
    :wasntme:??

    FB_IMG_1624569926179.jpg
     
    На Blondie715, redhead, NPN и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.253
    Допаѓања:
    205.508
    Пол:
    Женски
    Проблем за презимето на сертификатот? Не верувам, матичниот број и кодот се битни, тие се неменливи. Мене не ми правеа проблем на граница кога патував после свадба, оти презимето на пасошот не ми беше уште сменето.
     
  5. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Дали знаете каде треба да се обратам во случај да не можам да присуствувам на дадениот термин за вакцинација и евентуално презакажување на истиот?
     
  6. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.094
    Допаѓања:
    41.779
    Пол:
    Женски
    Кој не успеал да се логира на сајтот за вакцинација, нека проба пак, мене ми успеа сега.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.872
    Допаѓања:
    42.530
    Пол:
    Машки
    Исто :)
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.824
    Допаѓања:
    264.370
    Испитани спајк антитела и кај мене и маж. Јас сум 0.00, маж е 0,39. Разочаран е:D
    Тоа е, ни синко нема антитела.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.872
    Допаѓања:
    42.530
    Пол:
    Машки
    Од понеделник во наредните две недели ќе бидат вакцинирани сите граѓани кои се пријавени. Списокот е ревидиран и тие ќе добијат термини и до 15 јули ќе бидат вакцинирани. Стигнуваат вакцини за 300.000 граѓани и има сосема доволен број. Ќе се вакцинираат и наставниците и вработените во образовните институции. Откако ќе се вакцинираат оние што се пријавени, пунктовите ќе останат отворени за вакцинација на граѓаните.

    Ова го истакна министерот за здравство Венко Филипче денеска одговорајќи на новинарско прашање, потврдувајќи дека попладне стигнуваат вакцините од Фајзер.

    -Списокот е ревидиран, што значи без разлика кога се пријавиле граѓаните, почнувајќи од понеделник сите ќе добијат термин во период од две недели. Од понеделник во следните две недели ќе бидат вакцинирани и најмладите пријавени, но предност ќе имаат постарите, истакна министерот.

    Тој додаде дека сите вакцини ќе бидат дистрибуирани. Вакцините на Фајзер ќе бидат дистрибуирани до осумте големи центри за имунизација поради можноста за чување во фрижидерите, а вакцините на Синовак и во големите и во помалите центри.

    – Сега стигнуваат вакцини за 300.000 граѓани, а ќе се интензивира и кампањата. Го подготвуваме и системот за теренска вакцинација кој ќе почне на 15 јули, вели министерот кој очекува дека ќе се зголемува свеста за имунизација и дека поголем број од граѓаните ќе се вакцинираат.

    Наведе дека засега нема да биде задолжително вакцинирањето, оти таква идеја нема во Комисијата за заразни болести и дека таков пример нема во светот, но оти треба се поголем број граѓани да се вакцинираат.

    - Вакцини има сосема доволно, од наредните недели ќе стигнуваат неделно по 70 до 100 илјади и тоа се предвидените количини потебни од јули до почеток на октомври, рече министерот.

    Повтори дека се останува на ставот Астра Зенека да се дава само на лица над 60 години и дека сите оние кои добиле Астра Зенека во нашата земја имаат закажан термин за ревакцинација и има обезбедено количина.

    - Нема група на граѓани за коишто не е обезбедена ревакцината и во моментот кога вакцината ја примиле. Меѓутоа, засега нема промена во стручниот став. Сепак, Комисијата останува на таа одлука да ја примаат само постарите граѓани, појасни Филипче.

    Министерот укажа на тоа дека според последната комуникација летово се останува на ставот во затворени простории да не се одржуваат масовни собири, и дека седница Комисијата ќе има во понеделник.

    Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети оцени дека бројот на заболени се намалува што оди во прилог на почитување на мерките на граѓаните. Забележано е и намалување на бројот на починати.
     
  10. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.094
    Допаѓања:
    41.779
    Пол:
    Женски
    Ние обичниот народ со кинескиве, оние со врски фајзерче.
     
  11. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.247
    Допаѓања:
    49.193
    Пол:
    Женски
    Ни мм ни татко ми немаа врски, најрегуларно пријавени. Мајка ми со кинеска е, ете нив оваа им се падна.
    Золва ми исто со фајзер, кумовите мои исто, сите деновиве се вакцинираа.
    Не се сите со врски. Јас еве уште чекам термин, повеќе од два месеца чекам, кој како ќе му се посреќи е работава.
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.094
    Допаѓања:
    41.779
    Пол:
    Женски
    Не викам дека нема исклучоци ама знам и такви со врски, вакцинирани со фајзер.
    Пред месец дена некаде вакцинирана во Мкд не во Србија а е 26 години, невработена. :)
    Се фалеше по соц. мрежи.
    Додека други чекаат.
     
    На WildMk и anastasijaki им се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.336
    Ја пре би со кинеска него фајзер:D
     
    На Алек***, fana, Blondie715 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.414
    Допаѓања:
    18.057
    Пол:
    Женски
    Што им фали на кинеските :?:? Мене да ме прашаа ќе одберев кинеска, ама како за беља баш тој ден не вакцнираа со кинеската ;(.
     
    На Blondie715 и bicycle им се допаѓа ова.
  15. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.094
    Допаѓања:
    41.779
    Пол:
    Женски
    Ама ако си во план за патување со кинеската тешко. :D
    А Синовак мислам помалку е ефикасна @Tan4ence @Guns N` Roses
    Ајде да видиме дали ќе добиеме наскоро термин.
     
  16. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.120
    Допаѓања:
    119.650
    Пол:
    Женски
    Татко ми и свекрва ми со фајзер, свекор со кинеска, мајка со спутник.
    Маж невакциниран.
    Никој не беше со врски
     
    На Tajnaotrovna, fana и WildMk им се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.600
    Допаѓања:
    186.458
    Пол:
    Женски
    Со која вакцина Јуле?
    Испитајте уште еднаш, ама во друга лабораторија. Некако неверојатно ми е тројцата да не сте развиле.
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.333
    Нема врска.
    Таму ни кажаа со која вакцина ќе не вакцинираат.
     
    На nena2010 и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.872
    Допаѓања:
    42.530
    Пол:
    Машки
    Јас па сите шо ги знам вакцинирани со врски се со Синофарм :D
     
    На fana и Blondie715 им се допаѓа ова.
  20. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.600
    Допаѓања:
    186.458
    Пол:
    Женски
    Ај те молам не ни вади муабети :D
     
    На Tajnaotrovna, Blondie715 и Ahoy им се допаѓа ова.