Коронавирус: Со 2,4 милиони дози вакцини до колективен имунитет Северна Македонија очекува преку три механизми да добие по 800 илјади дози вакцини против коронавирусот. Првата пратка може да се очекува кон крајот на месецов или на почетокот на февруари. Планот е да се вакцинираат едeн милион и двеста илјади граѓани, или 60 проценти од населението. Надлежните сметаат дека тоа е доволно за да се создаде колективен имунитет. Дотогаш нема олабавувањето на мерките коишто се на сила во земјата, а беа воведени пред новогодишните празници.
Јас моите дози ги донирам со задоволство. Ете кој сака може слободно да ја превземе мојата доза што ми следува.
Корисно четиво општо за вакцини, не е од медицинска литература нагласувам, но е одличен склоп на информации! Кој сака може да прочита https://nova.rs/magazin/zdravlje/nas-naucnik-otkriva-istinu-o-vakcinama/?ref=fbnova
Која е разликата во имунитет од вакцина наспроти тој од прележан ковид? Ќе те пукнам со прашањава, знам
Од прележан Ковид сигурно има хуморален имунитет (антитела, IgG), а веројатно и клеточен (Т клетки), за разлика од вакцините кои предизвикуваат само клеточен имунитет. Хуморалниот штити и од инфекција, а клеточниот само превенира тешка клиничка слика, т.е. неутрализира. Тоа е главната разлика, колку што знам. Природно стекнатиот имунитет секогаш е посилен и подобар од вештачкиот, само што за него се изложуваш на ризик од кој исходот не се знае. А ниту колку трае во случајов. Прашувај, но проблем, тоа што знам ќе одговорам
Додека лицето има IgG антитела, веројатно не може да биде преносител. Ова е она што се знае, за другото уште не знаат, т.е. не е истражено
In the meantime, Грција побара да се воведе вакцинален (зелен) пасош од ЕУ, за да можеме да патуваме.
зошто толку многу когда кaj нас и така секоj втор (читаj 50%) kaј да е ќе има прележано? се надевам барем ќе им испитуваат антитела на тие што ќе ги вакцинираат, ако имаат природно да не ги изложуваат повторно на ризик. а не се знае ни колку долго трае заштитата со вакцина, нели?
Затоа што тоа не се официјални податоци, туку само претпоставка. Инаку тоа се истражува, се прептопастува дека Novavax ќе има долг имунитет, но таа е во 3 фаза од тестирање.
Ин минтајм или Грција ќе брка пензионерски туризам или не знам, стварно не знам....можеби има доволно медицински персонал во еу, заинтересиран за нивната понуда
КоЈа глупоштина е ова од Грција. Доколку имаш игг антитела ,кој е тој што ќе се вакцинира? И со кое право ќе го гњават за патување.
Не верувам дека ќе го прифатат од ЕК, ако не се лажам неколку лица се изјаснија дека тоа е апсолутно присилно вакцинирање, а тоа никој нема право да го прави. Плус, нема доволно вакцини, а плус на плусот моментално има желка- вакцинација, не масовна вакцинација како што ја нарекуваат. Разбирам почеток и се тоа, ама имајќи ја предвид ситуацијава, на почеток исто така не може да го бараат ова, кога не сите имаме можност да примиме вакцина. Де зирни што викаат кај вас, не знам каде си ама мислам во ЕУ си, па поблиска
Според мене, ова и е задача на Грција дадена од Европа. Као демек грчкиот премиер го предложи ова, ќе се разговара за предлогот, ќе се прифати па после тоа ќе следи истото во сите земји членки на ЕУ. Исто како што и дадоа задача на Бугарија да не блокира за преговорите. Демек јаките држави Германија и Франција сакаат да почнат преговорите ама не се доволно силни за да ја спречат безгласната буква во ЕУ Бугарија. Многу провидни им се игрите веќе. Тоа што се' поголема пропаганда и уцени се користат за да ги натераат луѓето да се вакцинираат не е на арно. Јас воопшто не верувам во добронамерноста на овие напори за присилна вакцинација.
Од извори блиски на еу , некогаш, кога ќе отворат хотели и спортски активности, истите ќе бидат достапни со негативен тест. Пошто во скоро време вакцинирани нема да бидеме, прво пензионерите, здравствените работници, па учителките, полицајците, пожарникарите... и тн. Трики е, сеуште е рано за прогнози.
Министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис, во интервју на телевизијата Скај, вели дека потврдата за примена вакцина во никој случај нема да биде услов за влез во земјата и дека очекува далеку поуспешно лето од она во 202. https://www.telegraf.rs/putovanja/a...om-slucaju-nece-biti-uslov-za-ulazak-u-zemlju