Ја ви кажувам вие како сакате. По фирми се правеа списоци за вакцини, па некои преку ред. Ехе, и од блиска фамилија така правеа. Правете си Бајрам на мозокот дека сите со регуларен термин се вакцинирале.
Па тоа зборувам цело време. Никаде не реков дека нема исклучоци што си чекале термин. Ете некои без врски се вакцинирале, ама голема е бројката шо фатиле врски или така преку ред. Не сакале со таа, сакале со друга. Лично куќен пријател се фалеше кој е околу 60 години, со него и синот и снаата отишле па ајде да не доаѓаат повторно, и нив да ги боцнат, им успеало. И уште колку такви примери знам. Уште се прават списоци. Хронично болни нека чекаат.
Не може да се вакцинираш ако не си пријавен преку страната. Не знам искрено како фаќаат врски, ама конкретно за кај нас имаше луѓе со термин одма што си влегуваа и многу други што чекаа без термин за да влезат, така да не знам како им е процедурава со вакцинацијава. Еве мене ми викнаа не знам како, никакви врски, се чудам искрено, ама мене за беља стандард, за сред сесија да ми се случат триста глупости, кај мене мора да е нешто комплицирано .
Ете уште еден конкретен пример - Во маркетот кај што пазарувам со касиерката некогаш знам да помуабетам, ја прашувам, ти си од ризичните групи, се вакцинира? Ми рече - Не сум пријавена јас, преку фирма правиме списоци. Исто, и таму кај што работи брат ми, спомна дека се правеа списоци за вакцина, тој не се пријави дека има прележано. Скоро се имаат вакцинирано. Од сите возрасти вакцинирани, од 20 год. почнувајќи.
Верувам дека има со врски,тоа едноставно не може да го нема, тие што се прележани само за да одат на одмор се вакцинираат, не гледам друга потреба.
Јас од сите хронично болни што ги познавам ниеден не е вакциниран. И не дека чекаат. Не се ни пријавени. Болни биле за да примаат вакцина, следната година ако имало потреба ќе се вакцинирале
Мишко уште се надева дека ќе вакцинира (преку) пола население иако по се изгледа ќе мора да де задоволи со четрвт. https://amp.dw.com/mk/се-чека-кинески-синовак-за-да-продолжи-масовната-имунизација/a-57989464 Meanwhile.Со се коментарите под статијата вклучително и на вакцинирани. https://www.dailymail.co.uk/news/ar...itis-higher-expected-amoung-young-adults.html
Uzivas izgleda da plasis posto ne ti e prv pat so vakvi linkovi ,po komentarine se sobrale nedokvakani koi ne videle maka od koronata ili ne izgubile bliski i tresat,1000 pati go pisale fudbaleron kristijan eriksen a covekot ne bi bil vakciniran bar toa lesno moze da se proveri.
Не грешка си али на оние што сакаат да веруваат во тоа верувам дека така им изгледа.Жал ми е што ви ја попречувам (лажната)идила но што е тука е форумов е за реална, не едносмерна дискусијса и информации околу во овој случај вакцинација, овие нус појави постојат и ќе се дискутираат без разлика за про-вакс дечките кои вероватно добар дел се и веќе вакцинирани и би да зажмурат и затворат уши затоа што би да веруваат само во бајки за викцините и не им одговара кога излегуваат вакви информации.И немој со патетологии и да мешаш баби и жаби не значи дека ако некој е скептичен и не трча да се извакса со(никогаш досега употребувана на луѓе) вакцина и генетски третман во експериментална фаза(да ) дека не доживеале тоа што велиш се глупи неинформирани или несовесни граѓани ко што ви се пере мозокот секојдневно по медиуми да верувате и сами себеси се убедувате за да ги напаѓате и вршите (безуспешен) притисок за вакцинација баш напротив по се изгледа ќе да е обратно. Ова со ериксен не ми е познато и не коментирам туку за она што е во статијата #sorrynotsorry
Јас знам многу луѓе кои не се ни пријавени, тие што се еве скоро сите ги викаат многу од моето опкружување се вакцинираа веќе тие што сакаат.
Европа направи хорор филм од Астразенека заради неиспорачување на договорени дози заради што и се тужат. Направи подоцна договор со Фајзер и почна да ја форсира ко да е свети грал. Сега Британски експерти ќе пишуваат преувеличени статии за несакани ефекти од Фајзер и Модерна. Во меѓувреме, вакви ко тебе, антиваксери и паничари кои мислат дека некој тргнал со вакцина да не уништи, користат ситуација и плашат народ.
Абе па викам грешка сте,не ми е за цел страв и паника како за мене така и за други туку факти,скептична сум во врска со вакцини(и со причина)али тоа си е мое не ми е за цел никого да убедувам и разубедувам нити ми треба мене некој да ме убедува во нешто,темиве се за дискусија и обработување на фактите и информациите што ги имаме и добиваме наново неможе да бидат едносмерни кога нус појави постојат неможе да се игнорираат и не дискутираат само затоа што на некој не му одговара.
Нус појави имаш и од парацетамол, па не гледам некој да се буни за тоа. Си застанала некогаш да прочиташ што има во составот на рандом производи од маркет, особено грицки, благо и слични работи? Ама не, тоа не било ништо, се загрижиле што имало во вакцините. Во нормална држава антиваксери што шират пропаганди против вакцини (не зборувам за тебе) се казнуваат. Последиците од вирусот се мнооогу пострашни и почести отколку нус појавите на вакцините.
Не сме вакцинирани се уште, ама мислевме барем овој тип на антитела го имаме. Цела година не сме фатиле повторно и тоа без антитела. Пазевме, ама не опсесивно.
Мене ми е во ред да се вакцинираат цели фирми со список затоа што таму има најголем ризик да се шири вирус. Подобро нека се вакцинираат сите 50 или колку и да се вработени отколку да се стопира работа. Пензионерите можат да седат дома а работниците не.