Не знаев дека имаат толку стриктна регулација... па да прекинуваат тестирање заради 'само' еден пациент со нус-појави. Изненадена сум, искрено... Браво...
А напорот да се донесе вакцината до сиромашните се соочува со проблеми https://apnews.com/article/virus-ou...ited-nations-6656cba6143eb097da3dc7c8b360bfa4
Првата фаза на клинички испитувања на кинеската експериментална вакцина против коронавирус, развиена од Институтот за медицинска биологија при Кинеската академија за медицински науки, ја потврди нејзината безбедност, објави „Ројтерс“. Првата фаза на клинички испитувања на кинеската експериментална вакцина вклучува 191 волонтер, на возраст меѓу 18 и 59 години. Не се забележани посериозни несакани ефекти, наведоа авторите на студијата објавена на веб-страницата „medRxiv“. Најчестите несакани реакции пријавени од волонтери биле лесна болка и благ замор, како и црвенило, чешање и оток на местото на инјектирање. Вакцината предизвикала имунолошки одговор на волонтерите вклучени во студијата, а авторите на студијата наведуваат дека сите податоци од оваа фаза покажуваат дека вакцината е безбедна и ефикасна и дека треба да се продолжи со понатамошно тестирање. Стотици илјади итни работници се вакцинирани досега во Кина, како и членови на групи кои се сметаат за високоризични во однос на Ковид-19, иако клиничките испитувања сè уште не се завршени, што предизвика загриженост кај експертите. Кина во моментов има најмалку четири експериментални вакцини кои се во завршна фаза на клинички испитувања. ©Makfax.com.mk
„ЏОНСОН ЕНД ЏОНСОН“ ГО ПРЕКИНА ТЕСТИРАЊЕТО ЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ПОРАДИ НЕОБЈАСНИВА БОЛЕСТ НА ЕДЕН ВОЛОНТЕР
Не нека се вакцинираат самите тие ,јас не сум експерименален глушец па да ми се стори нешто ,тоа чудо на секој различно делува
Цел живот сум небаре експериментален глушец,е сега уште вакцина ми фали-ште почекам да видам на главниве како ќе делува(туку секако за нив истата нема да биди)така да....
Колку време е паметно да се чека и на колку луѓе... за да има валидни податоци за сигурноста? Имаш идеја?
Ако ми даат добра сума да покријам две деца they are more than welcome. Од нешто мора да се умре, бар среќна и богата да умрам.
Јас не би се вакцинирала, ама ќе мора пошетниот ми газ да лета и ќе речат без вакцина нема летање. Па оп - троп ќе се вакцинирам. Колку е паметно да се чека? Кој знае колку е паметно да се чека... Барем неколку години ваљда... Не мора да значи дека ако има несакани ефекти одма ќе се појават, може години да поминат пред да се појават некои несакани ефекти.