ja ne sakam da bidam vo pravo ,jas sakam ova da zavrsi , samo vidov brojki koi ne mi se dopagaat i spodeliv
Со упорно тврдење дека вакцините не штитат. Овде 20 луѓе пробуваат да ти објаснат зашто заклучокот ти е погрешен а ти упорно бројките па бројките. Оди ѕирни какви се бројките од овој сој во Индија, земја со ниска стапка на вакцинирани.
Така ако рачуна процентот ќе е многу поголем Излегува дека позаштитени се тие со една доза откочку со две. Само и само заради старосната група.
Ама и смртните случаи нема да бидат исти...колку од починатите се со две вакцини? И на која возраст се, со/без други болести? Не може да се споредува смртност на млади и здрави невакцинирани со смртност на стари и болни вакцинирани. Колку што видов, помлади од 50 нема починати кај вакцинираните.
vo indija se proiveduva AZ i so taa vakciniraat no so ogled kolku mnogu narod se smrtnosta im e pomala od kaj nas koi sme bez delta ke vidime
За возраст и две дози пишува, најмногу се вакцинирани со две дози и над 50. Здравствена состојба не знам, може во други графикони има ама од преѓеска трубам дека постарите се на поголем ризик. Апсолутно сите да сме вакцинирани, пак ќе страда одредена група ако нема 100 процентна заштита. И сите над 40 пример да се вакцинирани а под 40 никој, ако страдаат постари и поризични бројките ќе покажуваат поголема смртност кај вакцинираните. И ако сувопарно се гледаат само бројки, ќе изгледа баш дека вакцинираните повеќе умираат.
Точно, ама треба да се разграничи дека ќе умираат и покрај тоа што се вакцинирани, а не затоа што се вакцинирани, како што пропагира членката.
Статистиката што ја постираа погоре која вели дека во Британија над 50 год.се починати повеке вакцинирани со две дози и една доза од невакцинирани е сериозна работа и не смее никако да биде занемарлива. Точно, но не треба да умираат бидејки досега беше муабетот дека вакцината штити 100% од смрт . За оваа вакцина,а особено со фајзерот фалат критички текстови. Астрата ја сотре дури и Филипчо наш, кога отиде народ во март со астра да се боцка во Србија излезе брзо да каже дека имаме прва нуспојава со тромбови кај нас. Каде е да каже сега колку миокардитис,периферна невропатија,мозочни удари има после месец од фајзерот,колку нуспојави? За астрата важно учествуваше во антикампањата. Кај нас никој не излегува со сопствено мислење,за вакцини да,но и за вистината. Деканот на медицинскиот факултет во Пула. https://dalmatinskiportal.hr/zdravl...otagoniste-propagande-privesti-pravdi-/102055
Да, ама тие студии практично постојат само на соевите кои беа во тој момент испитувани Косми. Нормално дека ако се појави утре икс нов сој, може нема ни воопшто да се ефикасни, ни за инфекција спречување. Мислам дека е комон сенс ма што се мисли со таа 100% сигурност од смрт, на тоа за кое е развивано и за кое е тестирано. Делтата е релативно нова варијанта, и до скоро не ни имаше податоци за било каква корелација со вакцината. Не може утре ако излезе нова варијанта да го земаме како аргумент за генерална неефикасност, уште повеќе дека допринесувале повеќе да умираат.
@999 Ќе се потрудам најплатично да ти објаснам што од прееска пишуваат членкиве. Статистика е многу повеќе од само бројки и проценти. За да можеш да пишуваш вакцината не делува на делта сој треба: да собереш ист број на луѓе вакцинирани (една доза, две дози) и невакцинирани, тие да ти бидат во иста категорија според возраст, треба да знаеш дали се здрави или имаат коморбидитети и ова треба да го изденачиш. Потоа одиш на испитување колку ќе умрат, ќе завршат со тешка/лесна клиничка слика итн. Е после ова можеш да правиш споредби и да читаш бројки. Тогаш имаш реална слика, а дотогаш бројкиве ти паѓаат во вода бидејќи се премногу општи и се споредувани баби и жаби.
Не читав поназад ама конкретно еве луѓе со автоимуни и хронични болести многу нормално е да сакаат да се информираат дали секоја вакцина исто ќе делува кај нив и дали би имало некоја опасност од премногу антитела. Не е ширење анривакерска пропаганда личност со автоимуна да праша дали смее со фајзер или со синофарм. А вакви инфо не знам колку имаше. Или луѓе со историја на тромбови.
Ок е сосема да се информираат. Во однос на тромбовите, настанувањето на тромбови конкретно нема корелација со коагулациската состојба на организмот, туку со неможноста да се сврзе протеинот, кој во слободна форма ствара тромб, врзува тромбоци во крвта, тоа е барем официјалното објаснување. Баш на форумов некој имаше убаво документирано споделено. Јас сум сосема за да се информираат луѓето, и темата за реакции сметам дека е многу корисна и сум пишала дека не е кревање паника. Ама едно е да споделиш нешто основано и сосема друго нешто што цел свет и цела научна јавност го оценила како неточно, па некој антиваксер да дојде и да ти каже, ама уствари цензура е.
Еден клик за научников и се е јасно. Не знаел што точно е ковид, мерките не штителе, вакцината не е испитана, не е сигурен ама може во лабораторија да е вирусот направен, смртноста иста била ко и порано... Таман е. Може има вирус а може и не. Може е ваков а може и онаков. Му личи на функцијата што ја има.
Кликот вели дека е научник проф.др.во област на молекуларна медицина,редовен проф.на мед.факултет во Ријека и декан на медицински во Пула. Ке видиме дали е или не е во право. Статистиката за која ја говори за нуспојавите од фајзер е точна. Ги има во регистарот,кој е лесно достапен. Тоа е доволен аларм за кој се молчи.
Добро ама дали некој наш доктор споделил кои реакции се нормални, кои не се, кога треба да побараш лекарска помош, луѓе со такви болести какви кои вакцини смеат итн. Не на форум. Оти не знам, на сите ставот им е само - сите се безбедни и реакциите се безопасни. Остај ме мене, има луѓе што реално се плашат. Ќе речеш порано...Ама не се сеќавам порано да имало 10 различни вакцини со различни технологии и ефикасности. Помал избор беше и само за таа една/две се информираш. Јас иако сум здрава, кога прочитав тахикардии од фајзер еве се исплашив малку искрено оти страшни напади сум имала, а здраво срце и све имам, ама многу лесно ми се тригернува тахикардија.
За мНРА вакцините.. https://www.forbes.com/sites/siladi...g-protection-against-covid-19-scientists-say/
Глеј разлика во категорија 50+. 976 заразени и 38 смртни случаи кај невакцинирани над 50 смртност 3.8%. Кај вакцинирани над 50 без разлика која доза 7500 случаи и 68 мртви 0.9% смртност. Октомври во Британија 10,000-15,000 случаи со 200-300мртви сеа по 15-20 на ист број случаи.Лесно може да се заклучи дека вакцините помагаат.