Сите што не веруваат во вакцина нека споредат хоспитализации и смртни случаи во Русија каде има низок процент на вакцинирани и во Велика Британија со висок процент на вакцинирани.
Џабе бројките, сигурна сум дека на крај некако пак ќе дојдат до заклучок дека во Русија се сите здрави ко дрен, а во UK сите умрени, наспроти сите податоци Барем тие што стварно не сакаат да веруваат, они никој жив не може да ги убеди. Луѓето што делумно се сомневаат и ги разбирам, нормална е здрава доза скептицизам.
После 52 ч од првата доза со фајзер добив urticarija од овошје. Дали би ми дозволиле за втора доза да примам од фајзер ??
Мојот сопруг денес се вакцинираше, со Синовак. Ревакцина е на 27.07 Ние тогаш уплативме за одмор и не сме во Мк. Што се прави во тој случај? Може ли на 01.08 да прими вакцина втора доза?
Имајте убав ден и со лесно на сите,едно прашање ако некој е запознат,имам термин за вакцинација на 02.07 меѓутоа нема да а сум во државава,дали ке може после 5дена да се прими вакцината кога ќе се вртам,или ќе мора нов термин?
Standing ovation на отворањето на Wimbledon за жената која ја разви вакцината на Оксфорд/ АстраЗенека- Dame Sarah Gilbert
Мене ми рекоа дека може до 7 дена најкасно од терминот кој што си го добила, до тогаш те имало во систем после автоматски те брише. Мажот ми доби термин за понеделникот исто не е тука и се враќа покасно, мислам ќе ги надмине и тие 7 дена. Ќе пробаме ако бива арно ако не пак ќе се пријави или ќе оди кога ќе пуштат без термини.
И мене терминот за ревакцина не ми одговара, ама ми го дадоа на влез веќе испринтан и не прашав дали може поместување Како би било преместувањето, преку матичен, да одиш директно после ден два од терминот на пункт?
За ревакцина колку што знам не е проблем да закасниш ден, два. Битно да не си порано од терминот. За сигурно прашај си на самиот пункт за вакцинација ако си во можност.
@Alishan30 денес вакциниран треба на 21.07 да прими ревакцина во Мк, така одлучија за Синовак кај нас, на 21 ден