Вчера ја следев Д.р Грозданова (претседателка на Комитетот за имунизација при МЗ) на дискусијата што ја имаа, имаше прашање на колку дена ќе се дава втората доза, имајќи предвид дека од Синовак е дозволено помеѓу 14 и 28 дена, таа одговори дека националниот тим одлучи ревакцината да се прима на 21 ден. Хаос како и за се' кај нас, некаде вака, некаде инаку
Ревакцина е на 21 ден за Синовак кај нас. Од каде сега 28 ? А може и во период од 14-28/ Ај што вакцинацијава е во сред летни одори,па куп луѓе може да останат со една доза или да ја откажат,наместо да бидат флексибилни тие ке комплицираат.
А каква врска има дали ги познава или не? @Alishan30 јас во тој случај би примала ревакцина покасно, секако нема да има проблем и да остане без вакцина. Од Синовак мислам дека нема многу сајд ефекти после вакцина ама сепак не би сакала пред одмор да ризикувам и од тој аспект.
Синофарм колку што знам е на 21 а Синовак 28. Вчера прашав матичната, ми рече тогаш. Исто и тетка ми доби ревакцина датум, за 28 дена. Со Синовак.
Втората доза се дава помеѓу 14 и 28 дена и во нашите протоколи ќе биде избран 21 ден, односно на три недели ќе се аплицира втората доза“, кажа Грозданова.
Не се љути бе Јас кажувам што изјави главната за вакцинацијата кај нас, во цела држава, тоа што од пункт до пункт различно одлучуваат и којзнае дали имаат добиено официјални насоки од МЗ, е друга приказна.
Инаку маж ми е пресреќен што доби кинеска. Он не прави разлика меѓу Синовак и Синофарм, кинеско да е. Сите трчат по Фајзер он Кина.