Знам кога се јавува цитокинска бура. Ама зборам она што би се случило при антитела+ вакцина беше споредено со ефектот од цитокинската бура при воспаление. Као аналогно на тоа, не истото.
indonezija ke vakcinira no ne starite luge tuku pomladata populacija sto realno i taka treba da bide za da zastitat postarite no so koja vakcina zaboraviv ,izgleda kineskata bese inaku vo brazil ima 2 novi mutacii na virusot od koi ednata e mn na poloso
И јас се надевав дека вакцината е спасот, ама ништо. Ај ќе се крстеме на Инвермектинот. Друго нема. Или природно да го снема.
Една серија е, алергиски реакции се нормални, се лечат. Освен тие 6 здравствени работници, од иста локација, никој друг не пријавил несакани ефекти. Инаку јас највеќе се надевам и и' верувам на Новавакс, а и на Џонсон & Џонсон.
Не бе, Ахој специјално се надеваше на една од вакцините, ама не ми текнува на која. Нормално дека ќе го снема, тоа диносаурусите ги снемало па за еден вирус, пих Едит. Пишал во меѓувреме- е како @Ahoy се надеваш на такви анонимни вакцини, или дека уште не излегле, па да се надеваме?
Американска е пак, Новавакс, стварно најмногу надеж дава. Најсилен имунитет предизвикува, во фаза 3 на тестирање е. Исто и Џонсон & Џонсон, ако не се лажам тие соработуваат со белгиската Јансен, исто доста ветува, а веројатно штити и од инфекција. Мислам дека имаме и Македонка која работи на Јансен
Првите ковид вакцини за земјава ќе ги донира Србија. Премиерот Заев вели дека во комуникација со Претседателот Вучиќ, било договорено земјава да добие 8 илјади вакцини од производителот Фајзер. Иако биле понудени како донација, Заев вели дека земјава ќе ги плати вакцините. Перење пари у повидок а?
Johnson&Johnson е истава OTC што произведува? Не се истите азбест во талкот што им најдоа? Не знам ништо за вакцинава нивна, ама ако се истите ептен сум скептик за нив, само тужби и скандали се.
Хаха има поента. Ама овие на неколку "нивоа" или во неколку сфери се покажаа како лоши, особено при процесот на работа. Ептен многу тужби имаат. Не велам дека вакцината баш конкретно ќе е проблем. Само лично асоцијација ми се за проблематичен процес на работа А всушност не знам ни истите дали се Не сум информирана за вакцините ич.
Искрено, прв пат од тебе слушам и за OTC, и за вториот дел. Сега проверив, имаат OTC Products Нешто за вид, така? Шо знам, имам читано неколку лица како веруваат во вакцинава, првенстевено затоа што најверојатно предизвикува двоен имунитет, а потоа и затоа што е потребна само 1 доза, има лесен начин за складирање и транспорт...
Дечки сеа глеам дека има тема за вакцини.Сакав да прашам, колкав е периодот помеѓу двете дози т.е вакцина и ревакцина?