Баш. Сега па паника кај народот оваа била најдообра, а онаа најлоша. Ако не им чини, нека не се вакцинираат и нека си молчат. Мореее, народов нит се води, нит се тера.
Нам ништо не ни се погодува. Јас мрчев за Синовак, ама кога размислив дека ми е побитно да се вакцинирам со било која отколку вака. Без размислување прифатив кинескава.
Добро де, секој има избор да прави одлуки за своето тело. Еве кинескава не била одобрена во ЕУ, тоа е добра причина некој да не сака да се вакцинира со истата. До пред некоја недела немаше никаква вакцина, за некоја недела ќе имаат избор, сепак важно е дека луѓето сакаат да се вакцинираат.
Па неефикасна е. Факт. Ако некој се решил за вакцина треба да му се овозможи најефикасната. Е сега нема од таа добрата ај ќе ви даеме од оваа полуефикасната. Сепак е вакцина, не е аспирин еј ме боли глава па дај апче шо и дае таму. Секој треба за себе да го бара најдоброто. Ако државата бара од нас да се вакцинираме нека дае саглам вакцини. Фајзер по сите анализи е најдобра вакцина, правена со најсовремена технологија со 90% ефикасност и создава најголем број на антитела, за разлика од Синовак која е со 50% ефикасност. Секој може да отвори гугл и да истражи.
Кој тоа го вели,моментаното лоби и пропаганда за фајјзер? Ако е сепак вакцина,а не аспирин која е логиката да избереш досега некористена технологија мрна(фајзер)со најмногу нуспојави,и да бидеш тестер,доброволец во фајзеровото истражување кое тек 2023 ке заврши, а да ти биде достапна безбедна вакцина правена на принцип на сите што си ги примил досега(Синовак) и да ја одбиеш зошто не била 90% ефикасна. Полуефикасната нема да наштети на твојот организам.
Ако ти одговара само таа,ок. Ама,ти мислиш дека тоа е скроз точно? Гугл е преполн со невистини. Фалењето на Фајзер е политика. Американците и поголемиот дел од Европјаните не ги сакаат Кинезите затоа што Кина многу се ојача,па им ги ругаат и вакцините. Еве,мои роднини вакцинирани со Синовак супер се осеќаат,додека семејни пријатели се жалат од Фајзер. Само затоа што е кинеска не значи дека не чини.
Ок има пропаганда тоа се слагам, али еве пројде време праксава покажа баш најмалку нуспојави кај фајзер и еве луѓе што ги знам со фајзер, без никаков проблем досега. Така да од тој аспект е ми е сигурна. И е нормално да развиваш доверба во таа вакцина. Ај да видиме како кинескава ќе се покаже на есен па ќе правиме муабет. Иначе кинезите сами си ги изругаа и признаа дека се неефикасни: Chinese vaccines’ effectiveness low, official admits Efficacy of a coronavirus vaccine from Sinovac – one of main jabs – has been found to be as low as 50.4 percent by researchers. "In a rare admission of the weakness of Chinese coronavirus vaccines, the country’s top disease control official has said their effectiveness is low and the government is considering mixing them in an attempt to boost their efficacy. Chinese vaccines “don’t have very high protection rates”, Gao Fu, the director of the China Centers for Disease Control, said at a conference on Saturday in the southwestern city of Chengdu."
А од каде тоа дека Sinovac не е ефикасна? Имаа кажано дека е тестирана на помал опсег на луѓе и дека ефикасноста варирала некаде 40% некаде до 76% но некаков просек е 51%. Тек ќе се испитува ефикасноста на оваа вакцина. Нема неефикасна вакцина а и ефикасноста не се мери кој колку антитела ќе развие туку колку од вакцинираните ќе заболат од КОВИД. Секоја вакцина обезбедува заштита фала богу нема да ја произведуваат ако не е ефикасна. Покрај хуморалниот имунитет (антителата) постои и клеточен кој не се тестира така да апсурдно е да кажуваме што е ефикасно а што не е... Не се што пишува на интернет е точно.
Кога клиничките студии на сите вакцини ќе беа спроведени во ист временски период и во иста држава на еднаков број на луѓе од различни групи, тогаш ќе можеше да споредуваме ефикасности. Клиничките студии на Фајзер беа ongoing дури од март 2020, а тогаш бројките знаеме какви беа. Клиничките студии на Синовак се спроведуваа во ек на вториот бран на есен, и тоа главно во Бразил при актуелна Бразилска мутација. Тука да напоменам дека Синовак во исто време се тестираше и во Турција, каде покажа ефикасност од над 85%, а откако почна да се употребува, real- world статистиките се изненадувачки добри. И Фајзер и Синовак имаат над 95% заштита од тешка клиничка слика и смрт, нели е тоа најбитно? А за безбедност, дефинитивно Синовак има предност, не знам како би се сомневале во технологија единствена досега употребувана, а не во сосема нова во реален свет (Фајзер). Размислете логично, дали може повеќе штета да направи вакцина која ќе направи бум во организмот и за 7 дена ќе ви развие огромни количини на антитела, кои постојат квантитативно, или вакцина која бавно, но паметно ќе ви развие исто така огромен број различни антитела и пред сè клеточен имунитет, затоа што го содржи целиот вирус во себе, а не само едно мало делче (спајкот) како Фајзер. Не, не е доволно. Треба и да го разбереш напишаното Среќа дојде па нè просветли, тоа што СЗО веќе ја одобри Синовак, а ЕМА активно ја разгледува за одобрување нема врска. А да, и Кина Синовак ја одобри за возраст 3+. И лест бат нот лист, како што вели Др. Петличковски, иначе имунолог, најдобра вакцина е онаа која ви е достапна!
Како што од една страна се фаворизира Фајзер ,од друга страна тука на форумов не престанавте да ја ругате како била со страшни нус појави ,ваква таква, кој знае што ќе ви се деси за 2,3 години, без притоа да размислите дека голем дел од членовиве тука, или нивни блиски се вакцинирани со Фајзер. И заборавате изгледа дека никој во земјава НЕМАШЕ можност да бира вакцина, идеш на термин која ти падне тоа ти е. Искрено претеравте.
За баланс Никој не спори дека Фајзер е добра вакцина, ама лец фејс ит- не е значително подобра од другите и како таква не треба да биде услов за некој дали да се вакцинира или не. И тоа ми е поентата, сите прашуваат која вакцина ќе била тогаш и таму, а ако не им се допаѓа не оделе. Зошто? Затоа што не била Фајзер. Не е во ред. И има поделба додатна, до сега имаше расна, полова, политичка, национална, и бонус сега вакцинална.
Ја пре би примила со благо помала ефикасност ама со помалку нус појави него со поголема ефикасност ама тоа да ме чини неколку дена да не станам од кревет или да добијам напад што до инекции ќе ме однесе. И онака имам јак имунитет генерално така што не ми треба некоја огромна заштита, и помала ќе заврши работа. **** Деновиве дали со синовак претежно вакцинираат во Борис?
А зошто не одите стварно? Може да се откажете во секој момент, нема да ве врзат таму со сила да ве боцнат. Прашуваш која е, ако не ти се допаѓа или се премислиш одбиваш вакцина и готово. Може баш дента Фајзер ќе е.
Се согласувам, ама пак ќе кажам, не е во ред спрема оние кои примиле Фајзер цело време така да се пишува. Мене ми беше битно мајка ми и мм да се заштитат заради тоа што имаат контакти со луѓе, мајка си доби термин брзо со кинеската, мм чекаше доста, пробувавме без термин во неговиот град баш кога беше вакцинирање со Синофарм, не успеавме, за брзо доби термин беше Фајзер тој ден и тоа е. Јас имам термин за утре со која и да ме боцнат среќна ќе сум