Абе ако земеш да читаш на форумов за вакциниве и да веруваш на се, на крај ќе решиш да се заразиш попрво, дури некој и такво нешто имаше пишано Нека си тера секој како мисли дека е правилно Очигледно има за се многу поларизирани ставови.
https://sdk.mk/index.php/svet/grtsi...-rabota-ako-ima-chetvrti-bran-na-pandemijata/ Koj vika deka ima demokratija vo EU
Искрено до некаде можам да разберам зошто луѓево преферираат една во однос на друга. Секој различни причини. Па наместо заштита се гледаат други интереси.. Некој заради патувањата и исполитизираноста која настана со вакциниве. Европа само Фајзер, Астра Зенека, Јансен и Модерна, другото бегај. А пример Спутник супер ефикасност, ама ни СЗО ни ЕМА уште не ја признаваат, со месеци ја разгледуваат, јер руска. Кинезиве пак короната за умрено прогласија, да размислиш дали да не се боцниш со Синофарм/Синовак. Друг пак ефикасноста ја гледа и ќе ја преферира пример „поефикасната“ затоа што имал многу контакти со луѓе поради работа и слично, па се надева на поголема заштита. Убаво пиша Ахој скоро секоја од вакциниве е тестирана во различен период со различен сој. Пример Синовак ко беа актуелни соевите се испитуваше и даде помала ефикасност, ама пак пореална за новите соеви. За да ги изедначуваме сите на ист сој треба да ги тестираме па да гледаме ефикасност.
Па факт е дека баш кај тие со фајзер има поизразени реакции, не е заплашување. Не вика никој не ја примајте фајзер, ама ти кажува што може да биде коа ќе се боцнеш. И добро е да знаеш, реакции за сѐ мора да знаеш, секаков лек и вакцина.
Едно прашање. Имам закажано во петок за вакцина прва доза. Може да се отиде во сабота околу 16 часот? Поради работата ми е. Ќе ме примат?
Сигурно? Бидејќи имам во многу незгодно време закажано. Ќе треба ден да земам. За во Скопје за Борис Трајковски прашувам.
Од 12 јули вакцинација без закажување, од идната недела стартува теренска вакцинација Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска на работен состанок со директорите на Здравствените домови во државата и членови на Националната работна група за ковид 19 вакцинација, ги утврдуваа насоките за организација на теренска вакцинација која треба да започне од следната недела. Здравствените домови до петок треба да изготват план и организација за секој ден, време и место на теренската вакцинација. Граѓаните кои ќе ја примаат првата доза вакцина на мобилен пункт, истите и ќе се ревакцинираат на терен, информираат од Министерството за здравство. Министерството за здравство ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 јули вакцинацијата на граѓаните ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација. Министерството за здравство ги информира граѓаните дека почнувајќи од 12 јули, ќе може да се вакцинира секој граѓанин без разлика дали е пријавен или не се пријавил на веб страницата vakcinacija.mk Секој кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk
Што би рекле нашите експертки тука на фемина "никој не те тера на сила". Аха да и они уште мислат дека некој им мисли се најдобро и дека на некој му е гајле за нивното здравје.
Со оглед на тоа што деновиве веќе почнаа да примаат и скроз без термин, верувам дека би те примиле. Ако не ти е тешко оди провери, ако не кога ќе се вратиш
Се е политика, така и за вакцините. Јас да се прашвам не би се вакцинирала со вакцини според нови методи со mRNA. Секогаш би одбрала нешто што е веќе испробано. Сепак то е мој став