Уште ова кратко Дали ако се вакцинирам, можам да пренесам ковид при инфекција? Т.е дали ги ублажува симтомите само, или ? Фала
Зависи која вакцина, иако сè уште не е прецизирано точно. Вакцината 100% ги ублажува симптомите, т.е. не дозволува тешка клиничка слика, а по 2 примени дози 90% отприлика штити и од инфекција, зборувам за Фајзер, Модерна и Спутник.
Postojano se testirav i postojano bev negativna na sopstvena inicijativa primiv i vakcina za virusot. I osven mala bolka pri dvizenje na rakata nemav nikakva dr reakcija. Ova e prva doza vtorata e za 3 nedeli.
Незнам точно книшката за вакцинација ми е оставена на работа по втората вакцина тек ја пополнуваат и ја добиваме назад.
Интересна приказна за личното искуство на дописникот на Дојче Веле од Русија со примањето на руската вакцина против Ковид-19: I дел II дел
Што е разликата меѓу овие три вакцини? Малта вакцинира со Модерна и има преку 19.000 луѓе вакцинирано до сега. Не сум слушнала дека некој починал од таа вакцина, но сепак ме интересира бидејќи втората тура ја набавуваат за нас странците кои работиме тука.
Модерна и Фајзер речиси се исти. Го зема главното делче од вирусот, и спакувано го испорачува до клетките каде што се предизвикува имун одговор. Има истражувања што велат дека слободно може да се прими првата доза на Фајзер, втората на Модерна. Или обратно. Технологијата на која се базирани Фајзер и Модерна е нова, месенџер РНК, всушност за прв пат во вака широка употреба, но претходно добро истестирана и истражена. Спутник е базиран на поинаква технологија, мислам дека беше со вирусен вектор на Аденовирус (таква е и на Оксфорд/ АстраЗенека). Имам пишано во првиот пост на темава како работи таа технологија. Потрадиционална е да речам, употребувана и низ минатото. Зошто Малта вакцинира со Модерна инаку? Не доби на Фајзер вакцини од ЕУ? И ако не ти е проблем, каква е програмата таму? Кои се приоритетни групи?
Малта прва ги доби вакцините Модерна и прва почна да вакцинира. Прво медицинскиот персонал по болниците, а потоа постарите луѓе, старските домови, деновиве министрите примија. Е сега рекоа ќе добиваат втора тура за странци кои работат тука. Ама мене ми е страв,свашта се изнагледав за таа вакцина и не знам веќе во што да верувам. Во контакт сум со мојот матичен лекар на кој му верувам целосно и тој вели Фрајзер да се прими. Не знам, се надевам нема брзо да се промени планот.
И јас сум во контакт со кардиохирург од Мајами, вели дека вакцината на Фајзер е многу чиста и одлична. За Модерна не спомна ништо, меѓутоа знаејќи дека се многу слични со Фајзер, верувам дека истото важи и за неа.
И кинески вакцини ќе има. Има некои информации за последици од таа вакцина? Таа и руската ми се мистерија. Јас секако ниедна нема да примам.
Синофарм, која ја најавуваат, ми се чини дека е добра. 79% ефикасност, 100% превенира средна и тешка клиничка слика. Тестирана е на многу луѓе, плус тоа што УАЕ има вакцинирано над 100 000 со неа, а и Србија, Бахреин и неколку други држави. Руската Спутник изгледа дека е одлична, Русите од секогаш биле добри произведувачи на вакцини, со одлични лаборатории.
Русите, одма на Чернобил ми текнува. Дека криеа за катастрофата. И Кина ми е матна. За Америка па да не зборам. Леле бетер од оние што веруваат во чипирање сум станала