Во контекст на дискусијата од погоре, мислам @Glowy нешто слично пиша. Дека ефективноста не е споредлива. Една real life студија на ефикасност на Фајзер во новиот бран во Израел: https://www.timesofisrael.com/minis...-shot-blocks-majority-of-serious-delta-cases/ Најголем дел од клиничките студии на вакцините не се правени во пик на пандемијата. И јас скоро го прочитав ова, не ми беше скроз најјасно, па да споделам. Всушност клиничките студии за Фајзер се правени во контролирана средина и во момент кога во USA немало пик на бранот и немало друг освен оригиналниот сој. Така што таа 95% ефикасност е добиена од таму. Синовак пример за разлика е тестирана во помалку контролирани услови (real life) и тоа во пикот на болеста на неколку држави со различни соеви од оргиниралниот, на пример Бразил, Чиле. Интересна ми дојде бројкава на Фајзер зошто многу малку се разликува од бројките добиени за Синовак во Чиле. Не ми е намерата да ја потценам Фајзер, само сакам да кажам дека ефективноста на вакцините на клиничките студии не мора да значи дека ќе се интерполира во реален живот. Она што го забележав на линкот погоре е дека има пишано отприлика колку има хоспитализирани кои се целосно вакцинирани, и тие бројки се процентуално исти со секоја вакцина и во УК со АЗ, и во Индонезија со Синовак и во Израел со Фајзер. Јас бев многу против Синовак на почетокот заради слабата ефикасност, и на темава имам пишувано, ама морам да кажам дека бројкиве во светски рамки во делта сојот особено соодветствуваат на останатите вакцини, барем од тоа што можам да видам. Не го пишувам ова за да направам некаква споредба Фајзер или Синовак, само интересен е фактот дека ефикасноста скоро на секоја вакцина во реален живот е тука некаде, т.е. дека реално и не постои поефикасна и помалку ефикасна вакцина, особено за новиот сој и од тоа што можам јас да видам. Тука негде, 60-70%.
Дали знае некој во борис до колку саат вакцинираат? Мене терминот ми е сабајле ама не можам да одам, зборев со матичниот ми рече ќе ме примат ако одам попладне, ама заборавив да го прашам до колку саат може. Ако знае некој да ми каже
Колку време може да се одложи ревакцина со Фајзер, и како оди принципот, дали се чува сигурно вакцина за ревакцина ако не одам на терминот кога ми е закажан? Може стварно ми е глупо прашањето, ама во нашата земја не ми е чудно ништо, а како што слушам сите вакцини се при крај освен Синовак.
Дечки плис хелп. Можеби е глупаво прашањево ама тоа е. Имено.. Се боцнав со фајзер. Све е океј...меѓутоа ко за беља отпосле седнав читав све за вакцината. Наидов на еден куп статии и мислење и се исплашив. Моментот дека може да доведе до генетски модификации правена по нов начин итн. Ве молам нека помогне некој...добредојдени се само позитивни мислења зашо анксиозноста ме поједе....се мислам за втора доза ♀️
Знаете ли во кој пункт во Скопје вакцинираат со Фајзер? Дали ги има воопшто или само со Синовак е ? Се работи за 25 годишен човек
Јас се вакцинирав со Синовак и ако ти е за утеха јас читав дека од Синовак умреле луѓе во Индонезија , не била безбедна. Исто така дека некој квази научник рекол дека сите што примиле вакцина ќе умрат за 2 години , и само изгасив Google. Факт е дека во Македонија сите се интересираат за ефектите од вакцините но колку повеќе се оптеретуваме толку полошо. Се што пишува на интернет не е точно , далеку од тоа. А за нус појави имало , има и ќе има од секакви вакцини/лекови. Нормално е дека има ризик и од сериозни алергиски реакции и други состојби но тие се многу ретки и незначителни во споредба со последиците што ги остава КОВИД (ослабено срце , белодробна работа и општа слабост на организмот пермаментно после прележување). Btw вакцината на фајзер е на база на mRNA што служи да даде информација како да се синтетизираат протеините присутни на површината на корона вирусот и потоа си се разградува под дејство на нашите ензими... нема никаква интеракција со ДНК и сите шпекулации се наполно неточни.
Eve me, vakcinirana i presrekna srekna sum sto uspeavme tolku dolgo da se zastitime od virusot i konecno so maz mi docekavme vakcini Super sme sega za sega nemame reakcii
Здраво дали има некоја бремена вакцинирана ? ми стигна терминот за вацина а имав закажано пред да останам бремена,го прашав геникологот ми вели можам слободно да се вакцинирам со фајзер или кинеската,сеуште одам на работа а сум во конакт со луѓе и во затворено.Бремена сум 9 недели а неможам да се пазам толку на работа.Ама и мие страв од вакцината