Сепак Фајзер со ефикасност од 64% Трета доза во Израел во август и микс со Модерна https://www.timesofisrael.com/israe...ective-against-delta-variant-eyes-third-dose/
Од 120 000 вакцинирани здравствени работници во Индонезија само 350 се заразиле со Делта, а околу 10 од вакцинираните починале. Вакцинирани со Синовак. Ова ко за 10% ефикасност ти се гледа? Ако е таква Синовак тогаш логично е истото да важи и за Синофарм. Не може вакцина базирана на ЦЕЛИОТ ВИРУС во себе да има мала ефикасност кон мутации затоа што ако еден дел скроз измутира од вирусот, секогаш имуниот систем ќе ја препознае мутацијата благодарение на другите делчиња од вирусот. По прво неефикасна би била вакцина базирана на само едно делче од вирусот, него ли овие инактивираните. Ова виролози и имунолози го кажуваат, не јас.
Консултирај се обавезно со повеќе доктори специјалисти. Не ти требаат мислења од форум. Дури и да има некоја бремена вакцинирана премногу е рано за да ти каже искуство дали било сѐ во ред, кај нас почнаа со вакцинација пред 5 месеци.
Jас се вакцинирав со модерна, без реакција поминав. Втората ќе биде за 6 недели. Мајка ми веќе и втората доза модерна ја прими. Еден ден болки во рака и тело, мала омалаксаност имаше после втората доза. Првата доза и она без реакција.
Бугарската компанија „Комак медикал“ ја прекинува вакцинацијата на македонски државјани на граница По месец и половина откако ја започна вакцинацијата на граѓани на границата со Северна Македонија, бугарската компанија „Комак медикал“ ја прекинува работата на 31 јули, потврдил за МИА сопственикот на фирмата и лекар Милен Врабевски. Причина за одлуката, според Врабевски, е што државава обезбедила вакцини за граѓаните во различни градови во земјата. Досега сите што се вакцинирале со една доза ќе можат втората да ја примат до 31 јули. Вакциналните пунктови на бугарската медицинска компанија работат во реонот на граничните пунктови Станке Лисичково-Делчево и Златарево-Ново село, меѓу двете држави и граѓаните што сакаа да се вакцинираат немаа потреба од ПЦР-тестови за влез во Бугарија. Единствено требаа претходно да закажат термин за вакцинација. Според информации од компанијата, досега 3 200 граѓани од земјава биле вакцинирани на бугарската граница и ним им биле издадени сертификати за вакцинација.
Само што се вакцинирав, кој сака нека честита Супер поминав, ич не чекав, дури пред термин ме вакцинираа. Малце раката ме боле, други симптоми сега за сега немам. Ме вакцинираа со Синовак.
Па ова овака ако е, катастрофа е. Значи вакцинава ич не штити од тешка клиничка слика. 10 мртви од 350 заразени е 2.8%, а смртта од ковид е 2% во светот. Знам сега ќе речите дека без вакцина многу повеќе од тие 250к ќе се заразеле, ама нели поентата на вакцината е да спречи тешка клиничка слика и смртност?
0.3% од вакцинираните се заразиле, а се здравствени работници, да не беа вакцинирани да, многу повеќе ќе се заразеа и ќе имаше многу повеќе починати. Иначе и со Фајзер статистиките од Израел се слични, нив @Celltica мислам ги имаше.
0.00008% смртност кај вакцинирани. Мене ме интересира колку е смртноста кај невакцинирани, на 120 000?