Точно. Ама поентата е ако се заразиш, колку вакцината ќе спречи тешка клиничка слика. Како што гледаме, тука потфрлила. Не знаеме дали, и колку и од останатите ќе се заразат во иднина. Таа бројка на новозаразени е променлива и се менува од ден во ден. Единствено што можеме да видиме податоци е колку од заболените завршуваат со клиничка слика и смртност. А смртноста не само што е пониска, напротив, повисока е. Секако, ова се многу мала бројка за да се извлече заклучок, но секако не дава голема надеж.
Не може овака да се вади статистика. Ако е така ајде да вадиме смртност, не од заразените 170 милиони, туку од 7 милијарди. Ако не си сега заразен, не значи дека во иднина нема да се заразиш. Ако сега се 350 заразени од 120 000, може утре ќе се 900. Бројки се, варираат. Но, тоа што може да се види е тешката клиничка слика кај тие што веќе се заразени, а вакцинирани, и кај тие што не се вакцинирани, а заразени. Тука треба тие што се вакцинирани многу подобро да ја поднесат болеста, без тешки последици и смртност. Кон тоа и целиме, нели?
Сепак најголем дел од заразените биле асимптоматски во Индонезија, зборувам за вакцинираните. Иако сепак не се најјасни податоците таму, на едно место пишува дека 500 се заразиле вакцинирани, а едно лице починало од вакцинираните, на друго 350 заболени и 10 починати, што доста се разликува.
Ако сакаш да добиеш бројки за споредба треба да споредиш од заразените колку биле вакцинирани, колку не биле и тоа само за таа земја. Потоа од заразените вакцинирани колку завршиле во болница колку не и исто од невакцинираните. Пото од заразените колку починале и од колку од незаразените. И тоа само за таа земја. Вака споредбата на смрност на вакцинирани во Индонезија ја споредуваш смртност општа во свет. Не ти чини есапот ич. Споредуваш баби и жаби. Треба да видиш само за земјата каква е ситуацијата. Зашто срмтноста во Индонезија може да била повисока од таа во светски рамки или пониска не знам.
kako moze da se gleda cela slika, znaci 350 bile zarazeni ,10 pocinale i na tie brojki se racuna procent ,koj realno e katastrofalen ako gledame cela slika i kaj nas ke broime pocinatite so cel broj ziteli koi moze ke se zarazat,moze ne
Не можеш да добиеш овакви бројки сега, затоа што ние сме уште во рана фаза на вакцинација. Бројките ќе се менуваат од фазите, од соевите на вирусот, мутациите, од болничките капацитети, од спремноста на медицинскиот персонал, од самиот живот и други болести на пациентите. Многу варијабли се во прашање. Може по 5 години ќе се излезе со цела статистика. Ама од ова бројкиве што ги извади Ахој, ако се точни смртноста на вакцинирани заразени е 2.8%. Есапот е тој. И ужасно лош е. Синовак/Синофарм значи ич не штити од тешка клиничка слика од Делта сојот.
Кај има статистика за Синофарм? Само за таа не можев да најдам, за Модерна и Ј&J не ни барав. За другиве вакцини, Фајзер, АЗ, Синовак, има кај сите и хоспитализирани и починати од делта сојот.
Добро, ајде вака... од 120 000 вакцинирани, 350 се заразиле... тоа е мал процент ми се чини. Ама нема врска, кој сака ќе се вакцинира, кој не сака никој со пиштол не го тера... од вакцина не може полошо да ви биде, или исто или подобро, а огромна е веројатноста дека нема да доживеете тешка клиничка слика
Математиката е едноставна. Нека се ете сите 50% ефикасни. Значи од 100 луѓе вакцинирани 50 нема да го фатат. Од 100 невакцинирани, 100 ќе го фатат. Од 1000 невакцинирани 30 ќе умрат, ако е морталитетот 3%. Од 1000 вакцинирани ќе умре 1, зошто морталитетот по студијава од погоре е 0.1%. Така да секој нека си одлучи во која статистика сака да е
Па јас мислам нема популација доволно голема кај што се администрира и е многу раширен делта сојот. Ништо чудно да е иста како другите.
Е баш така се води статистика. За да видиме дали ризикот е поголем од бенефитот, треба заразата да ја разгледаме на еднаков број луѓе вакцинирани/невакцинирани. Колку од нив развиле лесна/средна/тешка клиничка слика, колку биле хоспитализирани и колку биле починати. Така се спроведуваат и клиничките испитувања. Другар ти до сега требаше на двете раци да бидиш буцнат . Како ќе одиме по невеста во Азија?
@Celltica , Ахој рече дека скоро за иста вакцина се работи и нема разлики меѓу Синофарм и Синовак. Да. Ама денес се заразени 350. По една недела може 1000 да се заразени, по 5 месеци може 10000. Тој податок ти е променлив, и затоа не можеш од таму да вадиш статистика. Убаво пишал д-р Кунгуловски. "Имаме 10 000 вакцинирани и 10 000 невакцинирани луѓе. Ако 0 од вакцинираните починат од COVID-19 и 100 од невакцинираните починат од COVID-19 тоа значи дека вакцината има 100% ефикасност." Во случајов, имаме 2% смртност на светско ниво од заразени, невакцинирани. Од вакцинирани, од репрезентативен примерок во Индонезија имаме 2.8% смртност на вакцинирани заразени. Ова се фиксни бројки, неменливи. Нема мртвите да ги вратиме. Може процентот да паѓа само, ама нема да биде 0 никогаш. И секако, ова не е добар пример затоа што се работи за премногу мала бројка. Ама првичниот есап е тој. И не знам зошто сите одма ако сакате вакцинирајте се, ако нејќете не се вакцинирајте. Дискусијата не е за тоа дали да се вакцинираш или не, туку колку е ефикасна вакцината. @Peperutce1115 , ако се води овака статистика, нема 2% смртност во светот, туку некои си 0.0000001%, вирусот е мачкина кашлица, а смртноста е статистичка грешка. Абе јесте да сум постар од тебе бе другарке, ама кај нас до неќни под 40 години не вакцинираа. Ќе ни дојде на сите редот. Може не на двете раце, ќе треба и трет пaт да не боцкаат.
Шо статистика е оваа ваква? Не мора да умрат сите што се невакцинирани, за да се рачуна вакцина дека е со 100% ефикасност. Од 10 илјади вакцинирани, ако не умре ни еден, а од 10 илјади невакцинирани умре еден, и тогаш е со 100% ефикасност.