Ако се 50% ефикасни вакцините. Од 100 луѓе, 50 ќе се заразат. Од нив 2.8% ќе починат, според статистиката во Индонезија. Тоа е 1.4 човек. Од 100 невакцинирани, не знаеш колку ќе се заразат, ама 100% нема да се заразат, пошто да беше така, сите ќе се заразевме до сега. Но, ете треба некои си 70% за колективен имунитет, па да речеме 70 ќе се заразат. Од нив 2% ќе умрат. Тоа е 1.4 човек. Ништо не сме направиле. Затоа и вакцини со 50% ефикасност не се ни пуштаат во оптек.
Мислам те буни тоа што не може да се измери колку вакцинирани воопшто не развиле болест. Таква статистика освен во контролирани услови не може, да земеш 20000 невакцинирани и 20000 вакцинирани со иста вакцина луѓе во лаб и сите да ги изложиш на вирусот и да експериментираш колку од едните и колку од другите ќе развијат болест. Вака real life тешко споредливо освен ако не гледаме дека има значително помалку хоспитализирани и починати од вакцинираната популација отколку од невакцинираната.
Па тоа. Затоа не може да се измери ефикасноста, ниту пак колку ќе имаат заштита вакцините на долг рок и против кој сој. Треба да следиме, да видиме како ќе се одвива заштитата. За сега, бројките не се добри против Делта сојот. Ќе видиме што ќе биде во иднина. @WildMk јас не сум тема на дискусија. Прескокни ме.
Најголем дел од сите вакцини што ги имаме примено пред овие актуелниве биле со ефикасност 50-60%, и во најголем дел инактивирани, па пак биле искоренети многу страшни болести. Според WHO ефикасност на 50% е доволна, затоа и ја одобрија Синовак.
Бројките се повеќе од одлични споредено со невакцинирана популација и со вакцина наменета за друг сој Само дали се доволен показател во моментов не знам. Мислам може да си скептик да, може ќе испадне за 6-12 месеци џабе да се и вакцините од сега, ама дека баш потфрлиле и НИКАКВА заштита не нудат, не би рекла. И 0.1% помалце умрени да има е успех. Зошто за животи збориме, не за предмети.
Не ме разбираш. Имаме пример, 10000 вакцинирани и 10000 невакцинирани (плацебо) во клиничкото испитување. Да речиме дека 565 души од вакцинираната група се заразиле со ковид и покрај тоа што се вакцинирани. Тоа се 5.65%. Во другата група, на невакцинирани, се заразиле 7853 од 10000. Тоа се 78.53 %. Разликата е евидентна. Понатаму, од 10 000 вакцинирани, починале 23. Тоа се 0.23%. Од 10 000 невакцинирани, починале 356. Тоа се 3.56%. Ризикот од зараза, тешка клиничка слика и смртност е поголем кај невакцинирата популација, отколку кај вакцинираната. А тоа демек до сега не се заразиле, во иднина може ќе се заразат не знаеме е хипотетика. Што би било кога би било. Може и кај невакцинираните процентот на смртност нагло да се зголеми. Зависи од мутациите, од вакциналниот процент, свесноста на народот итн.
Инаку Индонезија бара итна вакцинација на децата, затоа што има најголема смртност на деца во светот и тоа во постојан раст. Затоа ја одобрија Синовак за 12+ во Индонезија. Ова ме загрижува кај Делтата. Во Израел 50% од заразените со Делта се деца под 16 или 18 години, не знам колку се хоспитализирани.
Чекај Били малку ми е конфузно напишано, не читај . Смртноста горе што сум ја пишала не се однесува на смртност од ковид 19 туку на вкупна смртност. За да пресметаме смртност од ковид 19, треба бројот на починати од ковид 19 да го поделиме со бројот на заразени и да го помножиме со 100. Така ќе добиеме број на починати од корона во рамките на соодветната група. Е сега мене бројките ми се лупнати од ракав, така што смртноста ми излева многу поголема од што реално е.
Гле чуда, ова ќе им помогне на родителите во одлуката и скептицизмот претпоставувам да ги ваксаат децата со експериментален генетски третман на фајзер чија студија завршува тек за 2години А другите 50% се вакцинирани тоа испушти да допишеш. Унгарија исто вакцинираше 50% од популација па втора е во светот по починати читам.
Само ти испраќај бакнежи и пропагирај и продавај вакцина на форум не ти се мешам али фактите се тие и си остануваат
Ме изнасмеа бе Пепе. Не можеме ваква детална статистика да извадиме сега кога немаме ист сооднос со вакцинирани и невакцинирани. Тек започна вакцинацијата. Ќе видиме тоа здравје по неколку години. Овака само како Селтика што пиша, лабораториски примерок да направиме, сите да ги изложиме на вирусот па дa видиме што-како. Јас сум скептик, поготово со новиот Делта сој. И не ми е скептицизмот од ракав изваден, бројките се тие што ме замислуваат што ќе биде, и како. Мислам дека ова ќе трае и понатаму. Поготово со ширење на Делта сојот И, се надевам дека бар малку ќе помогнат вакцините. 1% да помогнат, и тоа е доволно.