Што вели светот, како е делта сојов со оние што прележале и се стекнале со природен имунитет со стариот сој? Има случаи со реинфекции и ако да,како поминуваат?
Синофарм, Синовак и Спутник не се признаени во сите земји. Ако планираш да патуваш, провери за државата на нет, секоја земја има свои правила. Што е крајно безобразно и револтирачки.
Ајде и ја да се пријавам тазе чипирана Не ме боли раката само ме печеше местото кај што ме боцнаа и околу првите 10 минути и ме омалакса доста на пола пат накај дома веќе мака ми беше да одам (осеќам убаво ќе спијам) За тие што ги интересира во Јане Сандански даваат да се бира дали со Фајзер сакате или Синовак, и може порано или подоцна од терминот да дојдете, исто така доаѓаа луѓе со термин што имале во Борис и нив ги примаа, генерално многу брзо и организирано одеше, само што докторите си пикнаа едно 20 души познаници пред мене али очекувано беше..
Во Букурешт да не знаете неделава со кои вакцини вакцинираат и дали може да се бира? За алергија на пеницилин не знам која е побезбедна, матичната ми кажа само не со руската.
Да, но еве матичнава ми вика не со руската и не знаеш веќе шо да мислиш.. и дека горе пишаа во јане сандански давале денес да се бира синовак или фајзер, па мислев да не знае некој за во букурешт
Се сомневам дека има можност за избор, како шо разбрав од колеги шо волонтираат во А1 арената, Фајзерот се за ревакцинација.. Инаку Ненад Лазаров ти е типичен не-доктор, само не знам од каде ја црпи оваа фантазија. Од кога лекарите почнаа да расправаат шо е добро и ефикасно, а шо не врз основа на квази-лични убедувања, желби и интереси? Како да нема завршено медицински факултет изгледа, од 4та па натаму упорно се тупи за медицина базирана на докази, ама поинтересно е филозофирање и збирање лајкови на ФБ.
Ти Јуле си за во книга Оф Боже Не си ти крива, ова за матичнава. И алергични на пеницилин се вакцинираа со спутник, знам по колегите мои. Буквално со сите вакцини можеш, во нив нема пеницилин. Значи матичниве некогаш се
Не знам што те чуди, мене лично матичен лекар ме убедуваше во непостоењето на вирусот и беше против носење маски (на затворено). Смени став кога си го донесе дома. Една педијатарка исто знам антиваксер, советува родители да не вакцинираат деца, за овие постоечките вакцини. Не зборувам за деца што имаат индикација да не се вакцинираат. Срам на професијата.
Во самото упатство за употреба на спутник објавено на официјалната страна од министерството за здравство стои како контраиндикација тешки алергиски реакции во минатото. Овој пат матичната била во право. За останатите пишува да се даваат со посебна претпазливост. Значи ако се работи за тешки алергиски реакции а не мало црвенило осип или слично. Др. Даниловски објасни во групата дека за лица со ваква историја потребни се консултација со алерголог пред примање на вакцина. Кај нас боцкаат малтене секого само наместо 15 мин ти викаат да поседиш пола саат. @Seli20 јас сум со историја на анафилактичен шок од пеницилин и тешки алергиски реакции од лекарства. Се вакцинирав со синовак, поминав добро.