Туу преку глава ми е од шпекулации! Кога веќе се тврди дека една вакцина е поефикасна од друга, нека излезе некое стручно лице со факти и статистики да го поткрепе тоа тврдење. Неофицијално, "Петличковски тврди дека Синовак не е доволна доколку немаш прележано." Навистина немаат смисла вакви муабети, ниту пак ја разбирам потребата тоа да се коментира доколку се работи за непотврдена информација. Евентуално, ќе ја дознаеме ефикасноста во скоро време.
Петличковски за тоа дали кинеските вакцини штитат од новите соеви на корона вирусот: Д-р Александар Петличковски од Институтот за имунологија за дилемите околу кинеските вакцини дали се ефикасни против делта сојот, во изјава на ТВ Канал 5 објасни дека се направени на традиционален начин, и според него би требало да штитат од сите соеви на коронавирусот. Еве што тој мисли за тоа дали кинеските или мНРА вакцините подобро штита од новите соеви на корона вирусот: - Теоретски, кинеските вакцини кои се базираат на инактивиран вирус, би требало да дадат поширока заштита од модерните вакцини кои се базираат на РНК или аденовирус технологија, бидејќи кај кинеските, целиот вирус се користи како антиген или имунизирачка супстанца. Тоа значи дека кинеската вакцина ќе предизвика различни антитела. Факт е дека бројките, концентрацијата на антитела кои ги мериме по вакцинирање со кинеска вакцина е пониска од тие што ги предизвикуваат модерните вакцини. Но, кинеските вакцини создаваат поширока, поразлична заштита што би требало да оди во прилог на поефикасно заштитување од различни соеви на вирусот. Бидејќи, ако модерната вакцина поттикнува создавање само на еден вид антитела, ако тој конкретен антиген биде променет кај некој од соевите, за очекување е дека ефикасноста на таа вакцина ќе биде помала. А овде, кај кинеските, каде очекуваме да се создадат повеќе различни антитела, реално би добиле подобра заштита. Реално, во моментов, „делта“ сојот е закана за текот на пандемијата, а единственото решение што можеме да го примениме е што помасовна вакцинација. Значи можно е да се случи некаков пораст на бројките, но тоа сигурно нема да биде од размерите на она што го поминавме кога не бевме имунизирани. Сега, во најголем дел од земјите, повеќе од половина од населението е имунизирано, па тоа значи дека двојно потешко ќе биде на вирусот да се раширува. Комплетен имунитет нема да постигнеме, но да се надеваме дека ако одговирме соодветно на вакцинирање, ќе можеме да се вратиме на нормала. Да се вратиме на нормала, значи дека треба да вакцинираме уште неколу стотини илјади луѓе, во ова време кога имаме услови и добра ситуација на терен. Затоа не смееме да се опуштиме, да се концентрираме на вакцините, за на есен да немаме нови изненадувања.
Чија е неофицијалнава информација? Не негирам, може сите ќе испаднат неефикасни. Гледаме дека секаде има breakthrough од секоја вакцина и тоа не се мали бројки инфицирани, ама намалени хоспитализации. Ама од вчера се аплицира овде Синовак, кога дојде било кој лекар во државава до таков заклучок што никаде не можам да го најдам документиран пример? Ај за било која друга да пишеа, да речеш имало време, истражувале, ама вака која смисла ја има?
Денеска бев на факс и додека чекавме за потпис/оценка, во близина беше д-р Петличковски, разговараше со човек шо се интересираше за вакцинацијата и му го рече тоа шо го напишав во претходниот пост. Не знам и јас шо да мислам за кажаното, ма да сметам дека треба да се воздржат од такви изјави доколку не постојат доволно докази... или можеби постојат..?
И сега? Пример, ако треба да бирам што финтата? Фајзер, Синовак? Не оти мене нешто ми менува, ама малце сум збунета оти и матичните не знаат да објаснат..
Како надополнување на ова, од институтот за имунологија објавија дека кај нас ќе се испитуват хуморалниот одговор кај вакцинираните со Синовак. Ве известуваме дека на Институтот за имунобиологија и хумана генетика, во тек е регрутирање на испитаници за студија која ќе го испитува хуморалниот имун одговор предизвикан од вакцината Синовак. Доколку Вие или некој Ваш близок имате термин за вакцинирање, можете да дојдете на нашиот институт да пополните информативен прашалник и да оставите примерок за испитување на антитела пред вакцинација. Со тоа ќе станете дел од нашата студија која ќе се изведува во тек на една година и ќе има за цел да ги следи концентрациите на антитела во неколку временски точки. Па ако има некој заинтересиран најверојатно може да се пријави.
И ние денес се вакциниравме со Фајзер. Јас доилка, и мм го вакцинираа со неа Иначе по колку време од ревакцинација може да патуваме со сертификатот?
Долгоочекуваниот термин ми е за утре. Арно ама вчера кренав температура од мастит. И почнав да пијам Амоксиклав. Треба да ги пијам 7-14дена зависно како ќе поминува. Матичната ми е на одмор, докторката вчера на дежурно ја прашав дали да одложам вакцина крева раменици. Доилка сум и преферирав Фајзер но би примила и Синовак. Најверојатно ќе ја одложам додека не се чуствувам подобро, се надевам ќе има уште вакцини тогаш Ме интерсираат ваши мислења?
Маж ти колку што паметам имаше потешка клиничка слика од ковид. После првава доза фајзер , на негово место јас би направила испитување на антитела пред да примам втора.
14 дена. На здравје @nadenadia одложи додека се стабилизираш потполно, Фајзер стига секој понеделник, ме е страшно
Нешто инфо за градовите низ МК,само Синовак ја има?Детево е закажано за во сабота,од понеделник кој сака,прашањево е ,дали имате инфо со која вакцина ќе се продолжи-синовак...други....Да не знае човек кој пат да фати поготово за млад кога е(18+)
Не ,не е прележан,никој од дома не сме,а сите со башка вакцини до сега сме.Свекор Астра,свекрва Фајзер,ние двајца Синофарм.За детево ми е највеќе мисла...
Има и Фајзер Лејла. Нека си праша , ако сака Фајзер. Не прават проблем кај нас да избереш. За млади важи ова.
Денеска Беќаровски си кажа во групата дека ќерка му (17) не ја вакцинира,а син му (26) го пратил во Србија од 4 понудени да боцне синофарм. Моите внуци,деца на интернисти од Загреб (24 и 22 год.)ги пратија во Белград да примат синофарм во март. Кај нив имаше фајзер,модерна и астра. Ако сака да се вакцинира,синовак е иста со синофарм. Ако не сака Синовак поради шпекулациите со ефикасноста,може и фајзер,сигурно ќе има и во вашиот град.
Тоа е таа "елита". 20 вакцини да имаат на избор ќе си ги пратат децата во друга држава да ја примат баш таа една што ја нема. Порано нашите доктори вакцинираа или купуваа вакцини од Грција Иста параноична раја ко останатите што коват теории на заговор само од повисок ранг.
@LejlaD Мислам за Фајзер зависи и кој град, зошто не се сите оспособени за чување на Фајзер. Ама каде точно носат, не знам. На крај ќе испадне џабе толку мислење. Младо е детето што и да прими ќе е доволно за него. Не е некоја ризик категорија. Ама ако си сака Фајзер од 12ти и Скопје може да го примат, ако не му дадат кај вас.