Не ни е приоритет Фајзер,не ни знам дали за секој ја има овде кај нас,врски дебели фаќаа ради патувања.Синовак како и Синофарм ми се ај да не речам безбедни,по стара технологија,но она што го читаме за ефикасност ми мати....каша попара не направија со информации...
А елита, да не вакцинираше Србија доброволно луѓе од регионот,ќе имаа за бирање,и детево на Беќаровски и овие моиве. Ќе чекаа дома.
imam termin vo sabota za vakcina e sea neli mozelo bez termin da se vakcinirame ako ne otidam dali bez termin kje mozam da se vakciniram momentano vo dr grad sym pa dali moze vo driov grad tuka da se vakciniram da ne idam do skopje?
Се вакцинирав денес со Фајзер во A1 арена, само таа ја имаа, барем јас кога отидов (околу 6 попладне)
Тие утре што ќе се вакцинираат на кој датум им закажуваат ревакцина, 21 ден паѓа на 30ти јули, тогаш ли е?
Исто и јас и мм, денес со Фајзер. Се зачудив ептен дека има толку на залиха. И ние бевме после 18,гужва невидена.
Ние вчера накај пладне бевме, немаше толку ваљда ради топлото. Се на се за 40мин завршивме. Денес јас со болки во рака, мм мн омалаксан ..
Плус и коментаров му е врв! Значи изјава од доктор еј Наместо докториве да излезат и кажат прележани да не се вакцинираат, упорно си тераат со пропаганда и после зошто имало гужва и немало доволно вакцини. Кога не би се вакцинирале прележаните, побрзо ќе добиеја термин останатите.
Денес бев кај матичната.Ми се активирала алергијата(носот ми тече,кивам и малку грло ме гребе),а имам термин од вчера за вакцина.Дали некој примил вакцина а е под терапија за алергија,како на пр.Аериус,Лоратидин,Флексоназе?
Всушност јас мислам и нема што лекарите да излегуваат со ставови секој втор ден. Од тие "ставови" и фб лекари на народот му е хаос во главата, две мислења не се поклопуваат едно со друго. Сите станаа јавни фб или медиумски фаци во пандемијава. Државата нема стратегија за вакцинација и тоа е проблемот. Нема што да чекам лекар во весници да ми каже кога да се вакцинирам, треба да си постои ред по кој ќе се оди, каков и да е, да важи за сите. Ако некој прележан сака да се вакцинира, нека повели, ама кога ќе му дојде редот. А инаку, немам многу доверба на македонски лекари, овие постовите што се ставаат на темава од македонски лекари скоро и да не ги читам, моето искуство со нашето здравство и "врвните" стручњаци ми покажало дека во оваа држава ретко се наоѓа некој стварно стручен. Особено па за вакцините, два става не им се поклопија на два лекари. Секој си тера по сопствено убедување. Повеќе штета направија него корист.
Јас. Ако чекав да ми заврши алергијата, во октомври ќе требаше да се вакцинирам. Даселта и флексоназе користам, т.е. флексоназето поретко, не го сакам. Со активна алергија се вакцинирав, фајзер имаше тогаш. На пункт воопшто не спомнав за алергијата, читав дека треба со редовна терапија да си продолжам и така направив. Ако ти е страв, можеш на пункт да ги прашаш докторите
Јас сум со алергија на се и сешто и пијам авил и лоратидин ( во моментов лоратидин ) .... за се им кажав и хашимото и за алергија на лекарства на инекции на таблети , само ми рече девојката во тој случај фајзер ќе мора да те боцнеме.... толку беше дискусијата А мм примаше тетанус точно пред две недели поради повреда , за него малку ја тегнеа работата баре уште два дена да почекале , незнам што незнам како и на крај и него го боцнаа ....
Денес кога бев сите со термин одбраа фајзер едино јас синовак и сеа се премислувам можеби подобро фајзер кога имав опција.. зашо сите фајзер одбраа не сфаќам
Леле и мене толку ми е на мисла која да ја одберам.Колку повеќе човек размислува толку повеќе се збунува.А не сум пак ни стручна за да знам која вакцина би ја одбрала и од која причина.