Завчера се вакцинирав со Фајзер по моја желба, до сеа немав никаква реакција освен раката што ме болеше малку, се надевам дека нема да имам ни по втората доза
Ako ti dadat da biras..nekoi denovi davaat nekoi ne, se slucuva odsabajle da dadat popladne ne ili obratno..izgleda zavisi kako se raspolozeni vcera na moj pijatel ne mu dale sinovak da baral fajzer aj da ne mu dadat posto site ja baraat ama ete ni sinovak ne dale da izbere
Исто на дел пријателиве што се вакцинираа деновиве, сакаа Синовак, ама не им дале, им рекле немаме во моментот, па Фајзер примиле. Изгледа зависи како се со залихи во моментот.
А вчера пак на сестра ми и зет ми им рекоа дека може да бираат една кабина само била со Синовак,другите фајзер.Како и да е бидна,се боцнав со фајзер па сега што биде нека биде.
Pfizer бара да се одбри од регулаторните тела на ЕУ и САД аплицирање на трета доза заради забележан пад на имунитетот после 6 месеци од ревакцината. Сепак според изјавата, тврдат дека сеуште е ефикасна во спречување на развој на сериозна болест: https://www.reuters.com/business/he...vid-vaccine-delta-variant-spreads-2021-07-08/
Додека сиромашните земји не се воопшто вакцинирани или се во многу мал процент, ѕверовите како САД ке аплицираат и трети дози. Многу фер и хумано
Очекувано. Па тоа баш беше поентата на тој документарецот, не знам дали го постирав некаде, дека богатите земји ја продолжуваат пандемијата. Прво набавуваат огромни количини на вакцини кои често и пропаѓаат заради рокови, зошто вакцинацијата е ограничена во брзина, а второ дека гледаме дека баш новите соеви се појавуваат на места со ограничен пристап до вакцините. Се појавуваат нови соеви, постоечките вакцини се сé помалку ефикасни, пандемијата си продолжува. Реално и за Фајзер не ни може масовно да се аплицира во сиромашни земји, заради начинот на чување, само напредните земји имаат капацитети за ладен ланец и чување на поголема количина на Фајзер. Особено за транспортот.
Јасно ми е, ама нехумано. Како што вели видеово (на кратко само, верувам иста содржина на тоа ти што мислиш), богатите земји самите прават пандемијата да трае повеќе
Без теории на заговор другар. Нема хуманост никаде туку бизнис,не три дози туку уште 3 ќе препорачаат . Туку што се случува во Луксембург,Северна Ирска. Се чини дека фајзер и векторските ги фризирале резултатите со ефикасноста
Што се случило, не сум видела? Инаку бизнис дека има во се е факт, само целата работа е што се отиде предалеку во прво потценување на тоа како лошо ја минавме пандемијата, демек јас лесно минав, што има врска, младите да не се вакцинираат, а второ тотални небулози за цензура и слично, што не е така. Барем тоа е мое мислење. Има многу рационални мислења за и против, ама има некои и за и против што надвор од границите на разумот се. Ако некој гледа друг излез, нека не се вакцинира. Јас лично не гледам. Да не беше медицината и фармацијата бизнис, ќе направеа некој прогрес во хроничните болести Ама прогрес медицината има само во акутните состојби. @Ahoy тоа е поентата, само ваму беше многу подолго и подетално. Имаше податоци за бројката на вакцини кои ја набавуваат, со која можат да покријат двојно повеќе од самата популација на земјата. Имаа податоци колку вакцини се уништени заради истек на рок или заради тоа што не им се исплаќало да ги донираат заради ладниот ланец. Генерално, малце обесхрабрувачки беше.
https://www.reuters.com/business/he...ossible-side-effect-mrna-vaccines-2021-07-09/ Се чини дека и Фајзерициве не се толку златни како што нели им удрија реклама. АЈ баш да видам дали ќе пробаат да не ги препорачуваат или само Астрално Зенека ќе остане нели жигосани зашто чини десет пати помалку од Фајзерот. Кај ќе им оди душата бре на овие манипуланти. Да не форсираа толку само една вакцина немаше да има ни толку антиваксерско движење нит толку страв од вакцина која реално помага. Под вакцина која помага мислам на сите можни вакцини што постојат не само овие „златниве“ што се форсираат.
Јас некако мислам дека е и повеќе од очекувано да се развие некој нус ефект кај мрна вакцините. Факт е дека прв пат се аплицираат масовно. Мрна не е нова, ама не е ни масовно користена технологија. Може во иднина и ќе ги подобрат и ќе добијат некоја друга, уште покорисна намена. Ама добро рече една членка, некоја генерација мора да е првата. Едноставно не е можно да се направат сите испитувања во клинички услови. Но, се согласувам дека предизвикана беше многу недоверба во другите вакцини, што го зголемија скептицизмот спрема вакцините.
Ова веќе е внесено во упатството како сајд ефект. Не е ново ова. Малта ја затвора границата за невакцинираните
За споредливоста на вакцините и нивната ефикасност, во контекст на една од дискусиите од погоре за разликата од клинички студии до реалниот живот:
Зависи од држава до држава мислам и зависно што ќе донесат како одлука. Вака рано е било што да се каже, не знам кој би знаел. За Малта еве нема да признаваат друг сертификат освен издаден од Европска Унија, УК или Малта. Така да може и нашиот да не важи без разлика која вакцина е.