Мене ме интересира до кога мислат селективно да пуштаат влез повеќето држави само со пар вакцини, т.е. да не ги признаваат источните вакцини? Пола и повеќе планета ќе биде со руски и кинески вакцини, демек нема да можат да се движат и влезат повеќе во еу земји?
Додадено е на 25 Јуни. Еве линк види https://www.fda.gov/emergency-prepa...019-covid-19/pfizer-biontech-covid-19-vaccine. Убаво стои последно ажурирање. Само нема медиумска фама како за Астра Зенека. И никој бе вика да не се прима Фајзер кај одредена група луѓе (млади мажо кои најчесто развиваат миокардит по вакцината), како што ја уништија конкуренцијата. Наместо да се бориме се повеќе луѓе да се вакцинираат некој се бори само за профит. Фајзер нема шанси да се аплицира секаде (посебен транспорт, посебно чување и слично). Се дигма фама околу вакцинација за да се исфорсира една вакцина, за да се делат луѓе, за да се дискриминираат луѓе за профит. Инаку сосема е нормално да има има нус појави. Истите се ретки кај секој лек и кај секоја вакцина. Тоа не е спорно. Ама фамата е спорна.
Пишал некој имунолог на ФБ дека во инактивираните вакцини има алуминиумски соли, паника меѓу народот дека алуминиум ставаат во вакцината. И јас не знаев што се, побарав, очигледно се користат уште од 1950 година во вакцините и се безбедни и одобрени насекаде и се користат за да се зголеми имуниот одговор. Сите сме примале вакцини кои имаат алуминиумски соли. Сакам да кажам, мислам дека многу штета прават вакви половични информации зошто луѓето не се доктори. Или убаво нека објаснат термините што се, или нека не предизвикуваат непотребна паника меѓу луѓето, особено оние кои веќе примиле таква вакцина. Го побудалеа народот тотално. Мислат ли дека некогаш ќе прочита некој постар, 90% се со Синофарм вакцинирани. Беспотребни стресови им прават на луѓето. Сериозно ми е преку сѐ од вакви работи, не се должни луѓето да се доктори, најголем дел не можат ни да проверат информации, па уште наши портали ги пренесуваат и завршуваат како вести. Бангладеш е поарен. Срамота.
Ооооо,не од ум што ме извадија,туку од оска ме поместија,поготово и детево од како се боцна.Тоа црни сценарија што ми изнакажаатотален промашај да се осеќам(како родител)
Глупости Лејла аман, сите експерти станаа. Многу им е гајле на тие што ти зборат за детето, само буцкаат. Јас сум за да се знаат сите нус ефекти зошто тоа можеби некому ќе му помогне, може ќе се обрати на лекар ако види нешто дека не му е добро, или барем ќе знае дека е очекувано, ама ова како тргнало, слушнато, недослушнато, кажано, недокажано. Први за сензационализам и за ширење негативни неточни вести. Најлошо е што медиумиве се нафаќаат на фб постови еј. Жити професионализмот во новинарството. Таман работа да се осеќаш како промаршај, сите правиме како што мислиме дека е најдобро. Во државава сам свој лекар очигледно. Се надевам сѐ ќе е добро Опушти се
Докторот скроз требало да објасни за што точно се работи, пошо ова не само шо ич не е новост, туку има голем потенцијал за напад, со старата аргументација и за овие вакцини. Антивакс тоа чека. Ќе се рашири сега со брзина на светлината исто како за редовните по календар. Небулози, поради кои процент на колективен идеше се подоле и подоле. Тоа се иначе адјуванти (алуминиумски соли) и добро е познато дека ги има. Исто како и протеините. Го напуштаат организмот скоро по вакцинација, за неколку дена. Има алуминиумски соли и во таблети, во мајчино и вештачко млеко и во храна. Адјувантите им се иначе еден од аргументите за аутизам. Не е вака само кај нас, ами на глобално ниво се чери пикинг фактите.
Апсолутно, буквално истото го прочитав кога барав, ништо ни сензационално, ни ново. Да не зборувам дека никаква поврзаност немаше со остатокот од постот, онака фрлено беше измеѓу само Сосема си право дека се чека на тоа зошто одма се рашири како нешто најстрашно. Буквално како сакаат си толкуваат факти. Чери пикинг на факти е правиот термин баш. Истото и за ефективноста на вакцината, истиов лекар пропагирал против АЗ и кинеските, зошто се покажало дека има повторно инфекции и толку. Дал само табела со ефективност на делта од healthdata.org. Пишал како информација овие вакцини се под 50% ефикасни на делтата, според СЗО ова не се ни вакцини. Ни податоци за колку од заболените вакцинирани се лесни, дали има хоспитализации, колку се починати и споредба со невакцинираните. И дел од луѓево прочитале, сега мислат дека згрешиле зошто примиле вакцина, демек секако не ме штити. А секаде каде што читам многу поголем е бројот на тешки случаи кај невакцинирани, отколку кај вакцинирани, иако има и такви кај вакцинираните. За скоро сите вакцини. Среќа немам фб да ги читам, само screenshots видов, се изнервирав и од толку.
Не се нервирај, титула за вакцинално нервозна феминка ќе ти дадеме. Врти, сучи пак само фајзер се добри вакцини, а? Де кажете во која вакцина дрога тураат, ќе ми треба до крај на годинава
Дечки плис хелп. Вакцинирана сум фајзер пред 2 недели. Сеуште осеќам вртежи во раката. Дали е ова нпрмално? Нека тоа, многу читав деновиве за фајзер и поврзаноста со срцеви болести и сум испаничена. Буквално имам пецкања по раката и околу срцето,незнам дали е од анксиозност или нешто ми се дешава? Преплашена сум за втора доза
Не е срцето олабави се. Не чирај глупости. И тоа за Фајзер со миокардот е исто како и кај АЗ со тромбовите. Луѓе не читајте се и сешто. Се експерти на светов изникнаа. Аман веќе.
Нема потреба кога веќе си се вакцинирала отпосле да читаш и се мачиш дополнително. Провери си ако ништо лично за свој мир па понатаму со тоа одлучи си дали ќе примаш втора доза ако ти е полесно и со помош и консултација со лекар,сепак твоја одлука.Поздрав
Споделил на фб, дали јавен бил самиот пост не знам, ова подолу ми го пратија. И порталите секако, го цитирале токму алуминиумскиот дел. Делот за вакцините никако не можам да го најдам скриншотот, ќе побарам да ми го пратат пак
Ах па ова не било напишано од доктор, туку од професоров од Битола што прави анализи, еве го постот https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1071897116672139&id=100015555820636
Гледам, сум сфатила погрешно. Искрено навистина не го знам, не ги пратам луѓево кои прават анализи и не им ја знам позадината и експертизатa, повеќе ме изреволтира начинот на кој се шират секакви информации, надвор од секаков контекст. Навистина мислам дека луѓево се во тотална конфузија.