Тој па тој Ду***ва ми ја отече со неговите анализи. Да е толку паметен ќе му биди срам да објаснува за нешто за кое нема појма, а тоа е медицина. Ама како беше онаа поговорката: првиот знак за глупост е целосно отсуство на срам. Тоа е ....
А тие под 21 Лижавче? Шо е ова дискриминација Мислам медицинари ако се бават со математика, зш да не математичари со медицина, еј какви сте па вие
Статистичар е чоеко. На страна теорииве од медицински аспект, статистиката која ја правеше му беше точна.
Пред 5 дена се вакцинирав со Фајзер. Првите 2 дена имав само главоболка. Но од 3 ден па навака, грло ме боли, поткашлувам и сеуште ме боли глава. Дали некој нешто слично му се има случувано?
Да не знае некој вакциниран во Србија дали и како може да се симне зелен Ковид пасош бидејки не ми стаса на маил..ми стаса само потврда за втора доза, но не и серификатот..
Женски едно прашање, грлото ме боли, дали смеам да се вакцинирам? Или колку време би чекала? Буквално немам ништо друго, ни нос, ништо само грло ме греби, а денес требаше да се вакцинирам. Матичната не знае да каже точно, затоа тука прашувам некој со слично искуство. Фала
Можеш да го симнеш од е-управа. Напиши Kovid sertifikat za stranca. Има и посебна тема тука на форумов вакцинација во Србија и таму имаш подетални упатства. Мислам дека сепак ќе треба и ливчињата печатени да ги носиш со тебе во некои земји.
Токму матичната треба да ти каже. Да ти го прегледа грлото, да направиш кс и да процени. Грло може да боли, гребе од разни причини, ама врз основа на кажување никој не може дда ти каже. Ќерка ми, 6 години имаше болк во грло, па наредни неколку дена температура, вирус бил во прашање. Така што само тоа е лекот или на пунктот да те прегледаат, друго нема.
Мене од алергија ме гребеше грлото, таму ме прегледаа, ми измерија ТТ и ме боцнаа. Ако немаш ТТ можеш. Ама пред вакцина правев и ЦРП за секој случај.
Читав по некоја од темиве за случај каде што се примаат лекови за алергија, дека не е проблем да се вакцинираш, само сега не можам да ги најдам. Јас моментано пијам таблети за алергија, од кои сум ептен поспана, а и користам спреј за нос. Дали да ги прекинам ден-два пред вакцината или да си продолжам нормално со нив? И дали треба да напоменам пред да ме боцнат?
Не треба,Јас се вакцинирав во петокот,а примам терапија за тоа.И од тука некои членовии,кои се на таква терапија,пишаа дека се вакцинирале без да ја прекинат истата