Мене со Синовак ми кажаа 7 дена. Вчера по 9 дена се напив алкохолен коктел. Со било која да е мислам дека барем 7 дена треба да се издржи. Не дека ќе ти наштети, ама за да не се намали ефектот од вакцината.
Ај да тргне работава. Се вакцинирав со Синовак, жал ми беше што немаше надвор подобра организација. Стари луѓе, едвај одат на жешкото.. За внатре вистина немам зборови. Мора да го пофалам персоналот, внимателни и смирени. Не ко некои да викаат. Жената што ме боцкаше беше кул, страв ми беше од иглата и толку ме опушти алал да и' е.
Околу две недели има поминато. Дали би влијаело на ефектот? Секако, во нормални количини, да речеме алкохолен коктел?
Се вакцинирав во Ниш со фајзер ама за ревакцина за жал нема да можам да отидам таму. Дали ако се ревакцинирам тука ќе го добијам ковид пасошот? Имате ли некаква информација?
Кај мене малку каснеа со одговор за ревакцина ама тоа е оди во борис и ќе те ревакцинираат.. Таму е сега само за ревакцина. И пријави се ако уште стои сајтот за ревакцина за да знаат отприлика колку фајзер ќе им требаат
Може да влијае на имунитетот само ако долгорочно прекумерно консумираш алкохол. А инаку не препорачуваат алкохол бидејќи после вакцина треба да му помагаш на телото да се избори што полесно против вирусот, значи да јадеш лесни работи и да пиеш течности. Алкохолот е обратно од тоа, ќе те дехидрира, што не значи дека ќе направи uno reverse на цела вакцина, туку едноставно ќе ја одолговлечи работата. Јас пиев и на петтиот и на осмиот ден. Тебе по две недели буквално ништо нема да ти биде, уживај.
Само јас не пиев... До 5 недели после ревакцина. Не дека сум некој пијач, ама тогаш скроз баталив алкохол. Како нуспојава да пријавам дека ако порано можеше една лименка пиво од 330мл да ме замае, после вакцинава лименка од пола литар не ја осеќам дека сум ја испила Со Спутник сум иначе вакцинирана, ќе да има нешто... Да се насмееме дечки, не ме сфаќајте сериозно
Гарант и вотка има во спутникот..не се секирај..затоа е така Јас испив чаша џин тоник истиот ден после првата вакцина.. после вторава уште не сум пиела Туку ти па кај најде спутник у лепи град београд? и јас сакав модерна или спутник, ама ај фајзер за поблизу дај шта даш...
Тука во Скопје се боцнав, уште првите вакцини кога беа донесени, во март, ревакцина во април. До крај на мај алкохол не пиев. Изгледа доволна ми била вотката од вакцината
Како оди сега ова без термин? Одиш дирек во Борис или по клиникиве вскцинираат и до колку саат работат?
@Annath да удрам и ја сега на вотка тогаш. Да проработи чипот ко што треба. @quattro добри вести се ова. Има намалување во серолошката активност (статистички значајна) и очекувано најмногу кај Јужно афричката варијанта, ама се на се добри вести. @VDT2906 во здравствените домови Различно работат за вакцина здравствените домови. Во Скопје работат од 7:30 до 19:30 (Од утре вакцинирање без закажан термин (slobodnaevropa.mk)).