Рускиот институт Гамалеја потврди дека Спутник В е високо ефективна против сите соеви и мутации, вклучувајки ја и идната опасност т.е Делта-Индискиот сој, како и јужно африканската и други. Проблемот кај нас е тоа што водиме контра руско-кинески политики и протеруваме дипломати и ориентирани сме само кон западот.
Јас со Спутник сум вакцинирана, така што ова ми е добра вест. Ефикасноста е нешто помала за Делта сојот, ама не е страшно помала што е уште подобро. И јас се согласувам дека за вакцините ич не бевме прагматични. Земавме да се улижуваме на ЕУ најмногу и ептен се зезнавме (зашто ЕУ и сама се зезна). Тек сега имаме отприлика ОК број на вакцини за масовна вакцинација.
Кај може да се пријавам за ревакцина кај нас? Може линк? Треба да примам ревакцина во Србија но најверојатно нема да може да одам и не ми се ризикува.
Само во поликлиниките, во борис само ревакцина Од 8 до 16часот До 10ти или 12ти мислам беше отворен линкот за пријавување за ревакцина, веќе не е. Пробај оди во борис трајковски..
Јас не го најдов линкот за пријавување. Мене ревакцината ми е на 26ти, па ако одиш претходно во Борис те молам сподели искуство.
Леле ете зошто и мене се повеќе ме тера на алкохол.Со другарка почнавме наместо кафе пивце да си пиеме.
Дали смее лице со автоимуна и високи антитела (од автоимуната) да се вакцинира, и ако да со која? Прашано е доктор, различни ставови.
Препорачливо е да нема жив вирус во вакцината, значи може Фајзер и Синовак од моментално достапните кај нас, не АстраЗенека.
Jas taka so tie peckanja okolu srceto site kliniki gi isetav i na kraj elicea mi pomogna Sepak ako ti e prv pat so takvo cuvstvo, trkni do internist, ali kaj mene anksioznost ispadna
Да со синофарм после 6 недели од 2 доза игг 0 никакви антитела, бев на имунологија нели велат на тв да не се испитуваат антитела. Имунолози беа тројца кажаа дека жената нема заштита никаква ако се 0 антителата на прашањето дали да прими трета рекоа дека досега 2 од мк примиле трета во србија на своја рака и дека треба сами да одлучиме што е и логички бидејќи несмеат ништо да кажат
Имам прашање...минатата недела на 08 добив термин за вакцина во Борис со прва доза...Терминот важи една недела? Фала ви! Пошо читам дека во Борис примаат само за ревакцина..
Министерството за здравство информира дека на ден, 14 јули, ќе се изврши теренската вакцинација во поголем број населени места во секоја од следните општини: – Скопје: Петровец, ‘Ржаничино, Огњанци, Ќојлија, Горно Коњари, Средно Коњари, Долно Коњари, Чифлик, Сушица, Катланово; – Кратово: Туралево, Шлегово; – Виница: Пеклани, Трсино, Трстија; – Демир Хисар: Стругово, Кутретино, Суводол; – Струга: Мислодежда, Богојци, Поум; – Крушево: Бучин; – Ростуше: Маврови Анови; – Струмица: Раборци, Попчево; – Неготино: Црвени Брегови, Курија, Војшаници; – Пробиштип: Ратавица; – Валандово: Дедели и Собри; – Берово: Двориште; – Кочани: Спанчево; – Кичево: Црвивци, Мамудовци: – Кавадарци: Сопот, Марена: – Битола: Буково, Крстоар, Бистрица, Олевени, Барешани, Канино; – Охрид: Горно и Долно Средоречје, Грко Поле, Лешани, Велмеј, Брежани; – Македонски Брод: Брест: – Велес: Мелница, Лисиче, Г. Врановци; – Крива Паланка: Жидилово, Узем; – Кумановски и Липковски Регион: Младо Нагоричане, Војник, Стрезовце, Орах, Ругинце, Дренак, Клечовце, Зубовце, Јачинце, Довезенце, Бељаковце, Мургаш, Новосељане и Косматац; – Штип: Стар Караорман, Нов Караорман, Таринци. Процесот за теренска вакцинација е организиран во соработка со здавствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници, информираат од Здравство. Од Министерството за здравство додаваат дека секојдневно ќе информираат преку соопштенија за денот и местата за теренско вакцинирање против Ковид-19. ©Makfax.com
И мене ме интересира истото. Во кои поликлиники во Скопје вакцинираат со Фајзер? Поконкретно за Поликлиника Букурешт кои вакцини се достапни таму?