Дали може првата доза да се прими во еден град, а втората во друг? Конкретно на денот за ревакцина (а и деновите што следат) не можам да сум во родниот град, морам да сум во Скопје.
@Ahoy можеш да пишеш каде се вакцинира во Скопје? Кои се вакцинални пунктови? Знам дека салата веќе не е.
Во Борис за ревакцина и за вакцина тие што се со термин. Поликлиниките за тие без термин. Така што ти во Борис нормално ќе си одиш.
Може само ќе си прашаш каде што ќе се ревакцинираш дали имаат од соодветната вакцина за да те ревакцинираат.
Утре ќе се вакцинирам, малку ми е страв .. која би одбрале меѓу модерна и фајзер? Дали би ми дале некоја препорака. Благодарам.
Скоро исти се тие, брат и сестра Модерна е чисто Американска, Фајзер е пола Американска пола Германска, ако значи нешто
Нема од што, супер си се двете Фајзер мислам дека на светско ниво има повеќе аплицирани дози од Модерна, иста технологија се, нема некоја особена разлика Што ќе ти дадат- тоа
Шо препорака... Замижваш и скокаш! На толку муабети шо се изначитав/изнаслушав и мене страв ми беше... исто како ко бев прво одделение и кога не вакцинираа. Откако ќе се вакцинираш ти велат да поседиш 15 минути, за обсервација. На првата доза... само шо седнав, една жештина ме облеа по грбот. Е сега, то ми се случва и од ансиозност, ама и така сум тука и упрпана, реков, ај да се консултирам со докторите, да не ми е од вакцината. И одам кај пунктот на брза помош-вака и вака... ама имам и историја на анксиозност. Ме гледаа лилаво, ама не беа непријатни... само ми рекоа тие 15 минути да ги отседам тука, до нив. Еден од докторите ме праша дали примам нешто за смирување и ми рече да си швркнам едно апченце. Го послушав... Излегвам надвор, ко ете ти една другарка... и таа да ти се вакцинирала во исто време. И таа упрпана ко мене Па седнавме си попрајвме муабет, се позаебававме и се смиривме една со друга. Срам да ни е. Жени по 45 години, се испостравме од една вакцина
Нормално е да ти е страв Посебно кога слушаш 'хорор приказни' секаде околу тебе. И да се измислени, пак ќе ти е шубе, оти никој од нас не сака да биде болен, или не дај Боже да умре (од вакцина во случајов)
Ме интересира дали може да се промени терминот за вакцина? Пример закажано ми е во 12 часот а јас да појдам во 16h? За првата доза џабе имав термин, ме боцнаа 1h подоцна, па затоа мислам дека не им менува многу..