Каде да закаже сестра ми, полни 17 год за фајзер? Матичната и рекла дека нема и дека лажат на тв @Ahoy дај оправи ме
Џзс, што им е бре на матичниве?! Лажат?! А нема ли таа матична искусуство со пациенти и нивни деца кои се вакцинирале веќе или и тие лажат?! Стварно да се замисли човек кому му доверува свое здравје.. Нека си се регистрира на vakcinacija.mk и нека очекуваат мејл да им дојде како потврда дека е регистрирана. После некој ден ќе и дојде и мејл со термин. Ќерка ми ја пријавив со мојата мејл адреса минатиот понеделник, во петокот добив мејл со термин и се вакцинираше овој понеделник со Фајзер. СМС не добив, мислев ќе има ко за мене што пратија ама немаше. Така да добро е да се проверува мејлот редовно.
Здраво, сакав да прашам , знам дека Битола пред една недела се одеше за вакцинација без термин , дали сеуште можи да се дојди така или мора да се закаже ?
Зошто кога ќе се најавам на сајтот ми излегува дека првата доза ми е синофарм а втората ми е фајзер? А со синофарм се вакцинирав. Сертификатот си е ок, таму стои синофарм. @Ahoy ?
Имаше некоја членка слично вакво нешто пишано, дека две различни вакцини и стојат, мислам рече дека е грешка во сајтот.
Кај нас се одлучи да се дава втора доза на астра зенека на 6 недели растојание. Вчера читам кај професорот Даниловски дека колку побрзо се даде втора доза толку се намалува дејството на вакцината. И сега чаре? Со неа се вакцинираат лица шо се во ранливи категории.
Може без термин секаде. Да не ти миксаа? Шала на страна, грешка на сајтот е веројатно. Штом е на сертификатот како што треба, нема гајле. Ај скенирај го кодот од сертификатот и види што ќе каже
Не опаѓа значајно ефикасноста, а процентот на заштита од тешка форма на болеста и смрт останува ист. Речиси секаде каде што се користи АЗ, пример во Велика Британија и Австралија, се скрати периодот меѓу двете дози за лицата вакцинирани со неа побрзо да развиваат појак имунитет поради Делта варијантата, односно да имаат што побрзо примени две дози.
Се пријави, ви благодарам за инфо, пошо у наше село вакви инфа не даваат Матичната си ги боцкала нејзините во србија со фајзер.. кај нас немало фајзер успешно се пријави сестра ми само не знам дали боцкаат во нашиот град фајзер се тешам во штип ќе и закажат или само скопје има??
Мишко во биполарен стил денес- За да се постигне колективен имунитет на населението треба да се вакцинираат над 80 отсто од граѓани машала,секако прележани не се важат. https://sitel.com.mk/za-kolektiven-...od-gragjanite-226-aktivni-sluchai-so-kovid-19 Додека Во Мај беше друга приказна Сега е временски период во кој ние треба да постигнеме процент на вакцинација којшто ќе биде доволен за да се стекне таканаречениот колективен имунитет. Колкав е тој процент? Тоа е некаде околу шеесетина проценти. https://www.slobodnaevropa.mk/a/филипче---до-крајот-на-летото-очекуваме-колективен-имунитет/31242713.html
Еве ме пак јас досадната со прашање.Ќе ве молам мислење за Астрата,кај детево со неа боцкаат,за Фајзер треба да чека,до кога не се знае.@Ahoy?Да си почека или?
Kolku vreme pred I Po vakcina ne treba da se pie alkohol? Prasuvam za moite.Na 8 avgust se na svadba I sigurno ke se napie tatko mi neshto a denovive sakaat da primat prva doza.
Кажвај и ти што ќе одлучиш те молам.Еве Ахој вели ска проблем.Помалиов со Фајзер се боцна,сега поголемиот го мисламАко тргниме по се што се има пишувано и фајзерот не е наивна,и таа има нус појави,ама и аналгин има нус кај некои.Со Астрава исто,само политика и пари да не е па затоа не ја бива
Претпоставувам за Австралија зборуваш, таму се само Фајзер и АЗ?! Ако да, редовно им следам CoronaCast, каде дебатираат за состојбата таму и како што разбрав, Фајзер за младата популација таму ќе биде достапна тек некаде во 2022г., а до тогаш само АЗ. Јас на негово место воопшто не би се мислел да одам со АЗ, нека не го плашат тромбовите, тоа е ептен ретка појава, исто како кај Фајзер миокардитис и перикардитис.