Да за таму се работи,да си прашам поарно,оти едново деми на душа го зедов,па сега и другово.Тоа коментарите такви беа де...Единствено на Бактрим има алергија...
Не мисли така, за добро си ги вакцинирала не за лошо. Се има нус ефекти, но се ретки. Се ќе биде во ред.
Не е до мене,тоа е мислење на грото околу мене...Јас знам дека и аналгин со нус појави можи да биди за некој,ама...
7 дена после боцкање се препорачува да не се пие алкохол за да не се намали ефектот од вакцината. За пред мислам дека нема врска, не знам точно.
@Ahoy и стигна термин на сестра ми ама не пишува дека е со фајзер? Каде треба да праша? И стигна за во нашиот град
Би требало да имаш опција од самиот телефон кога ќе отвориш камера, ама тешко ми е да објаснам вака, зависи и од телефонот. Полесно ми е да ти кажам да си спуштиш апликација од Play Store/AppStore за скенирање на QR кодови Пример оваа:
Фала ти , решивме проблем, сестра ми цел ден беше лута оти не се вакцинира сеа среќна е благодарејки на тебе ја оправивме
Планирам да се вакцинирам два три дена пред одмор. Па прашањето ми е дали не смеам да се изложувам на сонце подолг период или само еден ден?
На мајка ми кога се вакцинираше (со Синофарм) и' рекле 3 дена да не се изложува директно на сонце, зошто не знам. На татко ми кој во исто време се вакцинираше ништо не му рекле, ниту пак некој од другиве познати знам да добиле таква препорака
Мене ништо не ми рекоа. Буквално ништо. Јас се вратив да прашам дали смеам да пијам алкохол, тие ми рекоа не, ама јас пиев. Толку треба да знаете за мене
Еднаш пиев антибиотик, и не ми рекоа да избегавам сонце, а лето беше...по некое време, детето пиеше атб ми рекоа сонце да избегава...и после фаст форвард, ми текна од кај ми е алергијата на сонце...и така.
Не верувам дека е нешто со ефективноста на вакцината, поише изгледа за да не и сè слоши или нешто во тој стил. Јас пример, после тоа цел ден бев баш на сонце и ништо посебно не се деси.
А дали би примиле само прва доза вакцина па да одите на одмор, или би чекале да се вратите па целосна вакцинација? Дали и со една доза (Синовак) ќе се има некаква заштита или во случај на зараза со ковид би било полошо?
Би требало да е полезно дека колку-толку би имала некакв одбранбен механизам (антитела или сл.) што ќе го нападне вирусот пред да почне да се размножува.