БСЖ или Тетанус нека те боцнат. Што ви е луѓе какви се овие глупости, мешате вакцини.. Синовак ќе си примиш и тоа е. Сите експерти станавте за вакцини. Остајте тоа во Германија што мешаат.
По два месеци се вакцинирав со Фајзер. Исто како Референтка. По првата доза имав поголема болка во раката. По втората помала и некоја тапа главоболка и поспаност.
Ме претрка Па, види вака...одличен аргумент и смисла. Ќе носам маска, ќе седам дома, ќе ми се ограничува движењето, на сметка на некој што се занимава со теории на заговор, масони, илуминати, третото око, чипови, мрежи, идиотизам и ренесанса. Не знам што е спорно да ја направат вакцината задолжителна...Ама сериозно. Ќе молам, ќе прашувам, ќе апелирам, јок, боцкам, тепам и око не ми трепнува. Арно у Индија со летви ги плескаа оние што не носат маска.
Децата на копирајтерот де, ама сте цепидлаки Само така напред, од Саудиска Арабија до Франција, сите се иста ,,демократија ,,.
Нека нема задолжителна вакцинација. Ама едноставно, ако си здрав и возрасен, и не сакаш да придонесуваш кон колективен имунитет, зошто да го уживаш бенефитот? Ако веќе не придонесуваш и сметаш дека има друг начин за излез од пандемијата, седи си на страна и чекај да заврши истата. Некои од нас сакаат да си продолжат со животот. Е сега факт системов со одбрани вакцини и исклучување прележани е без врска, ама за непрележани и здрави кои одбиваат вакцинација, не гледам зошто би правеле компромиси останатите.
Токму и мене за последните ми е муабетот. Факт е дека не можеш да ограничиш движење некому, ќе се најдат поборците за човекови права. Но, во услови на пандемија и те како може да наметнеш задолжителна вакцинација токму за оние навидум здрави, додека и тие станат нездрави, па ние веќе вакцинираните повторно да изиграваме експериментални глувци. Не две дози, не три дози, па една ваква вакцина, една таква. На крајот повторно никој нема бенефит, ако поголемиот процент ја одбива вакцината како решение за крај на пандемијата. Ако се однесуваше до мене, но бидејќи не се однесува, ќе си играме макао и бриџ по дома уште неколку години.
Не мора да е задолжителна вакцината, доволно е со закон да се донесе - Кој не е вакциниран и се зарази од ковид, и му треба болничко лекување да си плаќа приватно. Државата ти овозможила заштита, не си прифатил, нема зашто заради антиваксерски срања да товариш фонд.
Систина и Филип Втори не дека се празни со пациенти. Очигледно на некој му е полесно да дава илјадници евра, со знак прашалник за преживување, него да се вакцинира. Логика нема, ама па што има логика во мозокот на еден анти-ваксер. Се е вртење одоколу, кога веќе се има крајна цел, да се вакцинираш.
Ама нема секој пари. Ниту па тие имаат капацитети да примат многу. А не верувам дека ни една болнкца ќе стане цела Ковид болница. Не, не. На државна ќе се лечат, ама брате трас сметката па да те бидам. И готово. И тоа прво плати па влези. Аман веќе со антиваксерски срања. Вијагра од Фајзер ја голтаат појма немаат што има во неа, срцеви удари добиваат од неа, ама вакцина од иста Фирма не. Од Астра Зенека кој знае колку лекови пијат, ама вакцина не.
Смеј се. ) Ама да им речат дека во вакцина има Вијагра за цел живот да го дигне од мртвите, да видиш како ќе се редат за боцкање.
Знам... во тоа е у ствари трагедијата. Оти ку*от е побитен од личното и јавното здравје. Ајде да зборуваме за 'морални вредности'
4 недели одвај глава спасува на клиника и ми вика: Каква корона бе, гарант ми шибаа таму нешто. Кој знае во инфузиите кај матичната што имаше да завршам на клиника. Си правеа некои експерименти. И од овој очекуваш свест ?
Апсолутно си во право. Факт е дека тргната е работава да не може да се стигне вакцинација наспроти појава на нови соеви, едно зошто нема добра распределба на вакцини, друго зошто Славица чита на фб дека днкта ќе и се сменела и ќе стане марсовец. Трета доза особено од друг производител не ми ни паѓа на памет дури има голем број невакцинирани и непрележани во толкав број, зошто едноставно нема поента кога пак истиот % ќе сме или помалку вакцинирани. Пак сме на почеток. Ама иди објасни и на Славица дека вакцина и крем за сончање не е исто за да ми е гајле дали другата ставила крем за сончање или не. И иди објасни и на Славица дека аргументите за цензура, заговори, отрови, жива во вакцината и што уште не, се стари колку и постоењето на самите вакцини. Така да, да, во право си, ама тешко дека ќе играме макао сеуште. Светот не може да издржи уште затворања, и вака како што е наредниве години ќе ги осетиме сите последиците од нарушувањето во економијата. И нормално, со оглед на тоа дека живееме во капитализам, мислам дека веќе е дојден моментот каде ќе пуштат сѐ, кој ќе се зарази ќе се зарази, кој ќе умре ќе умре и ќе се продолжи понатака. Секако веројатно истиот број на луѓе би умреле подоцна од економскиот удар ако продолжи вака. Ама оди објасни и на Славица дека и од економија има последици по живот и квалитет на живот. Туку Славица ќе смисли одма нова теорија, џабе е. Џабе е стварно. Инаку има и луѓе кои се скептици, ама барем се разумни. И барем не се мешаат со народ за да се ризик. Не Славица прв антиваксер, ама во канцеларија без маска седи оти корона немало.