Не е баш така. Оти ако ти се јави несакан ефект, кој не е наведен во упатството, некого теоретски можеш да тужиш. Или ако е лекот небезбеден може да го повлечат. Моето омилено liability. Овде сите се ослободени од liability, и производител и држава. А тоа многу не е основ за градење доверба, па макар и само виртуелна да е одговорноста. Постојано се повлекуваат производи од пазар, заради ова или она, секако не во мк, ама во светот тоа е пракса. За ова се од старт оградени-обезштетување немa.
Спутникот веќе никој не ја перцепира ниту и мерат ефикасност . Само фајзерот е битна. За ефикасноста има во Израел. https://fortune.com/2021/07/23/pfizer-vaccine-infections-delta/ Ако е 39%од заразување тогаш е прашање дали ги исполнува условите за кои е добиена итната употреба на вакцината. После нивното министерство излегува дека од тешки форми има пад на 60% https://www.ynetnews.com/health_science/article/bytq34n0u На толку вакцинирани се сериозни падови во ефикасност. Вакцината е фокусирана го програмира имунитетот да реагира на изворниот сој ,затоа за овој е намалена ефикасноста. 3 и 4 доза ке бидат реалност кли апдејтирана верзија. Кај нас нема никаква стручна расправа,ниту стратегија, од една страна доктори слепци ги советуваат луѓето да примат фајзер после 2 месеци од прележување. Други после 6 месеци од прележување. Не се знае кој пие кој плаќа. Не се луѓето криви ниту прости. Можеа да направат систем каде ќе се пријават прележаните кои не биле пријавени. Така ќе имаа увид некаков. Зошто не ги интересира колку е %на прележани, непријавени?
Ако веруваш во теории на заговор не значи дека си високоинтелигентен, ниту дека си проѕрел нечии намери. Едноставно, веруваш во глупостите што ги пишуваат, оти авторите се служат со аргументи што тебе ти изгледаат логични. Секако вакцините се право на избор, не мора да се боцкаш, никој не те тера. Јас колку што знам, никој никого не натерал, сите досега вакцинирани се вакцинирале своеволно. Биди си ти невакцинирана, немаш гајле. Сите ние вакцинираните за пет години ќе изумреме, вие просветлените ќе си останете на планетава
@Annath Теорија на завера е дека си имаме работа со нова технологија никогаш претходно користена на луѓе во експериментална фаза на која уште и се следат резултати бар овие 2години најмалце и оној што се решава на овој избор иде на ризик од нус појави меѓу кои и фатален исход ? Некој не би и има право тоа е се.Висока интелегенција е неможноста ова да се скапира?
Министерството за здравство ја информира јавноста дека од понеделник граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина за Ковид 19, може да закажат вакцинирање во домашни услови. Закажувањето е преку директно јавување во здравствените домови, а истото може да го направат и директно со пријавување на пунктовите за вакцинација. Во продолжение ви ги испраќаме контактите каде може да се закаже вакцинација со домашна посета: Спојлер: Контакти Здравствен дом Берово – 077 865 827 закажување од 12 до 14 часот; Здравствен Дом Битола – 075 263 886 закажување од 17 до 18 часот; Здравствен Дом Валандово – 078 453 381 закажување од 11 до 13 часот; Здравствен Дом Вевчани – 078 436 932 закажување од 13 до 14 часот; Здравствен Дом Велес – 078 222 257 закажување од 13 до 14 часот; Здравствен Дом Виница – 078 217 007 закажување од 13 до 14 часот; Здравствен Дом Гостивар – 071 769 009 закажување од 13 до 14 часот; Здравствен Дом Делчево – 076 487 611 закажување од 13 до 14 часот; Здравствен Дом Демир Хисар – 075 662 469 закажување од 13 до 14 часот; Здравствен дом Кичево – 075 613 451 закажување од 08 до 10 часот; Здравствен дом Кратово – 078 321 038 закажување од 08 до 14 часот; Здравствен дом Крива Паланка – 076 311 120 закажување од 09 до 11 часот; Здравствен дом Крушево – 078 315 487 закажување од 12 до 13 часот; Здравствен дом Куманово – 075 239 148 закажување од 08 до 13 часот; Здравствен дом Македонски Брод – 045 274 151 закажување од 10 до 15 часот; Здравствен дом Неготино – 072 270 402 закажување од 09 до 10 часот; Здравствен дом Охрид- 071 366 564 закажување од 12 до 14 часот: Здравствен дом Пехчево – 071 229 354 закажување од 12 до 13 часот; Здравствен дом Прилеп – 078 313 625 закажување од 08 до 12 часот; Здравствен дом Пробиштип – 071 581 719 и 071 366 186 закажување од 13 до 14 часот; Здравствен дом Радовиш – 070 357 770,078 319 452 закажување од 13 до 14:30 часот; Здравствен дом Ресен – 070 290 017 закажување од 12 до 14 часот; Здравствен дом Ростуше – 078 241 071 закажување од 09 до 13 часот; Здравствен дом Скопје – 02 3134 629 закажување од 12 до 14 часот; Здравствен дом Свети Николе – 075 402 365 закажување од 13 до 14:30 часот; Здравствен дом Струга – 077 665 590 , 076 243 403 закажување од 08 до 12 часот; Здравствен дом Струмица – 034 321-380 закажување од 09 до 13 часот; Здравствен дом Тетово – 078 330 185 закажување од 08 до 15 часот; Здравствен дом Штип – 078 345 273 закажување од 08 до 15 часот; Здравствен дом Македонска Каменица – 075 228 526 закажување од 13 до 14 часот; Здравствен дом Гевгелија – 075 276 974 закажување од 10 до 12 часот; Здравствен дом Дебар – 077 978 903 закажување од 09 до 12 часот; Здравствен дом Кавадарци – 072 250 330, 076 218 169 закажување од 08 до 10 часот: Здравствен дом Кочани – 078 811 604 закажување од 13 до 14 часот.
Имаат право на избор де, никој за коса не ги влече да се вакцинираат. Ама штом избрале да бидат закана за јавното здравје, тогаш треба да се свесни дека избрале и потенцијално да не се мешаат низ народ. Правата ти завршуваат во моментот кога почнуваш да загрозуваш туѓи. Затоа и децата не смеат да се мешаат со други деца во школо додека не се вакцинираат. Многу паметни загрижениве, не се вакцинираат, ама сакаат да ги уживаат придобивките од нас ненормалните што нели не ни е гајле какви отрови примаме. Гаранција сакале? Екскјуз ми? Кој доктор на светов би ти дал 100% гаранција за што било? Па при едно земање крв постои шанса воздушно меурче да те убие, не гледам да иЗбИрАтЕ да не учествувате ни во тоа. Којзнае уште колку ќе ја влечеме пандемијата поради луѓе кои паднале на антиваксерски наратив.
И вакцините кои денес се аплицираат на деца од раѓање биле некогаш нова технологија, а со тек на времето се покажале како ефикасни. И тогаш имало луѓе како тебе кои не сакале да го прифатат напредокот и новото, разбирливо и очекувано е дека имаме страв од она што не го знаеме. И за тие вакцини имало заморчиња како што сме ние денес, луѓе кои свесно се боцкале, знаејќи дека имаат можност за фатален исход. Ама се боцкале, затоа што нема како поинаку да се утврди дали помагаат или не. Ниеден лек, ниедна вакцина, ниедно помагало не може да биде 100% испитано додека не почне да се аплицира/применува во поширока популација. Не може да има научни студии кои без експериментално испитување ќе утврдат дека нешто е безбедно. А тие експерименти е неизбежно да се применуваат врз популацијата, едноставно нема друг начин на кој поверодостојно ќе се испита ефикасноста на лек или вакцина. Ин витро и ин виво се два различни поими. Во лабораторија не може да се создадат услови за секој еден човек на планетава да се знае како би реагирал на одреден лек/вакцина, оти не е само до самиот организам, туку и до начинот на живот, околината, генетиката... многу фактори се вклучени во тоа како една вакцина, експериментална или обична ќе влијае на еден организам. Вода да се напиеш може да ти залетне и да умреш. Го знаеш тој ризик? Свесно го прифаќаш тоа и пиеш вода. И јас бев едно време зачитана во тие теории на заговор, признавам, дури почнав и да верувам во некои од нив... среќа, на време си ја чукнав главата и се свестив.
А ти прочита што напишав? Дека има луѓе кои се свесни за можноста од фатален исход, па сепак се вакцинираат, оти не гледаат само за себе, гледаат поширока слика, односно, имаат свесност за колективната одговорност. Живееме во организирани општества, каде што функционираме поврзани едни со други, имаме лични права, но не сме независни еден од друг, особено во поглед на колективното здравје.
Да и знаеш како се третирани кога ќе добијат нус појави во ова општество на алтруисти?Со цензура,неможност за споделување на својата болка како кучиња на улица најдени за да не се поруши лалаленд идилата.За ваков неблагодарен колективитет кој би да живее во фантазија не секој би да се коцка со здравје и живот,како и здравјето и животот на неговите најблиски,ќе простиш.Еве вака.
Знам. Суровата реалност е таа. И јас сакам да имам гаранција дека ниедна вакцина или лек нема да ми наштети, ама ја нема. Со страв ги боцкав децата со редовните вакцини, оти знам дека нема правила за нуспојавите. Знам дека десет лица со нуспојави се статистика за грото популација, ама не и за нивните најблиски. Јасно ми е се. Ама и болестите не бираат, знаеш. Затоа бирам јас да се вакцинирам, ако веќе некој мора да биде заморче, подобро јас, отколку моите деца. А можеби е подобро и целосно да се укинат вакцините, за да нема нуспојави од нив. Нека се укинат лековите. Нека се вратат болестите, па нека биде класичната борба за опстанок, посилните победуваат. Или кој ќе преживее, ќе раскажува.
Ама нив не ги интересират поединци, ја гледаат широката слика. Еден ко ниеден, чудо големо, а гледам дека не само "простите" во Мк, туку секаде во светот има луѓе што се противат и плашат од вакцините.
Би сакала да е вака,навистина би сакала. Но,не е. Не е повеќе право на избор, од 2 август сите што ќе аплицираат за документи и ќе прават обнова на истите мора да бидат вакцинирани, и во грото документи што ќе ги предадат треба да биде и сертификатот за вакцина. Во сите сектори. За жал. А кога ќе ми текне каков блам си направија овде… тоа е друга тема.
На мајка ми најдобра другарка пред 60 години во Русија е вакцинирана за полио заедно со цела група деца. Жената е инвалид после таа вакцина. Цела група деца после таа вакцина се со последици. Над 20 операции има во колковите и нозете направено. И замисли, се вакцинираше против ковид.
А знаеш зошто? Затоа што ако немаше вакцини, пак ќе имаше карантини и затворање, економијата не може да го издржи тоа. Како ќе функционира светот и општеството кога ќе се зголеми невработеноста и луѓето ќе немаат за леб? Ќе има војни за храна и вода, ама не, побитно е да имаме право на избор и да не се боцкаме. Арно реков, нека ги тргнат и вакцините и лековите, нека владее болеста, нека баталат се, нека нема кој да лекува, секој сам нека се бори како знае и умее. Па кој ќе преживее, ќе раскажува.
Видоа како се живее без вакцини и пак умот не им иде. Ама тоа не можеш со инка да им пикнеш во глава. Запнале отров па отров.. Ама тоа е.
Да де, ќе го повлечат и никому ништо. Лекови и после 10-15 години се повлекувани, проверуваш дали лекот е произведен од таа фабрика и без никакви промени во состав баш пред 20тина години како гаранција?
Јас се вакцинирав пред се да се заштитам, а потоа и за мерките кои ги најавуваат за забрани од есен. Да изигравам антиваксер за да завршам утре во болница ако се заразам или да не можам да појдам кај сакам и да седам дома оти не сум се вакцинирала, немам намера. Страв ми е што ќе биде понатаму и не сум баш пресреќна за вакцинирањето, ама нема друго решение освен тоа. Како сите, така и јас. Не можам веќе да читам хорор приказни за последици. Кој не сака нека не се вакцинира ама не ширете страв и паника кај луѓето. И мислам дека секој треба да има право да избере дали ќе се вакцинира или не ама па кој ме прашува мене, така да, како си наумиле така и ќе направат.
Знам зошто ама не ми се дебатира,случајно ја отворив темата и видов што си пишала. Не беше задолжителна а стана.