Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,3%
  2. Не

    365 глас(а)
    31,7%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.021
    Пол:
    Машки
    Денеска се вакцинирав со втората доза Синовак , за сега без реакции.

    Во однос на безбедноста на вакцините и согласноста.

    За секоја медицинска интервенција која се одвива во терциерно здравство (хирургија , некаква анестезија или останати медицински интервенции) се потпишува согласност. Согласноста е нормален дел , ако анестезиологот даде анестезија и некој развие некаква екстремно ретка состојба (пр. алергија или малигна хипертермија) тој не е виновен пошто не е баба Ванѓа да процени дали пациентот има некоја генетска аномалија и е склон кон некоја нус појава. Исто е и со вакцините , вакцините се безбедни но во ретки случаи има можност за некакви компликации и нормално се потпишува согланост за да се ослободи производителот од одговорност. Никој не може да ви гарантира ништо 100% , кај секој медикамент постои ризик од некаква компликација така да апсурдно е некој да бара да му гарантираат дека 100% нема ништо да му се случи , сепак вакцинацијата е личен избор. А вакцините пред да се пуштат во употреба поминуваат фази на тестирање во кои се анализира ефективноста и безбедноста. Значи сите што ќе примат вакцина треба да знаат дека таа веќе прошла низ 3 фази на тестирања , прво in vitro во епрувета , па на животни (3 вида од кои 2 мора да се цицачи) , па на помала маса од 10-20 луѓе па на поширока маса од околу илјада луѓе и на крај на маса од илјадници луѓе (50.000+) низ неколку континенти. Ниедна вакцина не е пуштена туку така па сега ќе има умирања и не знам те какви несакани ефекти. Статистички 1 на 1.000.000 може да развие средно тешка или тешка компликација од вакцината додека од КОВИД-19 1 на 1000 души. Секој треба да си го процени ризикот , своето здравје и да одлучи дали ќе се вакцинира но со ова темпо паметна идеја ќе биде да се стават рестрикции за невакцинираните (освен тие кои што се со контраиндикации и прележаните) поради тоа што не може да го загрозуваат јавното здравје и слободата на народот.
     
    На noteforself, Luminary, Celltica и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Leviosa2503

    Leviosa2503 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    До колку саат вакцинираат во А1 арена во сабота?
     
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.790
    Допаѓања:
    41.883
    Пол:
    Машки
    Во Врање од почетокот на вакцинацијата досега со првата доза вакцинирани се 12.006 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 9.392 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград.

    Како што денеска соопшти Здравствениот центар во овој град, до 23 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини кои се дадени во Спортската сала на српските граѓани, македонските и од други држави лица изнесува 76.899.

    Од нив, бројот на вакцинирани граѓани на Северна Македонија со првата доза е 12.006, додека бројот на вакцинирани граѓани на БИХ е 6 лица.

    Бројот на граѓани на Северна Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 9.392 и 7 државјани на БИХ.

    Бројот на вакцинирани граѓани на Србија со првата доза е 27.986, додека со втора доза се вакцинирани 27.385 српски државјани.

    Ако се земат предвид сите овие бројки, во Врање најчесто е аплицирана кинеската вакцина Синофарм – вкупно 49.058 пати – прва доза 24.952, а втора 24.106.

    Потоа следува Фајзер, која беше дадена во вкупно 20.653 случаи – првата доза 11.449, а втората 9.204.

    Рускиот Спутник В е даден во 6.256 дози – прва 3.149, а втора 3.107.

    Астра Зенека аплицирана е во 932 случаи – 455 + 477.

    Во петокот вакцинирани се 54 македонски државјани со првата доза и 55 лица со втората доза на вакцините на Синофарм и Фајзер.

    Тоа е повеќе во однос на граѓаните на Србија, кои примиле по 36 од првата или втора доза на вакцината.

    Според планот на Здравствениот центар во Врање, во сабота кинеската вакцина (втора доза) треба да ја примат 63 граѓани, а со втората доза на Фајзер че се ревакцинираат 129 лица. Во недела се планирани 31 втора доза на Фајзер и 71 на кинеската вакцина Синофарм.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.237
    Допаѓања:
    48.560
    Пол:
    Женски
    Што е со луѓево бре, а искочи вест дека некој умрел одма коментари дека бил вакциниран и дека од вакцината умрел, не ми се отвара фб веќе :@
     
    На noteforself, bicycle и LejlaD им се допаѓа ова.
  5. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Досега беа ама не секој умрен е умрен од корона, сега па секој умрен е умрен од вакцина, дали бил вакциниран стварно или не, небитно.
    Тие одма извадија фудбалерон од Данска дека од вакцината имал удар, а тој невакциниран. Тоа е :D Кој како му одговара така си гледа :D
     
    На noteforself, WildMk, smooch и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    9.247
    Пол:
    Женски
    Гледав сител вести.
    Жена вакцинирана со кинеската вакцина две дози добила ковид и моментално е на инфективна со едното белодробно крило скроз оштетено.
    Што е работава?
    Ковидот го добила месец дена по втора доза.
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.260
    Допаѓања:
    31.238
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека таа одредена група како што ја нарекува министерот за смрт на невакцинирани од над 1000000 ќе направи хаос со протести и блокади во случај на рестрикции. Ако нам ни е ограничено правото на слободно движење тогаш и на вакцинираните може да им биде.
    Тој што е вакциниран ич не треба да го боли дали јас ќе умрам ако фатам корона. Штом ве штити вакцината не гледам причина да дигате паники. Неможе некој од една страна да ме убедува како вакцината е право на слободен избор а од друга страна на покварен начин да се обидува да ми ја наметне со сила да ја примам со тоа што ќе ми го ограничи правото на слободно движење.
     
    На mKdevojce и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    9.247
    Пол:
    Женски
    Не може да им биде ограничено на вакцинираните и нема да им биде.
    Така е во Израел, така е во Франција.
    Во затворени простории пристап само со сертификат.
    Па сакаш вакцинирај се,сакаш не.
    Вакцината не значи дека некој нема да заболи.
    Па така да, сосема е лигитимно тоа со сертификатите.
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.854
    Пол:
    Женски
    Која е причината поради која нема да се вакцинираш?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    5.811
    Пол:
    Женски
    И јас го чув истото и не ми е сеедно. Јас го прележав во март имам антитела и ќе се вакцинирам на крај на летово, но цела сум во прашалници. Му верувам на природниот имунитет, вакцината е бустер, но што е реално доволно?
     
  11. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.260
    Допаѓања:
    31.238
    Пол:
    Женски
    Не е легитимно ништо што се прави со сила. Легитимно е и невакцинираните да протестираат, блокираат и тоа да се одрази на сите. Под затворена просторија се подразбира и работна просторија, дали тоа значи дека над 1000000 луѓе а ќе бидат толку верувај не треба да одат на работа веќе? Или ако треба службено да оди во институција нема да оди? Или пари да си подигне од книшка у банка? Или у маркет нема да смее храна да купи? Сите глупости што се прават се прават само со сила да се натера уште некој плус да се вакцинира. А на вакцинираните нема што да им фуфка ако се сигурни. Секој си знае најдобро за себе.
    Не сум одлучила дефинитивно дека нема да се вакцинирам, таа можност секако ќе биде достапна во иднина ако се решам. И да се вакцинирам не мислам дека тој што не е вакциниран треба да биде изолиран и ограничен во движењето. Нема што да се плашам во тој случај, ќе ме штити вакцината.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    @Zaljubena26
    Не може да го користете она што другите се вакцинирале за имунитет на стадо.
    Иди у планина и постави си свои правила, зошто тука сме у заедница каде што не сме самите себе секогаш у прашање туку и доброто на другите.

    Вие си знаете, ама немојте утре да кукате вака и така сме обесправени.
    И јас не сум многу за ограничување ама па не мислам само за себе туку и за доброто на други.
    Моите права па моите.
    Одете кажете им го она на тие што изгубиле некој у пандемијата или на тие што се борат по болници за својот живот.
    Со вакво понашање уште 5 години ќе сме у ова.
    И ова ни е малку.
     
    На Leat, noteforself, Luminary и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.260
    Допаѓања:
    31.238
    Пол:
    Женски
    Со едвај триесетина проценти вакцинирани е вон сите разумни граници некој да каже дека невакцинираните се одредена група ко да станува збор за 100 души па ај ќе ги затвориме оти се многу опасни. Тој што е вакциниран е заштитен и нема што мене да ми бере гајле дека ќе умрам. У земји каде многу повеќе има вакцинирано од кај нас вирусот се шири и уште ќе се шири што доволно говори за фактот дека масовната вакцинација не значи и дека вирусот веќе нема да го има. Вирус ќе има, кој е вакциниран ќе го помине лесно, тоа е и поентата. Додека сите држави се штитат и бараат на граница тестови, сертификати и што уште не кај нас лабаво се изнапика кој стигна и после невакцинираните биле страшните и ќе ве загрозеле. И кај нас не ќе беше лошо да припазат кој и од каде влегува. Битно попишувачите може да не се вакцинирани и да одат од куќа на куќа, тие неможе да загрозат никој.
     
    На san2nj-a., mKdevojce, Sarence и 2 други им се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Aма утре немој да плачеш ако си ограничена.
    Сте се фатиле за странците што влегуваат во Мкд а не и за оние што одат на одмор надвор од државава, што прават свадби и веселби со над 100 гости.
    Исто ко лани, ќе го водиме истиов муабет есента.
    Ќе ве видам тогаш.
    Сакате да се води ред кој влегува а плачете ако ви бараат тестови и сертификати и барате начин да го одминете тоа?
    Е не може така.
    Никој не сака да биде како лани, ама никој.
    Не знам како не ви е доста од карантини, лок дауни и триста заклучувања.
    Државава не може да издржи пак затварање, за економијата да не збориме.

    Ма нека ви бапнат и тест за у маркет и кафичи, ќе ве видам тогаш.
    Шо сакате правете.
     
    На noteforself, Luminary, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  15. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Кои вакцини се моментално достапни кај нас?
     
  16. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Демократија бе златна. Зошто ти или некој друг да може да идеш на работа
    невакцинирана, а они да не можат? Или демократијава само за рестрикции за кафич важи?
     
    На Glowy, Amellie13, PaLaVa и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.790
    Допаѓања:
    41.883
    Пол:
    Машки
    Фајзер и Синовак.
     
    На Glowy и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    31.488
    А зошто да не ?
    Ете во Грција се шири делта сојот зошто не му бараат тест за влез во Мк ? Пола Мк Грција ќе биди летово.
    Тоа за свадби и прослави да го прашаш Филипче и тие со него, тие дозволија свадби и прослави со 250+, дали беше, можи и да грешам.

    ЈАс не знам некој да пиши дека сака да почека за вакцина и слично одма како хиени се фрлате, кој со поголеми аргументи, бетар од светските научници, тие не знаат толку.
    Мене ми е гајле дали Стојна сакала вакцина или не. ЈАс да сум вакцинирана па ако Петко не бил, нема да спијам можи.

    Тек допрва ќе видиме на есен и в зимава шо ќе се дешава, мене тоа најмногу ме интересира.
     
    На mKdevojce и Zaljubena26 им се допаѓа ова.
  19. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.260
    Допаѓања:
    31.238
    Пол:
    Женски
    Читај што пишувам погоре. Против рестрикции сум за било кој.
    И како тоа да има рестрикции за во кафич, може келнерот нема да е вакциниран што значи дека она нема право да работи, треба да гладува?
     
  20. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Па што ти е поентата со попишувачите ако си против рестрикции?