Ама во првата група не се само Бил ГејЦ и терористот како што милуваш да го нарекуваш, туку мноогу научници други, кои знаат што работат. Еве, со тек на време јас се помалку научници и лекари сретнувам што велат дека вакцина не е потребна. Напротив, најголем дел од нив се сложни дека единствен излез од пандемијата е вакцината, колку и да не негира(ме)ш, сакале ние или не.
@Ahoy тебе ќе те прашам, затоа што гледам дека си еден од поупатените. Иако сме се скаруеле. Зошто по вакцина и ревакцинација конкретно со Фајзер, кај некој луѓе не дава никакви антитела?
Не сме скарани Вакцините главно даваат клеточен имунитет, а тој е тешко мерлив колку што знам, или воопшто не може да се мери. Не е како хуморалниот, тие IgG и IgM антитела кои ги знаеме и се лесно мерливи, вакцините не предизвикуваат таков тип на имунитет.
Да @Biljarkata за по прецизно @An-na нека каже, јас колку што скапирав терористот е некој од врвот на СЗО
@Ahoy , во што е подобра вакцината на Новавакс во споредба со Фајзер и Модерна? Зашто ефикасноста е помала, мислам 89,3% прочитав.
Вакцините може даваат и клеточен и хуморален одговор, зависно за која вакцина се работи. Посебен вид вакцини даваат клеточен одговор, а друг вид вакцини даваат хуморален одговор.
Вака говореше Ахој во декември. Немам друга работа Јуле, памтам што се зборело. Па и резонирам, ние не бевме вакцинирани против заушки, си прележавме ко деца и никому ништо. Ама други времиња беа тоа. Да знам дека не е исто, заушки и корона, ама имунитет од вакцина и природен имунитет за корона, не знам зошто би се разликувале. И не, не верувам во чипирање. Сеуште не. Тек деновиве Елон Маск спомна чипирање, а него никој не го меша во оваа приказна. Башка, сепак он најмногу се збогати во корона ерата. Абе зошто никој не го трачате Елончо?
@JuLleE па ако немаш антитела, ваљда немаш имунитет. А со вакцината ваљда имаш имунитет иако немаш антитела видливи. Така барем јас го разбрав @Ahoy
Да, ефикасноста е 89%, што е одлично. Меѓутоа, таа предизвикува посилен имун одговор, а произведува и антитела ако не се лажам, со што покажува ефикасност и во превенирање на сериозна клиничка слика, но и во намалување на трансмисијата. https://www.novavax.com/covid-19-co...3rfLRRPeF6Z7BauKvSHGbdoiA6SztTJvUDEDlLr_OwKzE Има, сепак И природното ззаболување предизвикува хуморален и клеточен имунитет. И да нема хуморален, антитела, сигурно има клеточен имунитет, затоа што Т- клетките ја памтат заразата и превенираат следна, односно веднаш ја неутрализираат болеста ако евентуално повторно дојде во контакт со личноста. Проблемот е што и таквиот, клеточен имунитет, кај некои луѓе трае само 6 месеци, па по тоа нема никаква заштита.
Иначе, конечно помина законот за лекови во Собрание, сега мислам дека може да стигнат вакцините на Фајзер, а и другите.
За Елончо знам дека има пресадено коса, сака да прави колонија на Марс, со богатство ги надмина Гејц и оној другиот, за вакцини и пандемии не се произнел. Арогантен кавгаџија, оштроумен бизнисмен, има нешто мрачно и одбивно во него. А за тема вакцини, читнав дека и Куба развива вакцини, во последна фаза на испитување им биле. Кубанците отсекогаш вложувале многу во медицина, беше очекувано од нив. Интересното е што тие ќе им бидат достапни и на туристите кои ќе ја посетуваат оваа карипска земја - кој сака може да си прими таму на лице место. Може на некој ќе му значи инфово. Сонце, плажа, коктелче и вакцинче - ол инклузив!
Еве не знам како сум ја пропуштила информацијава за Елончо и Неуралинк, ваљда дека не го можам. Ова за Куба- интересно звучи. Јес да дури стигнеш до таму ќе фатиш корона по пат, али што да не
Куба развива 2 сопствени вакцини мислам, Soberana 01 и Soberana 02. Во 2021, планираат своето население да го вакцинираат целосно со своите вакцини, а фаза 3 од клиничките тестирања планираат да спроведат во Иран. https://www.bioworld.com/articles/5...on-second-domestic-vaccine-against-sars-cov-2 https://en.wikipedia.org/wiki/FINLAY-FR-2 Soberana 02 третата фаза од тестирање ја започнува на 1. март. https://www.telesurenglish.net/news...hase-III-Trials-on-March-1-20210130-0001.html
Руската вакцина Спутник покажува одлични резултати, треба и мора да ја набават и кај нас. Денес ги соопштија податоците од третата фаза на тестирање, каде руската вакцина покажува одлични резултати: Ефикасност од 91.6%; Ефикасност од 91.8% кај лица постари од 60 години, а слична и кај оние на возраст 18-60г.; Од анализираните случаи, 98% од волонтерите развиле хуморален имунитет, а 100% од нив развиле клеточен имунитет; Антителата кои се регистрирани кај волонтерите се 1.3- 1.5 пати повисоки отколку кај оние со природно прележан Ковид; Нема особени несакани дејства, нема силни алергиски реакции. Досега е регистрирана во 16 земји, меѓу кои и Србија и Унгарија, а оваа недела со вакцинација со оваа вакцина ќе започне и Република Српска и Унгарија. Повеќе: https://sputnikvaccine.com/newsroom...ng-covid-19-is-validated-by-internationally-/
Преку COVAX механизмот, првите дози ќе стигнат во Март. Се работи за вакцината на АстраЗенека, од која за Македонија се предвидени од 103 200 до 175 000 дози, од кои околу 35% се предвидени да стигнат во Март, а останатите дози во текот на годината. https://sitel.com.mk/kovaks-sistemo...-prvata-isporaka-na-vakcini-vo-zemjava-prvata