Па нели бре сакавте нормално лето? Еве ви нормално лето. Нели сакавте да нема карантини полициски часови и слично? Еве ви. Нели квичевте за да се отворат кафичите? Ете ви. Нели ги жалевте угостителите дека од тоа леб земаат? Шо е сега? Што уште сакате? Затворете се у некоја пештера и чекајте да заврши ова. Никако да ви погоди човек. Себичнаци. Може да гладува ако има и повторно затварање, а ако продолжи вака и делта сојот биде доминантен, пак ќе има затварање. Келнерот ќе биде дома, без работа. И пак ќе гладува.
Министерството за здравство информира дека од вкупно 330.320 граѓани со примени две дози вакцини 96 биле позитивни на ковид по примена втора доза вакцина. Тоа значи дека само 0,02 % се заразиле со ковид што укажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат. Од 96 те позитивни, 56 се заразиле во период помал од 21 ден од примената втора доза вакцина. Само 13 од заразените со ковид биле хоспитализирани. Двајца од нив во моментов се на лекување и се стабилни иако еден од нив е со тешко хронично заболување. Нема ниту еден починат пациент со ковид, а кој има примено две дози вакцина.
Не се вакцинирајте, ама сносете си ги последиците и за сите оние имуно компромитирани единки кои не смеат да бидат вакцинирани и зависат од нас. И тие имаат права, знаете? Сносете си ги и последиците од мутации кои можат да бидат превенирани.
Тоа што неспособниот министер пред некој ден се закануваше дека ќе има рестрикции од септември за невакцинираните (читај некој работник ќе биде загрозен со сигурност) за кратко потоа да биде објавено ова за попишувачиве. Чисто за пример ги посочив, неможе во една ситуација невакциниран да е опасен а во некоја да не е. Не сум за таков тип на поделби, вирус може да се префати и од вакциниран.
Во која држава во ЕУ за да влезиш во продавница правиш антиген тест за ковид кој го скенираш со qr код и ти важи само 24 часа? Германија ли беше или Франција? И во Грција во клув, кино, продавници, молови само со сертификати за вакцини мислам беше.
Не е точно дека има секаде. И не треба ни да има де. Од вакциниран може да префатиш исто така. Оти тој вакциниран може има дома некој невакциниран и така...
Озбилно не знам што се објаснувате. Пошо игнорантноста е страшна работа. Со таква половична аргументација, легендата вели дека до сега никој на крај не излегол.
Батали природен имунитет нели, никаде да не можи да влезиш, значи и за брат ти важи никаде да не смее да влегува кога не е вакциниран и ако е повеќе од 6месеци прележан и за твоите, оти до септември има време. И шо скокаш тогаш толку ? Треба да ти потенцирам дека сите кај мене се вакцинирани ? И ? Треба да почеток на темава да се потенцира- Вакциниран сум/а, да пишам во темава изгледа. Не оставате луѓе да се искажат. Најди ајде каде кукам дека не можам во кафич да појдам и слично. Чекај, прашај тие шо треба или доволно знајте на форумот. Ама не не вреди да се дискуитра.
Не знам, ама во "нормални" услови смртноста кај нас е 3.5%, дерфор на 96 позитивни би имало 3-4 починати, а вака имаш нула.
Кажи ми, зошто ќе одиш во Црна Гора на одмор кај што не бараат тестови а овде зборуваш како треба да има рестрикции на граница? Сакаш тестови на граница за дојденците а не сакаш ти да вадиш? Те прашав, дај идеа да излеземе од ова, ако имаш секако. Немаш? Така и си мислев.
Хахаха сега треба и да ти прашам тебе кај ќе одам на одмор ? Од каде знаеш зошто одам на некоја дестинација ? Ако немаш некој аргумент, немој да ми вадиш мислења од други теми и кај јас ќе одам на одмор, не е твоја работа. Не ти немаш аругменти на се јас погоре шо пишав, зошто не ми одговори ? Или само за другите се работи да бидат вакцинирани ? Ти тоа треба да го кажиш оти еве имаш најмногу знаење, не мене да ме прашуваш. И мојата дискусија со тебе завршува тука, оти нема шо да се коментира туку се вртиш во круг. А и ќе ти пуштам поздрав од Црна Гора ако сакаш
Се случува и ова не е нешто за паника. Кинеските вакцини се базираат на позната технологија со инактивиран вирус кој со помош на хемикалии се инактивира за да не може да се реплицира во нашите клетки , но понекогаш ќе се погоди неколку вирусни честички да останат активни и да можат да се размножуваат. Е сега ова не е некој проблем кај човек кој имуниот систем му е солиден но доколку пациентката била со некакви имунокомпромитирачки болести голема е веројатноста дека тоа е причината за инфекција после 1 месец со кинеска вакцина. Или меѓу првата и втората доза се бутала меѓу свадби, пиела алкохол и ако се заразила по инкубацијата од две недели дури подоцна се јавиле симптомите. Вакцината не е магичен напиток па тој што ќе ја прими да мисли дека после 2-3 недели е имун и дека може "главата у дувло да ја пикне" Мислам не е моја работа да коментирам , секој знае што прави ама се знае како функционира имуниот систем и дека не се добива имунитет преку ноќ. Ваквите случаи ќе шират уште повеќе пропаганда на антиваксери ради тоа што никој не кажува од што може да се случи ова.
Германија имаше, ама имаше и бесплатни ПЦР тестови за таа намена! Во кои нормални услови? Во нормални услови кога болниците беа преполни и немаше кој кој да ги лечи пациентите и кога немаше ни тестови, па дома си врвеа без позитивен тест? Кога веќе вадат ваква статистика, нека ја објават целосно, а не само што одговара во наративот!
Te прашав дали имаш идеа како да излеземе од ова. Јас од тебе чекам, а јас имам кажано дека сметам дека од вакцинација може да излеземе од ова. Сега е твој ред.
Да, затоа нормални е во наводници. @Larson жената се заразила од колега на работа, вакциниран со Фајзер
@BloodElf знам декамим беа бесплатни. Се ми е јасно. Апропо женава која се заразила од колега со Фајзер не е точно. Се заразила од позитивна колешка од Куманово со која биле во иста канцеларија и која била позитивна и одела на работа. А колегата со Фајзер се тестирал откако женава потврдила позитивен тест. Муабетот ми е дека оние кои се со мРНА вакцина и да де позитивни можат да развијат минимални симптоми или да не ни развијат, додека овие со стандрадни развиваат симптоми ама се 100 проценти заштитени од смрт наводно.
Во врска со позитивни после вакцина, се сметаат за breakthrough случаи кои се очекувани кај секоја вакцина и се заразуваат обично до 21 ден од втората доза на вакцина. Значи тие се очекувани. Во 99% случаите се утврдени при рутинска контрола, тест пред да се направи одредена интервенција или доколку се обавестени дека некој околу нив со кој биле во контакт е позитивен. За повеќе инфо околу ова зашто немам намера да пишувам реферати изгуглајте Covid vaccines breakthrough cases. Народот не е свесен дека после секоја вакцина во период од 3 недели значи почнувајки од пра доза 6 недели имунитет му е намален, организмот се бори и не смее да се изложува. Ама не. Кај нас се боцка во 1 во 2 прогласува короната за умрено и оди без маска, се пика секаде и се заразува. Мене ме плаши мноу есенва, и зимава кога ќе се размешат симптоми на грип и корона.. И нема да знаеме што е како е.
Ама е вакциниран/а со Фајзер. И тоа на волку малку случаи, со Фајзер има заразување, а наводно баш мРна имаа висока ефикасност и од заразување.