И таа била со Фајзер ? Јас не разбрав така. Само дека била позитивна. За таа од Куманово. Не за оваа од Велес. Значи имаме 3 колеги 1 од куманово позитивна заразува двајца од Велес. Една со кинеска која е на Инфективна и еден со Фајзер кој не е на болница не се знае како е. Дали во случајов нултата од Куманово била и со која вакцинирана?
Шо бараат 13 вакцинирани да бидат хоспитализирани, ако имаат лесна слика? Или јас нешто не разбрав? https://telma.com.mk/2021/07/24/стевановиќ-заболените-вакцинирани-б/
Кај пишува дека е со кинеската? Мене ме загрижува неефикасноста на Фајзер оти имаше голема заштита и од зараза, а ете и симптоми пројавил оти температура е симптом.
Така кажа матичната дека и таа и сопругот биле со кинеската. Слушни ја жената. „Се најде податок дека дишењето на левото белодробие е изгубено. Вклучивме терапија и веднаш дадовме тестирање и излезе корона позитивна. Пациентката е вакцинира со втора доза на кинеската вакцина пред месец и половина. И јас и пациентката бевме изненадени бидејќи месец и половина е доволен период да се создадат антитела, но пациентката беше со потешки симптоми и е задржана на Инфективното одделение во Велес“, вели Лилјана Чолакова Дервишова, матичен лекар
А добро, стварно се прашувам матичнава стварно ли толку била преизненадена после сѐ што се случува во светот и не ѝ текнало да ја прати на тест?
Прво се наоѓаме во пандемија, и секогаш се исклучува тоа. После се лечи. А не она ја лечела од настинка дека пациентката така и рекла дека е настината. Е после кога се симнало на плуќа, оп троп и тркнало дека имала контакт со позитивен. И отпосле е тестирана.
Јасно. Ама не може да одам на лекар и да си дадам сама дијагноза и матичниот од око да се согласи и само да ми препише така само антибиотици. Со која сака вакцина нека е, симптомите гледаш дека се тие, гледаш дека се влошува, знаеш дека постои намалена ефикасност на вакцините на новиот сој, гледаш дека растат бројки во државата, па како не ти текнува бе, сериозно? И пациентиве што кријат податоци не ги сфаќам, ама и матичнава што си лечела така, без тест, па и без брис нека е за бактерија или снимка не ја сфаќам. Болка во гради е сериозен симптом и не смееш така да си нагаѓаш.
@Celltica сега на есен и зима кога ќе се измешаат инфлуенса, ковид.. И знаеш колку матични ќе одат на тоа Имаш 2 дози ништо не ти е...
Изгледа со овој проблем ќе се соочуваме есенва. Луѓето кои се вакцинирани ќе мислат дека не е корона,пошто вакцинирани,а и матичните исто така Ко да не гледаат што се случува низ светот меѓу највакцинираните држави. Место преуранети статистики да избацуваат нашиве не е лошо да кажат дека вакцинирани можат и да се разболат и да пренесат и тешка слика да развијат. Реалноста, да одат луѓе на доктор место да седат дома.
Апсолутно се согласувам. А со женава од Велес толкава помпа направија.. Слушајте ја дир на инфективна жената имала хронична кардиомиопатија (воспалување на срцев мускул) .. Женава како таква е високо ризична за ковид..
Чолакова е од докторите кои не веруваат во ковид и постоењето на коронавирусот, туку тврди дека се работи за труење. Инаку @JuLleE ниедна вакцина, па ни Фајзер не штити од заразување. Вакцинираните пак треба да носат маски во затворен простор и да се чуваат исто ко да не се вакцинирани. Пандемијата е далеку од завршена.
Во ваква ситуација кога болниците не се преполнети и има капацитет, хоспитализираат и полесни случаи кои имаат сериозни хронични заболувања или се постари. @nena2010 линков вика дека и колешката била со Фајзер Ама на крај краева, и не е толку битно дали и со која вакцина се заразиле, битен е исходот. Кај случајов со хоспитализираната пациентка гледаме и од старт лош/ погрешен третман од страна на матичниот лекар што веројатно довело до таква ситуација, но се надевам дека вакцината сепак ќе си го одработи своето и пациентката ќе преживее
Сериозно и после година и пол не верува во корона??? Матичен доктор? Доктор??? @Ahoy без разлика не е битно. Луѓето се опуштија прерано! Бар што се однесува за работни места. Маски не се носат во затворено.
Сосема е така. Треба некој стварно да му објасни на народов што значи вакцина. Оти мислам дека на луѓево им е сфатено дека вакцината прави невидливо стаклено ѕвоно околу себе и непробоен си. И пак ќе донесе заклучок некој ама Синофарм е полоша од Астра, ама тој во Англија одма го тестирале и добил некаква нега, а тој од Синофарм во Македонија со чајче го лечеле и болеста се развила. Женава ако добро разбрав веќе некое време ја лечеле.
Не може бе во ек на пандемија да се лечи со чајче. Мислам дека треба едно добро проветрување кај матичниве доктори. Лично ако сакаш верувај и во вонземјани, како доктор ќе следиш протокол. Па мајка му стара ние како лаици, не медицински лица знаеме во време на пандемија прво исклучи/потврди вирус, па после лечи.
Знам Ана, но некако многу брзо и на мал број заболени, има и вакцинирани позитивни. А реинфекции имаа многу малку. Ретко е дури.
Почнувам да се прашувам дали е стварно тој бројот или само посериозните ги слушаме кои виделе дека не оди и се упатиле на лекар. Ако се сите вака како женава, може и да е дека имало и такви што имале минимални симптоми на настинка и не ни помислиле на корона?