Малку се реално, сега за сега. И лани беше лето и сред истото имавме избори, па имавме до тогаш највисоки бројки и беше хорор од тогашна перспектива.
Точно. Лани имавме ова време троцифрени бројки, а исто беа избори и не ги намалија иако муабетевме за тоа дека ќе ги намалат за избори
Не знам зошто сте изненадени дека вакцинирани се заразиле, па самите производители кажуваат дека вакцините не штитат 100%
И кај нас во италија од 6 август ќе има строги рестрикции кај невакцинираните, од септември веќе уште построги, прашање на време е кога и на работа нема да те пуштат да влезеш, се зборува и тоа, да. Јавен превоз, ресторанти, барови, базени, кина, сали, спектакли, концерти, и во кладиници и коцкални, во молови. Иначе зошто во македонија се дава едно богатство за тестови при патување? Кај нас 12 евра брз тест, за малолетни гратис. Искрено ме чуди, као македонија посиромашна земја али ипак огин скапо? Братучетката си замина во америка, прележана женава и бакцинирана со сертификати со све на крај пак е маил за брз тест во авион и при влез ненормална работа.
Ќе има вакцинирани позитивни, се додека бројот на невакцинирани е поголем од бројот на вакцинираните.
Точно, не за џабе велиме и велат “стадо на имунитет” треба прво да го изградиме. Како претходно и со сите други болести што биле а веќе се искоренети. Еден имфектолог што цел живот учи за вакцини и за болести/ вируси животот го дал за тоа не е рилевантен, рилеванти се гугл стручњаците со средно.
Чекај ќе видиме што ќе се деси. Вчера невакцинираните имаа протест, што е најстрашно на протестот беа и деца. Во меѓувреме читам статус од очајна жена каде бара антибиотик за близок пријател заболен од корона. Човекот седел сам во станот, бил во амбуланта таму му дале само Витамин Д и го вратиле назад. Избезумени не знаат што да прават и како да му помогнат,мислеле антибиотик е решение,ама само си мислеле. Цел ден вртеле по болници никој не дигал на телефон. И уште ќе рипаат по групите антиваксериве како тоа е заразно,како сме чипувани а овие што умреа се превртуваат во гроб. Ме живцира и народов место да излеземе сите заштитени тие избираат да сме поделени на пола.
Мојата мајка имаше страшен облик на корона, еден месец не стана од кревет, се бореше за живот, а темп 40 не спаѓаше 2 ипол недели со ништо, потоа страшни димери, на крај сега напушти од работа бидејки тешко се движи брзо се заморува, и се верти, на жешково башка не може да фунционира никако освен дома. Претходно работеше 6 години и немаше мака, денес е катастрофа. Тешки последици влече со месеци и седи дома, да, иако не сака ама другчие не бива. Оди прашај ја неа дали не е за вакцина, иако од секогаш е поборник за вакцина. Татко ми, не веруваше, кога беше болна ми ѕвони и плаче, вели нема спас, не ка бива. Хорор доѓивеавме 1 месец со нејзе. Денес седтрами се боцкаше единствена во нашиот град, ја избегаваат дека вакцинирана, 17 год е. Само она се вакцинираше, накриво ја гледаат, имам роднини на фб што споделуваат неуред статуси, глупи па и смешно трагични, се мислам ќе ме избегаваат истите во мк дека “чипирана”. Што да кажам повеќе, глупо е да се објаснуваме при толку вирусолози, инфектолози, статистики, реални слики… глупо е. многу е лошо кога човек искуси во блиска фамилија, сега се дува и на јогурт кај нас во фамилија.
Последно читав статистика дека само 0,02% од вакцинираните (целосно , со две дози) се заразиле со Ковид. Реално овој процент е многу мал и уште еден доказ дека само со вакцина може да се стави крај на чудово. Плус треба да се земе во предвид колку време после вакцина дошло до зараза, колку што знам на повеќето вакцини им треба време да создадат имунитет. Анти-ваксери не сте фер. Околу нус појавите на вакцините, како ќе сме сигурни дека после 5 години тоа е реакција на вакцината, а не на секОјдневно клукање со аналгетици, антидепресиви.. па и витамини, онака на своја рака дозирање. Не може сите да разбираме се и да сме експерти за се. Кога пошироката докторска фела ја одобрува, ја примила вакцината не гледам зошто би се противеле лаиците, само зошто на интернет има премногу информации и секој може се да напише и прочита и толкува како што му одговара. Јас веќе не би затварала држава и економија при достапни вакцини. Едина рестрикцика би вовела само за невакцинирани, па нека биде кршење на права и устав. Не може личното да биде пред колективното и точка.
Ништо повеќе да не те чуди за овде,цена на тестови висока беше и е,за тоа со вакцините пак ич.Детево мое во првите се вакцинира(18 г),во очи ми велат кај ми бил паметот за 5 год ќе го немалои што уште не,патем и ние сме вакцинирани и за нас истото важело...
Леле колку се прости луѓево За 5 години ќе ги немало, џизс Милијарда вакцинирани досега, напредните земји складираат огромни резерви вакцини, сиромашните немаат вакцини. Да сакаа да умре популација од вакцините, прво на сиромашните ќе ја дадеа
Е па тоа било,спомнуваат случаи од срцев удар што умреле,да не спомнувам кој,пресно е,последица од вакцини тоа било,а и така ќе било допрва.Се баба Ванѓи и експерти,небаре некој знае кој до кога ќе живее.Совет ми дадоа барем другото дете да не се боцка...ај да не се нервирам оти не убаво е....
Мене ме интересира зошто баш 5 години Замислете, значи за 5 години само Африка и дел од Азија ќе остане на планетава И Босна
Е ај де де.Еве како помлад и пообразован од мене имаш некое објаснување?Лично јас не им се мешам во штипки,не ги осудувам доколку не сакаат да се вакцинираат.Имам разбирање,пред се за тоа што сум поминала низ живот(вакцини на дете кое не смее да прима било каква,ми го вакцинираа без да го кажат претходново),патем другиве деца редовно се вакцинирани.Во оваа беља одлучивме да се боцниме,па капак црниве сценарија...Но на земјава никој вечни не сме,па ни јас,арно ама никој не знае кој до кога и колку....
Немам Лејла и не можам да имам, затоа што тврдењето само по себе е глупо и нема логика. Сигурно дека после примање на вакцината ќе има смртни случаи, и по месец, два, шест, година дена, пет, десет, но тие смртни случаи 99.9% нема да бидат поврзани со вакцината. Еве мене може на пат до вакцина да ме удри кола, може и на враќање. Сигурно ако ме удри на враќање не ја привлекла вакцината, туку "така било пишано"
Е тоа го велам,од кај да знам утре што и како,ама се да препишуваме на вакцина ми е....Ако ме фркни срчка од живота ми пре ќе да е...
Кога сме кај теории и забегани умови. @LejlaD вујко ми 7 дена после спутник почина. Сите од фамилија сме вакцинирани. Ако некој треба да плука против вакцини и да се плаши тоа сме ние. Ама ете, кој фајзер, кој синофарм, кој синовак, кој Астра сите сме вакцинирани. Ни момент не се размислуваше. А овие со 5 години.. Оф мајко моја глупоќа!!
Женски, мм се вакцинираше на 02.07 со синовак во друг град, ревакцина му е на 29. 07, тоа е 27 дена, дали може да оди порано, на 27.07 пример? И дали мора во истиот град кај шо беше првата вакцина?