Дали ќе ме примат ако за втора доза одам на различен пункт од тој каде што сум била за првата доза? Двете во ист град (Скопје).
Јас вчера појдов во 9 утрото и веќе имаше многу гужва. Од доаѓање до чекање ред, боцкање, седење и заминување 2ипол саати поминаа. Претпоставувам вака е ради тоа што без термин направија да можиш да се вакцинираш. Ова за во Прилеп, ама претпоставувам секаде во мкд истото е.
Кога сме на темата д димери. Ако испитувате, пазете каде испитувате. Мајка ми заради грешни резултати ја исклукаа со терапија и клексани, за на крај да и се спуштија д димерите под граница. Или правете на државно или дирктно во централат на лабораторијата каде нема транспорт на примерокот и веднаш се прави обработка.
Јас не сум антиваксер но вакцина за корона ќе примам дури кога ќе се потврди дека штити барем 80% од вирусот. Вака со ризик 50% да заболиш од корона каде веќе меѓу хоспитализирани се и вакцинирани лица и 50% ризик каде не се знаат уште нус појави како што допрва се јавуваат кај вакцинирани со Модерна. Не фала, ќе си правам ПЦР тест и е мое човеково право е да си одлучам дали ќе се вакцинирам, а сите што разубедувате тука мора да се вакцинираат зошто ограничени ќе биле кога станува збор за патување, посетување јавни места итд. па и вие вакцинираните сте ограничени сега кога ставаат карантин, полициски час или кога е во прашање носење маска на јавни места. Никој не ве прашува вакциниран ли си и не ви кажува дека за вас важат други правила.
За која вакцина имаш прочитано, недочитано? Карантин и полициски час нема, како тоа некој е ограничен моментално? За понатака, ќе видиме, па ќе шпекулираме. Скенираат кодови, конкретно во Грција ако сакаш да седнеш во кафич или да одиш во дискотека. Никој не ти брани да правиш PCR тест на секое, чим имаш пари за фрлање.
Уште нема ама како е појдена работава од октомври сигурно ќе има мерки. А за ПЦР боље ќе давам пари, немам 9 животи и овој еден да го ризикувам за фармацевски цели. А нели е пандемија се штитите од вирусот, што мајка барате у дискотека да одите.
Па повторно си прочитала, недочитала. Ако има мерки, ќе важат за невакцинирано население. Како тоа мене ме тангира, како вакцинирана? Како го ризикуваш животот не си ми јасна? Моментално ти пишувам, значи жива сум. За жал, не би можела јас, ниту пак научник да гарантира дали твојот организам ќе биде способен да се одбрани, доколку се заразиш. Се плашиш од вакцината, а не вирусот. Кинеските се составени од инактивиран вирус. Што значи, ти се плашиш од инактивиран вирус, а не од активен. Логиката е еднаква на решавање сложена математика.
Лековите, не велиш пилешкото што го јадеме е цело со хормони, овошје зеленчук се е ГМО, водата е хлорирана не се пие..
Пишав сега за сега не се вскцинирам зашто вакцината уште е на тестирање, можеби у иднина ќе се вакцинирам. Само сум си претпазлива со лек кој толку брзо се пушти у јавност, а години и години назад луѓе умираат од тумор и уште лек нема. А за вода со хлор и пилешко со ГМО па одамна се јаде, ама никој не ти наметнува дека мора да јадеш и пиеш, имаш избор, за разлика од вакцината која ни ја наметнуваат. Дај не полнете глави на луѓето добри биле живот спасува вакцината, кога ќе се докаже дека оваа теза е точна тогаш ок, ама у момент ситуацијата во светот друго кажува.
Не е лек, туку вакцина. Вакцината служи за превенирање, лекот за санирање. Тумор и вирус се различни поими. Не знам како вакцина би превенирала развој на тумор. Конкретен лек сеуште не пронајден ни за корона. Технологијата на добивање на одредени вакцини е позната со години, не е од вчера. Не си антиваксер, ама...размислувањето и аргументите не се нешто подобри.
Како што ти го кажа твоето мислење така и јас моето во врска со оваа вакцина. Разликата е у тоа што јас не убедувам никого да не се вакцинира или вакцинира, го кажав лично својот став во врска со вакцината. А вие експертите сакате со сила да ја величите ковид вакцината.
Мене денес ме вратија затоа што сум дошла еден ден порано од терминот што ми е за втора доза, дури и почна да ми црека.. Така да не верувам дека ќе ти дозволат и на тебе такво нешто..