Па да, можеш да отидеш покасно, ама не и порано од терминот за втора доза. @Leviosa2503 Со картичката за примена прва доза би требало да те примат.
Што кажува? Баш ме интересира. Илјада пати е кажано дека можеш повторно да се заразиш, но да го поминеш полесно а со тоа да се исклучи хоспитализација и смрт. Докторите и научниците у гз да си пикнат дипломи, колку експерти соберени на едно форумче, мх мх мераци. Ипак, ти избираш секако.
Со синофарм, вакцина која и треба минимум 9 недели да развие имунитет од прва доза, плус со бубрежно заболување, кардиомиопатија и други комоликации.
За да биде интересно- оди докажи дека не си вакциниран https://m.facebook.com/basilicoshb/posts/4197035290332561
Оф топик, може, ако причинителот е вирусен, пример ХПВ. За тоа има доброволна вакцина, ама со оглед дека кога се воведуваше веќе бев над возраста над која се даваше, никогаш не сум видела што како е вакцината. Само знам дека наиде на голема скепса и не сум слушнала дали има интерес, a и воопшто каква е вакцината. Знам само дека нема ефект над одредена возраст. Инаку ако веќе го следиме патот на парите, пред да споредиме малигни заболувања и вирус, размислете зошто нема лек за некои болести и зошто медицината нема никаков напредок во хроничните болести.
Некои од нив дебело се платени да шират дезинфирмации за вакцините. А некои го почитуваат мислењето на своите колеги и немаат изградено свое мислење. Додека има и дел од нив ќе ти кажат да примај на свој ризик, твој избор, додека од сите страни те тераат у ќош и тогаш немаш избор. Засега сум реалист во врска со оваа вакцина, а кога ќе се открие позадината на вирусот и вакцината тогаш можеби ќе сменам мислење. Секако секој има право да одлучи дали ќе ја прими вакцината.
Тргна со ова 5 години Го имаш, не можеш да го немаш. Има гужва, не премногу, ама има. Немаме, треба да стигнат 20000 некогаш BioNTech работат Тоа што имала кардиомиопатија е доволно Задолжителна е кај нас, до 26 години максимум може да се прими, три дози е. Секепса имаше исто дека неистражена и дека ХПВ има 170 видови, а вакцината штити само од неколку меѓу кои тип 16 и 18 кои се најризични за канцер.
Кратко, но интересно видео за историјата, развојот на вакцините и како се истребени smallpox, една од најсмртоносните болести (околу 30% смртност). Видеото го покажува еден од најголемите успеси и достигнувања на човештвото, иако тогаш, своевремено, не прифаќано од општеството, исто како сега
Споредбата со вакцината за Ковид е мешање баби и жаби. Плус Ковид има мноооогу помала смртност а со тоа и questionable потреба за масовна вакцинација. Зарем и тогаш се вакцинирало 90% од светското население со се' стари, млади, болни и здрави во пакет?
pa pisuva "Починатиот од Тетово, втората доза ја примил на 7 јуни, што значи дека поминале осум недели од примена втора доза." od 2-ra doza 8 ..znaci nad 11 nedeli od prvata, bi trebalo da ima pa neli za toa bea vakcinite da zastitat onie koi se vo rizik ili veke ne vazi ?
Малата смртност за тебе, многумина ги остави без родители, без баби и дедовци, без сестри и браќа, без најблиски пријатели, без родени деца. Не знам како гледаш ти на ова, ама мене оние 5000 починати не ми се само бројка, туку трагедија. Можеби затоа што лично знам како страдаа(т) семејствата на починатите од пази, *questionable" смртноста. Ако го гледаше видеото, а верувам дека не го стори тоа, ќе видеше дека првиот третман (и чекор кон вакцина) кон smallpox, вариолацијата, ја редуцирала смртноста од 30% на 3%, но дури и тогаш, пред многу години, тоа им било голема смртност, па пронашле и уште поефективен третман- вакцинација, кој ја редуцирал смртноста на речиси 0%. И да, сите ги вакцинирале. Дури и меѓу првите "експериментални глувчиња" за нешто до тогаш скроз непознато, вакцина, било дете од 8 години!
i pak sega imal seriozni bolesti? pa neli vakcinite bea za da zastitat najranlivite? ili veke ne vazi ona 'stitat od teski oblici i smrt" ako e taka onie so bolestii isto im e i so vakcina i bez
Со хипертензија, кардиомиопатија и бубрежна инсуфицијенција, би отишол и без ковид, само не би било објавено по сите медиуми како ударна вест. Инаку сите оние што примиле вакцина, може да ги згази автомобил на пешачки. Не значи дека нема поента вакцинирањето. П.С. И, чисто информативно, барањето совршени решенија е одделување од живеење во реалноста... https://en.wikipedia.org/wiki/Nirvana_fallacy
Постарите побавно развиваат имунитет, а и еден дел од нив може и да не развијат имунитет. 11 недели има од прва доза до смртта, но не знаеме кога пациентот бил изложен на вирусот и кога биле првите симптоми, сигурно не вчера. Како и да е, со појавата на нови варијанти, за жал нормално е да има и вакви случаи. Ретко која вакцина работи 100%. И Варичела вакцината ги намалила смртните случаи за 85% мислам беше, па сепак го решила проблемот тогаш.