Да, тие се очекуваат месецов. Не е со најмала, но не е ни најдобра. 70% мислам дека и беше ефикасноста, што е ок. Околу Спутник, се надевам но не верувам. Не знам дали може ние некако да влијаеме, пример преку петиција со онлајн потписи. Можеби звучи глупо, но навистина вакцината е предобра.
Би примила која било, сепак е подобро од никаква. Ама вака како што читам најдобри ми се спутник и синофарм.
Можеби треба народов да направиме да реагираме да се донесе Спутник. Здравјето е наше,парите се наши не се на државата. Заради политика, ние ќе играме играчки.
Се повеќе одат во Србија да се вакцинираат. Ти треба само да имаш српски мобилен број и толку. Додека ние чекаме од нашиве народов ќе си оди и ќе си се вакцинира во Србија. Брука!! Како можеа да дозволат да дојде до ова.
А што е со Спутник, зошто ја фаворизирате во однос на другиве? На кратко ако не ти е проблем, не сум упатена, немам баш читано околу вакциниве.
Јас пробав на сајтот, само немав тел број. Има опција за државјани на рс, има за странски државјни кои живеат во рс и странски државјани кои не живеат во рс. Си бираш и кај сакаш, во кој град да ја примиш. Луѓе веќе одат. https://a1on.mk/region1/masovno-pri...te-za-vakciniranje-vo-srbija-protiv-kovid-19/
Покажа одлични резултати во фаза 3 од тестирањето: Колку што сум запознаен, оваа е меѓу ретките кои стимулираат и хуморален имунитет, а тоа би требало да значи и намалување на трансмисијата. Понатаму, таа направена на веќе позната платформа, потрадиционална, а гледам дека и поефикасни се во производство.
И јас вчера разгледував, бев изненаден кога ја видов опцијата "страни држављани без боравком у Србији" и размислував да пратам мејл за по сигурно. Имаа вчера од Сител екипа во Србија, докторката таму вели дека мора да имаш државјанство за вакцинација таму, а сајтот поинаку.
За оваа и јас би размислила, иако се уште генерално сметам дека е прерано за вакцини, само едно ме мачи: Колку се сигурни информациите кои Русите ги пласираат т.е дали резултатите се сигурни? Знам, можеби се работи само за мои предрасуди кон Русите, ама сепак...
И јас имав на почетокот предрасуди, иако повозрасните генерации од почетокот највеќе им веруваа на Русите. Мислам дека е веродостојно, објавено е на официјалниот сајт на вакцината, а ако не се лажам имаат и аплицирано за одобрување од страна на СЗО, ЕМА и сл. Имаше на темава споделено и сведоштво на волонтер која ја примила Спутник, конктерно Дојче Веле пренесуваше ако те интересира.
И Меркелица размислува за Спутник- која дошла, добродошла https://www.dw.com/en/angela-merkel-says-every-vaccine-is-welcome-after-sputnik-v-results/a-56432676 Сега, да имаме предвид дека Меркелица е од DDR...и то...
И јас истото го размислував... Сериозно, има ли некој начин ние да влијаеме како народ? Мислам дека ако дојде вакцината на Спутник и заинтересираноста за вакцинација би се зголемила, особено кај повозрасната популација, од 40/50 години па нагоре. Еве @Biljarkata како блиска до ЕУ вика и Меркел се заинтересира за Рашн ваксин, тогаш зошто ние не би?
Angela Merkel speaks Russian. Vladimir Putin speaks German. I wonder which language they speak when they are talking to each other.