Размисли зошто сите кардиолози прво прашуваат за историја на болести во семејството. Најголем процент е генетика. Нема бегање.
Проблемот е што не си само ти битна. Секој поединец е. Прво од кај ти се бројкиве, а второ и да е така што е со тие останати 4 милиони? Знаеш со какви сериозни последици се соочуваат некои прележани? И за крај, не знам како може некој да даде ваков коментар и покрај сознанието за доста смртни случаи. Па ете чисто ако те интересира, една од причините може да биде Ковид, т.е. тешка клиничка слика, до која може да се дојде поради претходно невакцинирање.
Имаа држави со процент на вакцинација доволен за имунитет на стадо па пак нема ефект, пак пламти вирусот.
"The overall vaccine effectiveness against transmission was 88.5%." https://www.medrxiv.org/content/10.1101/2021.07.13.21260393v1
Колкав процент се од Ковидов кој е присутен две години? Ако јас се вакцинирам ќе спречам ти да ги добиеш тие последици од Ковид?
Можеби нема да спречиш јас да ги имам, ама со самото тоа што се помали шансите да се заразиш, ќе спречиш да ги има барем некој од твоите блиски.
Да треба,но го демантира ситуацијата во многу држави со доволно вакцинирани над 80% имаат рапидни бројки на заразени од базенот на вакцинирани. И дека вакцините не штитат 100% од смрт и тешки симптоми како што требаше и дека ефектот е доста намален. Од заразување воопшто,а и трансмисија исто така. Така луѓето нема да се изненадени/ изневерени кога ќе почине или ќе биде хоспитализиран човек вакциниран со две дози. Ќе внимаваат повеќе и ќе си носат маски и вакцинирани во затворен простор бидејки,не носат. Заштитени биле. Тоа секој доблесен доктор треба да го каже ако сака да си го заштити пациентот.
da ama sega imame malku zarazeni (opsto) zatoa i pisav gruba brojka i uste podobro da e taka,neznam kolku aktivni ima sga no veke nekolku meseci imame malku mrtvi (za sreka) a dokolku i e nevakcinirani zarazenite a nemame mrtvi ili mnogu malku, toa bi znacelo virusot oslabnal ili ne? od kaj znam
Со 3.5% смртност во Македонија, на 100 вакцинирани заразени би имала 3.5 починати, а сега имаме 1, со многу сериозни коморбидитети.
А уствари секој би инфицирал процент од оние со кои би бил во контакт. Нема контакт, нема трансмисија Ај сега, озбилно- све е во моментов хипотетички. Хипотетички, ако стар чоек, со придружни болести, се зарази, може да почине. Може и да преживее, не дека не се десило. Може и да почине после вакцина, и ќе речат, абе стар беше, имаше пропратни состојби. Може и да се вакцинира и да не развие имунитет, и пак муабетот, абе стари луѓе, немаат соодветен имунитетен одговор ( да, знаеме дека е така). И пак може да фати ковид и да преживее. Во принцип сите сценарија се можни. Е сега, доброто сценарио- во моментов, преку 80% од случаите во мое село се делта варијанта. Нема пик на заразени, нема пик на хоспитализирани, ситуацијата е мирна. Дај бе олабавете малку, нема апокалипса на повидок. Да си помисли човек за процент работите, кој за вакцина плус, кој за вакцина минус.
tolku bese da sega e namaleno, bar taka mislam, retko nekoj pocinat poslednite mesci zatoa pisav moze virusot oslabnal realno neznam,
Јас Љабав сум Биљарке, да не бев немаше одмори да терам ... ама кажи колку с(т)е вакцинирани во твое село
Дај боже да ослабнал. Веќе некој период имаме по 0 мртви. Освен последните 2 3 дена. Туку мене ме плаши тоа што пак се покачува бројот на дневни случаи. Баш на твитер, вработена во болница пишала после 15 Август биче жустро. Кој одел на одмор до тогаш одел, кој не, догодина.
neznam, taka pisav po brojkite sto kazuvaat sekoj den i jas bi rado da e taka , site bi, aj ke vidime po15 avgust ko sto velis realno neznam
Плус минус триипол... во рамки на просекот на ЕУ (реално појма немам). Знам дека нешто мал процент над 60 се нема вакцинирано, е сега и тој мал процент се стотици иљади луѓе. Па дури и некои над 80, нивно право де. И сега иде кампања, стотици иљади луѓе може да завршат во болница оваа есен. Мислам у реду Абе лето е, ако не сте приметиле... А може сите се по одмор у грчка (стотици иљади пензионери, се журкаат на Миконос) затоа таму расте, а кај нас мирно... Сепак мислам слабее, а и летото си има врска.
Во Исланд продолжува трендот и бројот на заразени. и покрај што се 90% вакцинирани. Од заразените 75%се вакцинирани. Поради тоа најави од нивниот стожер дека најверојатно ќе воведат мерки и социјална дистанца кои ќе траат неколку години( не се нормални ниту има логично објаснување зошто) Во Холандија на техно журка во Утрехт,влез само за вакцинирани, заболени 1000 лица. И новости од Америка,објавено во Вашингтон пост. Што ќе биде на есен ,ќе видиме.